RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


sandriana RR -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (10.6.2013 16:02:04)

Досега оптимум биле 10 тина дена....




blond -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (10.6.2013 19:15:00)

Јас после 10 дена поминати дома, шизнувам! Повеќе не можам да издржам :)




Melanija RR -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (10.6.2013 20:47:36)

Кога би било можно доволно и оптимално би ми биле 15 дена [sm=morje.gif]
Седум ми се малку,десет ми фалат уште 2-3 дена што значи 15 дена би биле топ




miana -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (10.6.2013 20:49:40)

15 дена таман ама се зависи од местото и друштвото..Ако е тапа,тешко издржувам неколку дена а ако е се погодено - уфффф и 15 дена се малку




Snowhite RR -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (11.6.2013 11:11:45)

Море и цело лето нема да ми здосади и ќе барам уште, нормално да сум во поголемо место каде има што да се посетува. А во мало место и два дена ми се многу




Felly RR -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (11.6.2013 11:18:00)

Па и јас тоа велам - да е погодено местото, и да сум со семејството, и цел месец нема да ми смета.




Octavia -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (11.6.2013 11:44:07)

Мислам дека можам прилично да издржам, ама мм е програмиран на 7-8 дена, после тоа не се трпи веќе, а и син ми, тој сака после некаде 8-9 дена назад дома, ама малку да сме биле дома и после пак на одмор [sm=smiley1.gif]. Мене ако ми е погодено сместувањето можам неограничено мислам да „издржам“.




elenak -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (22.5.2014 0:39:50)

Ова лето сакаме да одиме со друштво 6-7 дена а одма после тоа да ја натамамиме работата да продолжиме со мајка ми и татко ми уште 10 дена. И не знам како сето тоа ќе го изведеме, мм прв почнува да кука за дома ама ете сега се сили, ќе издржел и уште толку, ептен му се одмарало годинава.[sm=smiley36.gif] Јас немам проблем кога сите од најблиските ми се до мене мада ќе ме фати криза за домата, ама за малово не знам, ќе провериме колку е ,,издржлива,,.[sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (22.5.2014 6:54:05)

уф па ние баш и не можеме да издржиме многу долг одмор.Прво маж ми ќе почне да зборува за дома па после и децата по него.Јас немам проблем да ви кажам право и 10 дена,ама децата си сакаат дома после само 4 или 5 дена.Така да и оваа година изгледа толку ќе бидеме.Со оглед на тоа што малото прв пат ќе оди имислам дека нема да сака да седи подолго.Ама и толку да успееме да седиме пак ќе биде супер.[sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (22.5.2014 9:19:15)

Lani na more bevme 12 dena ama iskreno mene dosta mi bese vise od 8mi den,i sakav da si idam doma[sm=smiley36.gif]
mislam deka edna nedela bi mi bila tamana,bidejki epten mi e iscrpuvacki toa dva pati idenje na plaza,pa uspi dete doma,banjanje mislenje za jadenje i slicno
Koga bi bila primer na planina moze i povekje da izdrzam




LoveableMe RR -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (22.5.2014 9:27:40)

Не повеќе од 9-10 дена, потоа ни станува досадно. Порано сум одела по 20 дена на одмор со моите, сега тоа ми изгледа незамисливо. Се менуваат времињата....




Mila mamicka -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (27.5.2014 9:41:25)

Летен одмор можам да издржам максимум 15 дена, а мм после 7 ден го фаќа носталгија за дома. А зимен одмор, доволно ми се 7 дена. Лани, прв пат бевме 15 дена на одмор, а мм не се бунеше, дури и малку му беше. Исто и мене. Да немавме повратни авионски карти, сигурно ќе останевме повеќе, ептен ни се погоди одморот.




scared RR -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (30.11.2014 19:15:23)

10 максимум, ама искрено после 6тиот веќе ми се здосадува [sm=zmeden.gif]




blond -> RE: Колку денови одмор можете да ,,издржите,,? (30.11.2014 19:23:16)

Au, mozam i 20 dena da sedam na odmor bez problem ako mi e pogodeno mestoto [sm=smiley36.gif] A na mm po 5 dena veke pocnuva da mu stanuva monotono [sm=smiley36.gif]

Ama ako odmorot mi e doma iskoristen, ludilo me fakja za brzo vreme [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]