Bethany -> RE: Обзирност (10.6.2013 11:42:41)
|
Гледам дека сум навистина обзирна и јас кон другите и нивните животи, личности, приватноста... Дури сум многу обзирна кога е во прашање и однесување на моето дете... Пример, ако сме на јавно место, во ресторани не му дозволувам да прави работи под изговор дека ете дете е. Исто и кога одиме некаде. Обзирна сум спрема комшии, не им правам журка во сред ноќ, обзирна сум кога сум на јавно место, во продавница, пошта што и да е, не им правам паники и не се однесувам непочитувачки... Ама и очекувам исто обзирност. На некои работи не може да влијаееме, на оно што можам сечам во старт. Немам некој во секојдневието да е безобзирен кон моите потреби, ама да имам мислам дека би правила компромис каде можам, ако веќе не можам тотално да ја игнорирам личноста. Некои луѓе не се менуваат ниту со разговор, може ти да прифатиш дека е така и да се оградуваш колку што е можно и заштитуваш себеси, без да очекуваш повеќе, инаку е разочарувачки ако се очекува а не добиваш.
|
|
|
|