Паркет или ламинат? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


Tajna -> Паркет или ламинат? (28.5.2013 17:55:58)

Ајде луѓе помагајте! Во нова куќа што да ставиме, паркет или ламинат?




Octavia -> RE: Паркет или ламинат? (28.5.2013 18:15:03)

Па се си има своја предност, ама и недостаток. Ламинатот е најлесен за секојдневно одржување и најзидржлив. Ама не бил (според составот) баш препорачлив за домови, туку намената пред се му била за деловни простории со голема фрекфенција на движење, затоа што баш тешко се оштетува.
Паркетот е многу потопла, според мене и подомаќинска варијанта варијанта за секој дом. Недостаток му е стругањето, лакирањето и одржувањето-лесно се оштетува, на пр. од штикли и сл. Многу пофалби имам слушано за бамбусов паркет, го има и кај нас, ама многу веројатно е поскап од обичен паркет.
Многу добра варијанта е таркет- исто паркет, ама претходно подготвен за брзо редење, како поголеми парчиња претходно нареден паркет, иструган, лакиран, има разни нијанси, брзо се реди, а квалитетен е.
Јас лично би избрала или таркет или бродски под (ова многу зависи од ентериерот како е замислен, секако).




Bethany -> RE: Паркет или ламинат? (28.5.2013 19:24:21)

Имам искуство и со ламинат и со паркет, па и со бродски под.
Во станот каде претходно живеевме имаше ламинат, ужас ми беше за одржување. Да, вистина многу лесно се чисти и се, ама веднаш штом ќе поминеш, остануваат траги. Утредента веќе се гледа куп прашина, па и брзо се гребе.
Ако повлечев масичка (а немавме теписи) се гребеше. Ладно во зима, воопшто не е пријатно.

Тука во станот имаме паркет. Многу сум задоволна. Плус во зима е потопло и попријатно во секој случај. Исто се лесно одржува а не се гледа после пет минути траги ко да не си ни избришал.
Значи мој избор секогаш пада на паркет ако е збор за местото на живеење.

Бродски под имаме кај моите и исто во куќата кај свекор и свекрва. Многу е убаво од почеток, меѓутоа во текот на години се собира и настануваат расцепи помеѓу даските. Наводно даските беа и добро исушени пред да се стават и се, ама ете пак се собрало дрвото.




AnnaMolly RR -> RE: Паркет или ламинат? (29.5.2013 10:55:02)

Ние имаме бродски под во дневна/трпезарија, а во спална ламинат. Многу поубаво изгледа бродскиот под отколку ламинатот, според мене бродскиот под е најдобар. (секако, се работи за вкус, нели :)




Carrie RR -> RE: Паркет или ламинат? (29.5.2013 11:12:49)

Ние цел живот дома со паркет и сега пред недела дена наредивме ламинат, многу ја освежи собата и ми се допаѓа како изгледа. Лесен е за одржавање. Кучето дома се утепа од лизгање на него [sm=smiley36.gif] Сега за сега гласам за ламинат [sm=smiley1.gif]




Velena -> RE: Паркет или ламинат? (29.5.2013 14:30:26)

Јас би сакала кога сме на тема паркет да ве прашам како чистите бамбусов паркет доколку некоја има дома,а да не ви остануваат шлаканици.Јас со што све не пробав и остава крпи и ужасно се нервирам.Лазам по земја бришејки последно со прскалка у рака го чистам да не ми остануваат траги абе ми се зема здравје [sm=smiley13.gif]




Pepelaska * -> RE: Паркет или ламинат? (29.5.2013 14:40:57)

ТУКА има цела тема за ламинат[sm=smiley1.gif]




Tajna -> RE: Паркет или ламинат? (29.5.2013 17:24:55)

Јас сум за паркет, ама мм се запнал за ламинат... А за таркет не сум чула.... Кај го има?




kikicka -> RE: Паркет или ламинат? (29.5.2013 22:07:30)

Па добро сега куче и дете не е исто во никој случај. Али кога би ставала пак секако дека ке се одлучам за паркет ни под разно нема ламинат да ми текне. Кери како го чистиш? Јас дома се утепав од бришење, викаа дека лесен бил за одржување ама некако тешко ми оди мене.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR

Ние цел живот дома со паркет и сега пред недела дена наредивме ламинат, многу ја освежи собата и ми се допаѓа како изгледа. Лесен е за одржавање. Кучето дома се утепа од лизгање на него [sm=smiley36.gif] Сега за сега гласам за ламинат [sm=smiley1.gif]





Felly RR -> RE: Паркет или ламинат? (29.5.2013 23:04:06)

Бидејќи постои слична тема, која е погоре посочена, оваа ќе биде заклучена а постовите ќе бидат префрлени во сттарата тема. КЛИК




Страница: [1]