Палешка РР -> Промени во однесувањето на детето при болест (25.5.2013 14:15:51)
|
Сега го сфаќам татко ми кога ми велеше за Марио кога ќе беше болен: "Не жалај му ја болеста, жалај му ја ќудта!" Кај Марио немаше некои големи промени во однесувањето при болест, но кај Миа разликата е драстична. Кога е болно детево не се трпи! Плаче, се лигави, се влечка по земја, се инаети, повторува исти прашања милион пати, нервозна е, вреска, со други зборови ништо не и се погодува. Најлошо од се е што си ја влошува болеста, зарипнува и не пие сируп од инает. Дали и кај вас е вака или разгаленост е во прашање?
|
|
|
|