vezilka RR -> Што учат нашите деца? (20.5.2013 9:04:04)
|
Во последно време се тики ќе слушнам за некоја глупост што ја има во учебниците од кои учат нашите деца. Последно беше она каде во учебникот по предметот запознавање на околината за второ одделение, на децата на возраст од седум години им се даваат инструкции како да го задржат воздухот, за да видат колку долго можат да издржат без кислород. Во истата лекција во нашиот учебник од децата се бара да затворат инсекти во тегла и да проверат по колку време ќе умрат без воздух. Предходно читав за учебникот по општество каде има секакви чудесии и нелогичности, дека реката Црн Дрим извира во Албанија и потоа пак се влева во Албанија, дека луѓето се делат според полот, социјалниот статус и убавината, во учебникот по физика можеа (не знам дали е повлечен или се уште се користи овој учебник, не сум проверила сега скоро ова беше во 2010) да се прочитаат многу опасни работи за животот на децата. На пример, на децата им се сугерира да допрат жица низ која тече електрична енергија за да видат дека таа е жешка. Страшно. (Последниве два примери беа од учебници за осмо оделение) Мислам дека редовно секоја година се случува да излезе некој учебник со еден тон глупости, па ако се здрма јавноста се повлекува. Кај децата ќе ни останат неписмени со вакови учебници, кај се потрошиле еден куп пари за печатење и препечатување. Дали некој ги чита и проверува материјалите за учениците? И не сум чула некој да понесе одговорност после некоја ваква афера, некој од Биро за развој на образование, или некоја министерска глава можеби.
|
|
|
|