Лејди -> RE: Светот ќе биде подобро место за живеење без...? (22.10.2009 14:42:22)
|
Погрешно воспитани деца Искрено, се плашам во каков свет треба да одгледувам дете. Се прашувам како ли да го истерам на прав пат? Покрај толку нездрава околина, како да одгледам дете кое нема да дозволи било каков порок во својот живот, кое ќе ги цени своето тело и своите чувства и нема да дозволи некој лесно да допре до нив. Кое ќе се однесува ПРИБРАНО И НОРМАЛНО. Се згрозувам понекогаш кога ќе слушанам на колку години се сексуално активни денешниве ДЕЦА. Па на нивни години јас имав симпатија и фантазирав за првиот бакнеж. Се згрозувам кога ќе ги видам како се облекуваат, како се однесуваат, се шминкаат, каков речник имаат и пред се какво детство имаат. Одамна не сум видела кебенце со кукли во нечиј двор, шлајки и џамлии, ластик и јаже за скокање, за детска пошта и салфетки да не зборувам. Какви цртани филмови гледаат на ТВ, одамна умреа долгометражните пепелашка и снежана, попај морнарот, мики и мини, том и џери... Незнам во кого да барам вина?! Родителите и нивната контрола врз децата Воспитувањето Медиумите Недоволната посветеност ???? Во кратки црти за моето дете не посакувам иднина без детство, несакам иднина во која нема безгрижност, нема морал, нема ценење на сопствените квалитети и вредности. Сакам да се отстранат причинителите кои водат до расипување на младината.
|
|
|
|