Студенски денови (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mis. -> Студенски денови (21.10.2009 0:11:20)

Еве малку да позборуваме за еден убав дел од животот на сите оние кои се решиле да го продолжат школувањето-за студенските денови.Како поминаа вашите студенски денови?На што најмногу ќе се сеќавате?Имаме доста и членови кои потекнуваат од внатрешноста на Мк па каков беше нивниот престој во друг град?Нивниот смештај,за студенските домови,мензи и стандарди?




nadica -> RE: Студенски денови (21.10.2009 1:51:29)

е тука можам да пишувам со денови и за предности кои ги нуди студентскиот живот но и мизеријата која ја нудат условите во студентските домови

сега толку но ќе продолжам кога нема да се брзам




mother 29 -> RE: Студенски денови (21.10.2009 9:44:20)

јас студирав охрид,царина..заедно со мм,тогаш тргнавме(иако сме од ист град)..и не беше мизерно,таму не е како ск.домот е ево депандансот на хотел палас..убаво ни беше..2 год .седевме во стан во чаршијата,цимери..после во домот..ама не бевме цимери.....имам  колку убави толку и неубави(уааа за митото кај професорите на царина!) спомени од таму




Natasha5 -> RE: Студенски денови (21.10.2009 15:16:24)

ех студенски денови,студирав во Скопје.Ке ги паметам цел живот ,да можам да го вратам времето само малце да се потсетам.Има многу да се пишува.....




mami -> RE: Студенски денови (21.10.2009 20:57:33)

ах колку ми беше убаво..си сретнав пријатели за цел живот, мнооогу убави спомени, заедничко учење, излегување...некогаш ми се плаче и ми се враќа назад на факултет..




Aleksandra -> RE: Студенски денови (25.10.2009 16:16:00)

Mnogu ubavi denovi, idevme na predavanja, pievme kafinja, se slaevme levo desno, se tresevme na ispit i sega koga ke vidam nekoj kolega od faks si gi guskam kako da mi se brat ili sestra i si vrakame spomeni i se smeeme kako deca[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




arh_diz -> RE: Студенски денови (25.10.2009 16:21:44)

Ne za dzabe mnogumina ke kazat studenskite denovi se najubavi i navistina e taka. So del od kolegite  so koi studirav seuste sum vo kontakt




biljanaM -> RE: Студенски денови (29.10.2009 22:11:52)

Е тоа беа времиња...уште не ми се верува дека повеке не сум студент




profesorica -> RE: Студенски денови (30.10.2009 11:24:52)

Имам убави моменти од факсот но не би се вратила назад.На факс се запознав со мојата старосватица и сеуште се дружиме.




mother 29 -> RE: Студенски денови (30.10.2009 11:27:59)

јас охрид на тв не можам да го гледам,не па да отидам таму уште еднаш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]бљак




Maca25 -> RE: Студенски денови (30.10.2009 11:31:45)

Јас имав супер студентски денови, дружба, зезање, учење.

Професорице, и јас со мојата старосватица се запознав на факс [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] и уште си се дружиме




mis. -> RE: Студенски денови (30.10.2009 11:44:22)

Студенските денови се еден од најубавит пиоди во мојот живот.Како студентка дојдена од провинција беше големо искуство во животот.Никогаш нема да ги заборавам сите дружења,познанства,седемки до утринските часови исполнети со журки,играње карти, но и учење(да не го заборавам)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Посебно ќе ги паметам оние денови поминати во студенските домови.Грозно за гледање(условите катастрофа) но животот таму е нешто на што најмногу ќе се сеќавам посебно сите дружење.Благодарение на тоа сега имам познаници,другари и пријатели од цела македонија.Ах само да можам на 5 мин да се вратам во тоа време.




