Какви се работни услови ви имаат понудено работодавците? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


niki -> Какви се работни услови ви имаат понудено работодавците? (10.6.2013 13:11:56)

kriza e, nevrabotenost golema vladee nasekade
toa e prilika za iskoristuvanje na evtina rabotna sila vo ekstremni uslovi
ajde ovde da napiseme so sto se sme se soocile vo rabotniot vek i sto sme morale a sto ne da prifatime od uslovite koi se nudat

mene najnova ponuda mi e da rabotam 12 casa 7 dena vo nedelata od 11:00 do 23:00 do kraj na sezona, znaci do septemvri oktomvri i sama da si naznacam plata, no do toj del ne ni dojdov da razmisluvam bidejki koga prasav dali moze deteto da go donesam ponekogas na rabota kategoricno bese odbieno

ajde da ve cujam




vezilka RR -> RE: Какви се работни услови ви имаат понудено работодавците? (10.6.2013 13:18:25)

Оф, најстрашно што имам слушнато до сега е работодавецот да им исплати 8.000 денари за да задоволи минимална плата, арно ама тие во ќеш да му вратат 3.000 денари.




vezilka RR -> RE: Какви се работни услови ви имаат понудено работодавците? (10.6.2013 13:19:19)

Ова во конфекциите мислам во Штип.




Bethany -> RE: Какви се работни услови ви имаат понудено работодавците? (12.8.2013 9:35:18)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ajde ovde da napiseme so sto se sme se soocile vo rabotniot vek i sto sme morale a sto ne da prifatime od uslovite koi se nudat



Еднаш почнав да работам како спикер на едно локално радио, ама одеше и преку сателит.
Требаше да работам прва, втора и трета [sm=smiley22.gif] Ај пристанав на трета, бев помлада, без обврски.
Не беше тешко нешто, се беше компјутерски, ама кога дојдовме до делот со програмата : "Желби, честитки и поздрави", и кога ми го кажаа "трикот" за да треба да измислувам: пример : "Дарко, мислам на тебе..твоја убавица" нели со цел да ги поттикнеме слушателите како е тука лудило од нарачување со пораки (преку смс) и да не створиме празен простор, јас тоа не можев да правам, ми беше глупаво. Да не зборувам за газда кога се побунив, кој се толку изнервира од моите идеалистички замисли [sm=smiley36.gif] Ама, можеше ми се тогаш. [sm=smiley36.gif]

Па работев во бутик по цели денови, од 8 до 8, ама и тогаш бев млада, без обврски и барем имав одлична плата.

Ако се сетам уште нешто ќе пишам [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Какви се работни услови ви имаат понудено работодавците? (12.8.2013 9:54:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Оф, најстрашно што имам слушнато до сега е работодавецот да им исплати 8.000 денари за да задоволи минимална плата, арно ама тие во ќеш да му вратат 3.000 денари.

ЕХ, не само во конфекциите... ова истово го имам слушнато и за доктор кај нас - во приватна ординација, само цифрите беа малку поголеми.
А Бетани, како си ме изнасмеала со овие поздравиве.[sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Какви се работни услови ви имаат понудено работодавците? (12.8.2013 9:58:36)

Исто во конфекциите што се случува кај нас, работничките излегуваат од една врата, ги откуцуваат картичките (демек им завршило работното време) и влегуваат од другата врата назад на работа.
Немам лично искуство, само што сум слушнала, ама не се сомневам дека е така. Страшно!!!




Страница: [1]