Тестови и писмени работи во училиште (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


Pepelaska * -> Тестови и писмени работи во училиште (19.5.2013 17:12:56)

Бидејќи се ближи крајот на учебната година , време е на тестирање на знаењето на учениците, писмени работи, оценување и слично.
Сигурна сум дека имаме мајки на ученици ( било во средно , било во основно) а и оние кои не читаат ги поканувам да се зачленат и да споделат мислење.А имаме и наставнички па нека ни се изјаснат.
Сметате ли дека тестовите се прилагодени на возраста на учениците? На нивниот психички развој, па сега новите екстерни и интерни оценувања и слично.
Учат сами ли Вашите деца за тестовите или им е потребна стручна помош?
Дали им се сервира премногу материјал а наеднаш и колку тоа им се објаснува во училиште , каде што треба да им се објасни поголемиот дел од материјалот?
Баш вчера со една внука вежбавме математика бев запрепастена од она што се учи во 7 одделение деветолетка, премногу материјал ,а никако објаснето на училиште.
А на тест секој сака 5 нели?




Палешка РР -> RE: Тестови и писмени работи во училиште (19.5.2013 23:50:20)

Син ми е трета година Гимназија и секоја недела прави тестови по нешто. Често прави тестови и 2-3 пати неделн. Богами ако не се тестовите книга нема да фати. Вака барем нешто ќе научи.
Екстерното тестирање сметам дека е непотребно. Небаре матура полагаат [sm=zmeden.gif]
Мислам дека тоа е дополнително малтретирање на децата.




bucko mal -> RE: Тестови и писмени работи во училиште (20.5.2013 0:18:59)

Se nadevam nema da e problem sto ke pisham za naseto uciliste bidejki se raboti za ucilishte nadvor od MK.
Jas pa sum zagrizena bidejki tuka pa nishto ne se uci,navistina nishto.
Sinmi e petto oddelenie I eve vtora godina e tuka I uste ja ucat tablicata I sobiranje do 100[sm=smiley13.gif]
knigi nemaat samo nekoja tetratka moliv I penkalo I tolku[sm=smiley36.gif]neznam dali covek da se smee ili da place.Oceni nema a testovi neznaat sto e toa.
Knigi im davaat za da citaat doma ama I tie ko slikovnici se so po edna recenica.
domasnoto im e deset zadaci sami da si napisat I reshat I deset zborovi da prepisat.
nie mu davame na sinmi da vezba doma ama sholo si e sholo be leleeee
Razgovarav so edni nasi devojcinja oni se sredno sholo I mi vikaat toa e taka se uci tuka[sm=smiley13.gif]
Ako odish na fakultet togash si ucish za toa sto si se opredelil, pa zivi bili pa videli kako ke bide.
kako I da mene voopshto ne mi se dopaga,sinmi se smee vika abe mamo ko gradina isto e[sm=smiley1.gif]




Pepelaska * -> RE: Тестови и писмени работи во училиште (20.5.2013 0:23:48)

Па кога ја отворав темата мислев и на ова, само не знам дали само јас така мислам или може грешам, дека децата во нашите училишта се преоптоварени( мк) .
Баш разговарав со една наставничка за ова ми го потврди истово,и додаде позитивен аспект дека секаде можеле да се снајдат и имале прилично добри резултати постигнато од републички натпревари, и слчично.

И на крај толку умни деца не можат да најдат работа? Тоа најмногу ме мачи, што тие тестови ( што којзнае колку се реални според нивната возраст ) тие оцени , кај нив веројатно ако се позитивни носат задоволство и мотив за понатаму а потоа носа разочарување.




Felly RR -> RE: Тестови и писмени работи во училиште (22.5.2013 9:47:46)

Кога се работи за тестови и писмени работи кои наставникот сам ги подготвува, тогаш сигурно дека ќе ги прилагоди на она што го предавал на часовите. Е сега колку наставната програма е прилагодена за возраста, тоа е друга работа.
Екстерното тестирање сметам дека е сосема различно од тестовите кои наставниците ги спроведуваат на часовите, затоа отворив нова тема за Екстерно тестирање, кое е доста актуелно деновиве. Па да продискутираме и на таа тема. КЛИК




Страница: [1]