Snowhite RR -> RE: Упис во основно училиште (11.6.2015 12:28:51)
|
Да си пишам во темава. Значи пред 2 недели се запишавме на училиште и ние. Морам да кажам дека тестирањето траеше доста долго и имаше доста испрашување затоа што е роден 2010, односно во друга календарска година од децата кои треба да се запишуваат оваа година. Михаил ги знаеше сите прашања, педагогот беше пријатно изненадена и задоволна, рече детево е „бисерче“, знае се и ни даде препорака ако сме решени од септември да тргне во училиште. Навистина е мал и можев да почекам, и многу луѓе сакаа да ме премислат, ама за мојата одлука имав неколку причини. Прво одев од тоа дека навистина има желба да учи, има интелегенција, а јас колку што до сега сум читала, интелегенцијата не е наследна туку истата се поттикнува и колку на помала возраст ги поттикнуваме децата, одосно им ја поттикнувам интелегеницијата толку ќе бидат поинтелегентни и попаметни и полесно ќе им биде понатаму. Истото и со педагогот го зборувавме и ми го потврди тоа. Исто така ми влијаеше и квалитетот на учителките кои треба оваа година да земат првачина, затоа што најважна е основата, односно почетокот на школувањето. потоа негови врсници кои треба да се запишат оваа година, а кои и јас ги познавам, т.е. нивните мајки, за да можеме да се консултираме, значи имав повеќе за оваа година пријателки, отколку за наредната Па сега со среќа првачина[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
|
|
|
|