|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вработените мајки и доењето
21.10.2009 19:44:11   
mis.
Дали вашето враќање на работа беше предуслов за да го одбието вашето мслечко од доењето?Доколку не како успеавте и после сите ангажмани и отсуството од дома да продолжите да доите?Каков е вашиот распоред на доење?Што со бебето додека не сте вие со него како тој се справува со тоа што цицата на мама ја нема?
Јас не сум се нашла во таква позиција но еве ваше искуство во однос на оваа прашање.user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вработените мајки и доењето
21.10.2009 20:50:57   
mami
уф..јас најубаво си го почувствував ова...почнав со работа кога Лука имаше само 4 месеци...во прво време се вракав од работа со градите преполни со млеко, од едната го доев од другата се измолзував во шишенце и го оставав за следниот ден да му дадат. Паралелно почнавме и со адаптирано млеко, но мене млекото се повеќе ми се намалуваше па некаде кај 6 месеци веќе престанав со доење..ми се плачеше кога му го држев шишенцето со млеко, а знам дека имав и повеќе од доволно млеко, но тоа е тоа...работа од 8 часа дневно и доење според мене не оди

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вработените мајки и доењето
21.10.2009 22:16:56   
Mila na mama
Јас се вратив на работа кога Мила наполни 8 месеци. Веќе имавме почнато со дохранување така што подоите ги прилагодивме според моето работно време. Еден насабајле пред да одам на работа еден кога ќе се вратам ( ама тој беше повеќе мазење отколку цицање) и еден пред спиење. Ја доев без проблеми до 13 месеци а потоа веќе преминавме прво малку на адаптирано па на кравјо.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Вработените мајки и доењето
21.10.2009 22:18:31   
mami
добро 8 месеци е веќе голема, и дохрана има, подруго е, а на 4?ништо освен млеко, а во 8 часа сигурно ке му се пријаде 2-3 пати...

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Вработените мајки и доењето
21.10.2009 22:30:11   
jovanka
Sekoja majka ima pravo na doenje do 12 meseci bez da bide sprecena od rabotodavecot.Znaci treba da postoi i zelba od samata majka toa tempo da go izdrzi. Doenjeto pred se zatoa sto tie antitela sto gi ima vo malcinoto mleko gi nema nikade ni vo eden preparat.Zatoa doenjeuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Вработените мајки и доењето
21.10.2009 22:34:59   
Mila na mama
На хартија вработените имаат многу права ама во реалноста тешко се остваруваат. Инаку не верувам дека има мајка која не му го сака најдоброто на своето дете, сите сакаме да ги доиме што е можно подолго за да бидат здрави и отпорни ама кога условите налагаат да се вратиш рано на работа мора да се прилагодиш и тоа ти е.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Вработените мајки и доењето
21.10.2009 22:48:38   
mami
ПОтпишувам се што рече Мила на мама, и не е толку едноставно, замисли ти да работиш во центар а детето ти е во Радишани а ти не возиш...ти требаат 45 мин додека дојдеш дома, 15-20 додека се нацица- и тоа под услов да е будно, да не треба да го чекаш да стане од спиење, и уште 45 мин (во најдобар случај) за да се вратиш назад..тешко кој работодавец би го поддржал ова :) но што е тука е, израсна, ене го цело маже е...

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Вработените мајки и доењето
22.10.2009 9:59:07   
profesorica
И јас се сложувам со мила на мама.Јас кога почнав на работа Дамјан веќе беше голем-14 месеци и не цицаше преку ден, а навечер сеуште цица по 1-2 ама готово веќе почнав да го одбивам.млеко сеуште не ми прифаќа но сокче со чајче да.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Вработените мајки и доењето
22.10.2009 11:48:46   
mis.
Една комшивка почна да оди на работа кога малото имање 5 месеци и и дадоа опција да оди со скратено работно време но таа прифати за цело под услов на има пауза од 2 саати и тоа време го користеше за да отиде до дома да го надои а многу често и го носеа бебето и на работа бидејќи беше лето.Секој како ќе се снајде макар што работата не треба да биде причина за да не ги доиме нашите најмили ако условите ни го дозволуваат тоа.Но кога ќе размислиш и дека не се наоѓа толку лесно работа многумина се ставени во ситуација да ги одбијат од доење.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Вработените мајки и доењето
11.1.2010 11:51:22   
EmilijaD
И со двете деца тргнував на време на работа. Пред да излезам ќе се нацицаа, преку ден си се јадење (овошје, зеленчук и млечна кашичка со адаптирано) и откако ќе се вратев пак на цицање по желба. Така ги доев до 18 месеци. Јас имав проблем со градите само првите 2 недели на работа а после се навикна организмот на тој ритам на доење

