Yummy Mammy -> Временски зони (5.6.2013 10:08:00)
|
Вчера на МТВ 1 имаше информативна емисија "Дурбин" која го анализираше прашањето за постоењето на различни временски зони. Многу убава анализа дадоа со мислења на географи, астролози, невропсихијатри, и други релевантни лица кои објаснуваа како настанале временските зони, зошто е тоа така, и како истите влијаат на луѓето кои се наоѓаат на одредено место. За пример, ги дадоа Русија која пред две години скрати 2 временски зони, Венецуела која во 2007 го вратила времето за половина час, Сингапур, Индија, Кореа, Јапонија и ред други источни земји кои ги поместуваат часовниците не за цел час туку онолку колку што сметаат дека е потребно за тој меридијан во кој се наоѓаат. Така, во моментов во Македонија е 9:56h, а во Индија 13:26h. Чим оди анализа на МТВ1, јасно е дека се има намера да се помести временската зона и да се изедначи со Грција и Бугарија. Тоа би значело дека во лето наместо во 5:30h ќе се разденува во 6:30h, а наместо да се стемнува во 21:00h ќе се стемнува во 22:00h. А во зима наутро би се разденувало малку подоцна од вообичаеното, но барем нема да се враќаме од работа ноќе во 17:00h. Какво е вашето мислење по ова прашање?
|
|
|
|