Maca25 -> RE: Студенски денови (30.10.2009 11:52:37)

Јас живеам карши студентскиот кузман. Многу ми е жал кога ги гледам студентите како сами си ги кречат собите, во какви услови живеат, во едни сопчиња 2 на 2, немаат завеси, немаат фрижидер а ни место за фрижидер нормално. Храната ја оставаат на прозор и кога има појак ветер се и паѓа доле. Греота.   




mis. -> RE: Студенски денови (30.10.2009 12:00:35)

да условите се катастрофа немам зборови ама животот во студенски не можеш да го споредиш со никој студент кој живее во стан приватно или е од скопје па живее дома во идеални услови.
А и кузман е супер со услови оди види ги бараките во стив или медицинар па и машките згради во стив[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]ужас




Сани -> RE: Студенски денови (30.10.2009 12:01:57)

мислам дека на студентите кои не се од Скопје им е поубаво и по интересно, сигурно е потешко но ние од тука не ги чувствуваме убавините на студентскиот живот!
можеби бидејќи требаше да работам додека студирав и цело време бев зафатена, не ја почувствував таа убавина и забава за која што сите говорите.




Mihaela 2010 -> RE: Студенски денови (1.12.2012 17:06:19)

Ha studentski denovi...vonredno,baska trudna,mazena vrabotena eheeee...
imav srekja sto bev na patoloska,togas lesno se davase,pa mozam da kazam deka toj period mi bese najubav...opustena,doma sama do pladne,si ucev si idev si davav kolokviumi,pa na kafence so kolegite...epten ubav period




arh_diz -> RE: Студенски денови (14.3.2013 12:29:18)

Ponekogas posakuvam da mi se vratat




Mila mamicka -> RE: Студенски денови (19.6.2014 9:02:00)

Од студентските денови имам само убави спомени. Дојдена од внатрешноста на МК во Скопје, 4 години живеев со истите 3 другарки, во стан. Ни беше преубаво, бевме другарки од средно и продолживме потоа сите во Скопје. Учењето секако си го теравме, ама имаше и многу забава, дружење со колеги од факс со другари од средно. На факс запознав луѓе со кои уште контактирам, имам пријателки од различни градови од МК. Се на се, убаво е да се биде студент.




princessa -> RE: Студенски денови (19.6.2014 10:07:58)

Две години живеев во студентскиот дом Гоце Делчев, две под стан. Но во студентски беше поубаво, имаше многу дружби, забави, учење во читална до 2-3 по полноќ, па ќе ни текне на тие што учевме таму да одиме на бурек или ќе пиевме кафе и оп у 7станување сабајле и пак одново. Незаборавен е таму животот, таму се запознавме со мм[sm=bravo.gif]. Имаше многу работи што ни фалеа но не им обраќавме внимание. Кога ќе се потсетам какви беа условите се згрозувам за разлика од тукашните. Пред неколку дена ме однесе мм на универзитетот кај држи предавања па ние се шуткавме со децата наваму натаму и имаше што да видам. Студентите имаат рајска градина, секој си има апартман, убав двор, скара, паркови наоколу и универзитетот им е до гз. И пак се жалат. Нека дојдат во Македонија па да видат. И пописмени сме далеку повеќе. Малку забегав ама се изнервирав[sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Студенски денови (19.6.2014 10:21:19)

Eeх, студентски денови, какви денови беа тоа мераци, шеткање дружење со друштва, на факс, па кафичи, дома учење, пак кафичи, дискотеки, лето зима, редовни маскенбали во декември и април.....годишни одмори кај сакаш шеткај безгрижно, навистина ми беа мнооооогу убави студентските денови многу убаво поминав и на факс, но и со дружење, само убави спомени имам и посакувам сите студенти така да поминат. [sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Студенски денови (19.6.2014 10:43:55)

Дефинитивно најубавите денови. Никогаш не живеев во дом, нит па сум била да видам, не знам како е таму ама мојот факултет беше таков што дома и не поминувавме баш многу време. Се случуваше некогаш во некоја цртална на факултет да ја поминеме и ноќта цртајќи некој програм. Ако не таму, некаде собрани групно во некој стан. Значи работата секогаш одеше во друштво, учењето исто. Со цимерката бевме на ист факултет па заедно одевме, идевме, учевме, и тоа ми беше големо олеснување. И мислам дека со другарки што цел живот се знаев немаше да поминам толку добро како со неа. И уште си комуницираме, иако сме од различни градови, а таа и остана во Ск да работи, сепак наоѓаме време барем да се слушнеме, а поретко и да се видиме.
Во Ск живеев во Карпош и толку убав впечаток имам, мирно, тивко, фини луѓе, цела улица ми беше со огромни дрвја, во пролет се раззеленето... Изгледа јас не ја запознав ,,темната,, страна на Скопје па не можам ништо лошо да кажам.[sm=smiley36.gif]




mama_06 -> RE: Студенски денови (19.6.2014 11:26:44)