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Вработените мајки и доењето
11.1.2010 15:43:26   
mis.
user posted image user posted image user posted image EmilijaD Ти си значи прав и добар пример за сите мајки да не се откажуваат од доење иако почнат да одат на работа.Секоја чест.За се се треба само голема желба.user posted image user posted image

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Вработените мајки и доењето
11.1.2010 16:14:10   
EmilijaD
Цицањето е еднаш во нивиот живот. Зошто да се крати...за се има начин. Најлесно е да се одбие бебето ама нема ништо добро во тоа нели?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Вработените мајки и доењето
31.8.2010 9:32:56   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: emma1

Не знам дали има нешто слично на оваа тема, релативно сум нова на форумот и досега немам сретнато.
Ме интересира од оние поискусни мајки кои доеле, ама мислам на доење без дохрана со адаптирано млеко, како поминавте со тргање на работа. Бебуш има 5.5м имам усте некои 3 месеци до крај на породилно и веќе ме фака уплав. Од почеток е само на цицање, последниве месец дена почнав помалку со кашички и досега е само со 2 дневно, мислам дека му е рано за повеќе, а адаптирано млеко пробав неколку пати (бидејќи му требаше малку дохрана) но нејќе да слушне. Знам дека тогаш веќе ќе има скоро 9 месеци и ќе биде повеќе на кашички ама сепак се плашам како ке поминам со цицањето, особено што барем за сега најмногу се смирува со цицање кога е вознемирен.
Ве молам напишете го вашето искуство во врска со ова, како се снаогавте. Дали им беше доволно цицање само приквечер и евентуално рано наутро.


ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Ема,

Јас тргнав на работа кога моите деца имаа 6 месеци. Поради ова (знаев дека ќе мора да одам на работа толку рано) уште од многу мали со сите сили се трудев да им воспоставам ред на спиење и јадење. Они јадеа (цицаа) 4 пати во 24 саати. На сабајле, некаде околу 12:30, околу 17:30 и навечер пред легнување. Кога направија 4 ипол месеци почнав со сокче и полека, на некаде 5 ипол месеци им го исфрлив доењето на пладне и сосема им го заменив со зеленчукова каша. Тие ден, два малку ми беа преполнети градите бидејќи го прескокнавме тоа доење, ама малку со измолзување (немој многу оти така ќе стимулираш пак производство на млеко) колку да се намали притисокот, се регулираше тоа. После пред да тргнам на работа таа недела го откачивме и доењето наутро бидјечи сфатив дека ќе нема како да ги дојам (они се будеа околу 7:30 - 8:00 а циаа по пола саат секоја). Тоа ми беше најтешко, се осеќав како лоша мајка, дека непто многу важно им ускратувам...ММ многу ми помогна па некако сфатив дека тоа е тоа, мора така да биде, небав друг избор...Тоа доење беше со адаптирано млеко, значи добиваа шишенце. Ако твоетео не сака адаптирано ќе можеш да почнеш и кравјо да му даваш на таа возраст 2/3 кравјо млеко 1/3 вода. Пак го имав истиот проблем со градите, па ист начин се среди. Значи од 6 месеци они беа само на 2 доењеа, едно во 17:30 - 18:00 кога ќе дојдев од равота и едно вечер. После месец ипол видов дека и тоа во 18:00 не им доволно да им замени оброк, па го исфрливме и им дававме вештачко млеко, а од 8 месеци кисело млеко со интегрално лепче (тоа им беше најомилена вечера и суште го сакаат). На 9 месеци сами се одбија и од тоа вечерно цицање...

