Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 10.6.2013 9:52:33
elenak
Без разлика дали е летен или зимски, колку денови можете да потрошите на одмор без да зажалите за дома? Јас повеќе од 10-12 дена не можам да седам никаде. Ме фаќа сафра и морам барем на 1-2 дена да тркнам домче, а после може и да продолжам, се надевам. Досега не сум пробала. А мм пак повеќе од една недела не може да издржи. Кога седиме 10 дена последните денови седи ,,на клинци,,. Па еве ако имате можност, значи да не сте ни финансиски, ни временски, ни било како ограничени, колку би бил вашиот максимум?
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 10.6.2013 9:59:51
Bethany
мислам 10 дена совршено, па да си дојдеме дома и да бидеме дома малку, па пак да одиме некаде. Лани на одморот, последните два дена едвај чекавме да пројдат. Ама со мало дете, лани па ни не одеше, повеќе ни беше измор неголи одмор.
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 10.6.2013 10:09:50
niki
zavisi kakov odmor ona sto bi sakala da probam e neogranicen budjet, 3 meseci na raspolaganje za prosetuvanje na eden kontinent, vo sekoe mesto da imam eden den za odmor od patuvanje, dva dena za znamenitosti, eden den za uziivanje na plaza ili bazen
inaku vo mali mesta izdrzuvam 2-3 dena eventualno 5 vo pogolemi 7-10 dena a ako sum fizicki i psihicki istrosena togas bi izdrrzala 15 dena na edno mesto se poveke od toa bi mi bilo mnogu
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 10.6.2013 12:41:39
Calypso
Уф, мислам дека можам многу да издржам, хахахахаха... како и да е, последниов одмор беше десет дена, сакавме уште, ама толку плативме. Реално, мислам дека 14-15 дена се некоја граница, после тоа ти досадува, посебно ако не се работи за активен одмор. А со деца одмор, колку може да биде одмор во права смисла на зборот... малку потешко. Како и да е, знам дека кога одев на училиште, или пак бев студент, летниот одмор ми беше малку
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 10.6.2013 12:46:04
temjanuska75
И јас можам многу да издржам , најдолг одмор на кој сум била е 22 дена и супер ми беше, а стандардните 10 дневни одмори некако ми се кратки, само што почнал одморот завршил, барем мене така ми се чини.
RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? 10.6.2013 12:59:19
meU87
Додека не бев мама да имав можност и цел месец ќе седев на одмор, а најдолгиот ми беше 15дена. Е сега со бебуш страв ми е долго , посебно во друга држава, па така годинава веројатно ќе одиме неколку пати на по еден ден, а догодина може да се размислува на 5-7дена одмор, 10дена мислам дека ќе ни биде премногу со Л.