Време на кое редовно се сеќавам, евоцирам спомени и сакам пак да го живеам. Тоа изгледа ради младоста и се што си носи таа. Инаку, живеев во Стив Наумов, 4 години во бараките. Апсолвентската година ја поминав во Гоце. За Стив ме врзуваат еден куп спомени, кои од ден на ден ми се подрагоцени. Гледано од историска дистанца, прва асоцијација на студентски дом ми е оние телефонски говорници и редовите луѓе што чекаа да се јават дома. Едвај си дошол на ред и зад тебе слушаш: ,,Дане сакаш и перниче да ти донесеме`` демек заспа на телефон.
Која голгота беше туширањето. И да врне и да вее ти со ранче си пешачиш за да чекаш ред во бањите или во женската зграда. Од највисок приоритет се две работи: Да има слободна кабина и да има топла вода. Неретко се туширавме со ладна или млака, а коса миевме со топлена вода на решо.
Мензата.....ахххх чичко Боге пијан сече леб со една како гиљотина. И секој момент очекуваш да ти летне некој прст во јадењето. И тоа никогаш не се случи. Чекаш да дојде 17 часот, да почне втора смена на мензата и пак чекаш ред за пржени компири. Мирис боженствен. Пред тебе некој студент се надмудрува со ``тетките``:
Тетке колку рибава даааа?
5О бона,
ауууу абе од ајкула да не е `ваа
Или навечер, чекаш да дојде 22 часот и да си купиш баничка ( 20 бона, јогурт 10 бона)
Разговор:
Колку баничкава Боге?
20 бона, си знаеш
Абе ова лајт баничка, нигде сирење не гледам....




princessa -> RE: Студенски денови (19.6.2014 11:51:59)

и награда плус една баничка има за некој кој го најде сиренцето во баничките од тетка Верка[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06


Или навечер, чекаш да дојде 22 часот и да си купиш баничка ( 20 бона, јогурт 10 бона)
Разговор:
Колку баничкава Боге?
20 бона, си знаеш
Абе ова лајт баничка, нигде сирење не гледам....





mama_06 -> RE: Студенски денови (19.6.2014 12:03:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

и награда плус една баничка има за некој кој го најде сиренцето во баничките од тетка Верка[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06


Или навечер, чекаш да дојде 22 часот и да си купиш баничка ( 20 бона, јогурт 10 бона)
Разговор:
Колку баничкава Боге?
20 бона, си знаеш
Абе ова лајт баничка, нигде сирење не гледам....




Е баш ме интерсира дали се изнајде таков јунак што доби гратис баничка?[sm=jezicek.gif]
Во мое време не.
Имаше една барака сендвичара кај хемиски институт. Правеа толку боженствени тостови, кој не пробал не знае. Ставаа нешто внатре , не знам што беше тоа ама беше толку вкусно можев 3 да изедам хе хе.
Во вторник имавме диско, и без промашај сите години последна песна ја пуштаа ,,After Dark`` - Tito and Tarantula. Се зезавме и ја викавме ,,Надвор говеда`` песна. И ден денес јас така ја доживувам. носталгично
Ај море невести, кај ме вративте ехееееее еве ви една песна за сите
http://www.youtube.com/watch?v=gVdOQvx379Y




princessa -> RE: Студенски денови (19.6.2014 12:30:39)

Изгледа не ја наде никој[sm=smiley36.gif]. Јас одев стално у Стив зашто сестра ми таму беше, студираше на ПМФ горе на физ.биохемија и ме носеше едно 5-6 пати на јадење во сендвичарата кај хемиски институт. И покрај мизерните услови многу учени луѓе излегоа од стив, ама мислам дека таа дружба ја нема веќе како порано, ги нема бараките веќе, поскапи се, од година в година се се промени...




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>