мислам дека нема да ти биде проблем, зошто на таа возраст веќе цицањето не им задоволува ниеден оброк, повеќе е за близина со мајката и ете за имунитет ко што викаат, мада мислам дека ако требало да го стекнат ќе го стекнеле имунитетот и 6 месеци да ги доиш. Јас да не се одбиеа моиве сами, секако ќе ги одбиев на 9-10 месеци, стварно не ја гледам потребата за повеќе доење, ем заби имаат па гризаат, ем ќе почнат да трчаат - големи се, а ти ги држиш во скут да циаат, ем навистина веќе мајчиното млеко не ги најадува


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Еве и јас прв ден на работа, па си појдов дома на пола саат за доење. Не планирам да и ги скратувам оброците, туку со сите сили ќе барам да идам двократно на работа.




ИЗВОРНА ПОРАКА: emma1

prv den uf kojznae kakvo e cuvstvoto posle tolku vreme. jas nema da mozam da doagam do doma za doenje mnogu mi e daleku a i ne vozam :((.
blue blue ti zaviduvam na upornosto, ne sum tolku silna, moevo zverce edvaj 2-2.5 saati izdrzuva bez cicanje za sega. ama sigurno so bliznaci e mnogu potesko i moras dobro da se izorganiziras, plus si trgnala od 6 m na rabota i toa e pricina poveke.
zdravje ke vidime kako ke bide


ИЗВОРНА ПОРАКА: emma1

fala mnogu



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Вработените мајки и доењето
31.8.2010 9:58:51   
blue_blue
Emma 1

Можеби треба уште сега да го одучуваш од смирување со цицање.  Знам дека како мајки многу ни е убаво кога детето не бара само нас, па кога сме само ние тие кои можат со цицка да го смират, ама не секогаш е тоа најдобро за детето, а и не можеш нон - стоп да си дома и да вадиш цицка за да го смириш. И за него е подобро да се навикнува на други луѓе место да биде за тебе залепено нон-стоп. Иако си мајка, пред се ти си ти и имаш и свои лични потреби - да излезеш од дома без дете, да испиеш едно кафе како Ема, а не како мајка. Затоа пробај да го оставиш со некој од доверба (баба, сестра, маж ти) и не им звони додека си излезена, остај ги ќе се справат и без тебе. Уживај некаде 2 саати...Ќе се навикне и детето и ти.

А кога ќетргнеш на работа детето ќе има 9 месеци, а на таа возраст нема потреба да цица на 2 - 2 ипол саати, не му е доволно мајчиното млеко за да му ги задоволи дневните нутриционистички потреби на дете на таа возраст.  Така што не верувам дека ќе ти биде проблем да го доиш 1-2 пати на ден. Мислам нас како мајки ни е ептен тешка разделбата од детето, ама неа тука ништо лошо, се е тао нормален тек на нештата. На мајка и е тешко и кога 25 ггодишно дете ќе одлучи да се отсели од градот во кој таа живее иако е детето веќе возрасен човек, ама тоа е нормален тек на животот - ги чуваме за да бидат самостојни и да се одделат од нас.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Вработените мајки и доењето
31.8.2010 12:14:16   
emma1
za zal nemam mnogu na kogo da go ostavam, osven na maz mi. prvpat go ostaviv pred nekoja nedela so nekoi pobliski rodnini na 2 saati i ne pominaa loso. za cuvanje otkako ke trgnam na rabota za zal pak ke treba da baram zena, sakal nejkel ke mora da se navikne drug izbor svesna sum deka nemam, sigurno nema da dadam otkaz :D
ednostavno me interesirase iskustvo na drugi majki koi doele kako pominale so trganje na rabota. se nadevam deka nema da mi bide tolku tesko, on veke jade po malku kasicki a do togas poveketo obroci i ke mu bidat kasicki namesto cicanje.
a za smiruvanje bez cicanje poleka bi trebalo da se nauci, imam uste nekolku meseci ke se snajdam se nadevam nekako :)).

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Вработените мајки и доењето
31.8.2010 12:26:26   
blue_blue
секако дека ќе се снајдеш Ема user posted image  и се ќе биде добро, ќе си израсне детето како што треба. Мајка си е мајка, доела не доела...Колку и да се децата кај баба, дедо, роднини и да ги размазуваат сепак родителите им се најважни. А ако сакаш да го доиш еднаш, два пати на ден мислам дека нема да ти биде ич проблем со работа. Дури може и добро да ти дојде да се одвоиш малку од секојдневната рутина

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Вработените мајки и доењето
31.8.2010 12:34:35   
emma1
sigurno ke bide taka, nema drug nacin. jas sekogas odnapred poveke se sekiram, znaes kako e prvpat majka nemam iskustvo. zdravje so vtoroto barem ke znam :))

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Вработените мајки и доењето
31.8.2010 13:50:08   
anedespo
Јас моите ги доев до 2 години иако тргнував на работа кога ќе наполнеа 9 месеца и работев 20 км надвор од Скопје (1 саат во еден правец), но успеваше. Затоа сабајле пред да одам на работа ги будев( 5 саат) за да се нацицаат добро, ги заспивав, одев на работа и после во 6 се враќав. Во меѓувреме јадеа се и сешто. Второто почнав порано да го дохранувам (од 3 месеци) и затоа и беше полесно да се снајде. додека за поголемото одев по книгиuser posted image (глупости), ништо до 6 месеци и после не јаде. Па нејаде нормално, треба време да се свикне на вкусовите. Ама тоа беше најубавиот период од мојот живот досега, кога ги доев и колку се галеа со мене. Сега не ме рецкаатuser posted image

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Вработените мајки и доењето
31.8.2010 22:53:18   
elle
мене ми заврши и одморот и од понеделникот тргнав на работа, и секако продолжив со доење,најинтересно е тоа што кога ќе си дојдам од работа user posted image е насмеана  и весела се додека да ме виде и кога ќе ме виде ако не и дадам да цица веднаш почнува хистерично да плаче брзо се мијам и пресоблекувам за да и дадам да цица. Потоа следуваат прекрасни моменти на гушкање во кое уживаме и двете.

_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Вработените мајки и доењето
8.9.2010 18:58:10   
EciPeci
Jas pocnuvam na rabota za 3 nedeli, imam mnogu malku mleko i sin mi pie i adaptirano, ama toa mi e pricina plus da ne go odbivam od doenje, kolku tolku, do posledna kapka ke mu davam da cica.
Planiram zakonskoto pravo na sekoja doilka da ima eden sloboden saat vo tekot na rabotnoto vreme za da go nadoi deteto da go koristam na kraj t.e. namesto vo 4 da si odam doma vo 3, pa zdravje Boze ke vidime kako ke bide.

_____________________________

Pogledni kon sonceto i nasmevni se...

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Вработените мајки и доењето
8.9.2010 19:01:18   
Палешка РР
Јас не сум знаела дека постои такво право user posted image леле па супер и јас ќе го користам user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот EciPeci)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Вработените мајки и доењето
8.9.2010 19:17:02   
Палешка РР
Го пронајдов членот од законотuser posted image

ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)
Службен весник на РМ, бр. 16 од 05.02.2010 година


Право на мајката доилка
Член 171

Работничката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден ипол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето.


< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.9.2010 19:18:04 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Вработените мајки и доењето
8.9.2010 19:20:22   
EciPeci
Што се не се учи на форумов user posted image
Супер што го најде членот, јас мислев дека ова е општопознато user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Pogledni kon sonceto i nasmevni se...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Вработените мајки и доењето
8.9.2010 19:22:40   
Палешка РР
Следен пат кога ќе одам на работа (за да го земам другиот дел од одморот) ќе се повикам на овој член.
Јас планирав да одам двократно, но може и вака, уште поубаво. Супер ЕциПеци што ни кажа, не верувам дека некоја од мајките знаеше, ниедна не спомнала.

Се за нашите user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот EciPeci)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Вработените мајки и доењето
9.9.2010 12:16:50   
Felly RR
Законот ни дозволува многу работи, ама работодавецот не секогаш ни ги дава истите права. Јас еве иако имав право да одам на породилно боледување, ни еден ден не поседов дома откако се породив. Директорот ми рече: „Ако сакаш да ја задржиш работата треба одма да се вратиш, или ако сакаш да седиш дома со бебето, да примиме некој друг, па ти барај врски за од септември, да се вратиш.“ Јас одма се вратив, зошто мм не е вработен, и нормално мораше од некаде да земаме пари, ама затоа пак годинава, во септември кога почнавме, од полно работно време лани, годинава останав на третина. Значи толку од правата наши. Ќе се мачиш, ќе правиш како што ќе ти речат, и што ... тоа се важи за тековната година, другата година тоа не е битно.
Инаку да појаснам, вработена сум како наставник во основно училиште.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Admin

Dali rabotata sto ja rabotite ve ispolnuva?

Da (33%)

Ne (0%)

Ponekogas (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!