Мешање различни вкусови на јадење (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


elenak -> Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:23:32)

Дали додека јадете мешате јадења кои се солени и благи на пр.? Или некој околу вас дали има таква потреба? Имам една тетка која ако и понудиш торта прво прашува дали имаш парче сирење или кашкавал да и дадеш, ако не не јаде ни торта[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Мене ми е ова многу чудно и интересно, каква е таа потреба од мешање на различни вкусови. И мм јаде некои чудни комбинации кои мене не ми одат, како ајвар со јогурт ама ајде тоа и не е толку чудно. Туку ова солено и благо ми е некако [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image]




Mihaela 2010 -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:26:20)

Ne ne nikako ne sakam takvi kombinaciii
no ednas kako dete se sekjavam kaj edna drugarka bev,i jadevme lepce so kremce i sirenje,i mnogu mi bese vkusno
a inaku mm mnogu saka smoki i milka cokolada so lesnici vo kombinacija




Felly RR -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:29:07)

Немам некоја таква чудна комбинација, дури и солени работи мнопгу не мешам. Кога јадам сакам само неколку јадења да има, не можам да имам 5-6 извадено, и да не знаеш што да каснеш.




Bethany -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:29:32)

Имам другарка која јаде лубеница со сирење [sm=zmeden.gif]

А знам дека некои народи јадат пример месо со компот од кајсии пример или слично.
Имам пробано, ама дефинитивно не сум навикнала и не ми се допаѓа таква крајност.

А исто имам пробано јадење ориз со ананас и пилешко месо и тоа многу ми се допаѓа. Добро тоа баш не е нешто различит вкус, ананасот не е толку благ, па ми убаво одеше.

Инаку, во секојдневната исхрана не практикувам.




srculko -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:30:15)

Ne mesam vkusovi odednas no mi se slucuva da jadam nesto blago pa po nekoe vreme kiselo ili soleno i ne mi smeta izgleda imam zdrav zeludink a i edno 3-4kg visok




Pepelaska * -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:30:32)

Само мед и маргарин јадам заедно, друго не мешам




Calypso -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:32:31)

Пржени лепчиња, мачкани со домашен мармалад, и плус сирење. Оргазам![sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:35:36)

Не мешам јас..не можам да поднесам благо со солено никако. Колешкава на пример јаде смоки со ерокрем. Лелеее, страшно.




Bethany -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 13:58:27)

Е добро сега ме потсетивте, јадам јас соленки со еуро-крем, тоа многу сакам!
И пржени лепчиња со мармалад, мх мх..




Еки82 -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 14:04:12)

Специјалитет на домата ни е: лепче, маргарин, мармалад и ајвар! Сите го јадеме, многу интересна комбинација е пробајте си.
Си додаваме и сиренце на страна [sm=smiley36.gif]

А пржени лепчиња со еурокрем ми се од омилените мешанки.




sandriana RR -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 16:05:13)

Маргарин со мед, или маргарин со мармалад е единствено благо солено што мешам дома. Инаку, кинеските варијанти на слатко - кисело исто така ми се допаѓаат, ама дома не би експериментирала да ги мешам.




Snowhite RR -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 16:49:41)

Другарка ми каде смоки со крем бананчина, јас не мешам




Martins mom -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 16:55:29)

Свеки моја е пример за вакви мешавини, не можам ни да ги пишам. Од ова [sm=nosecka.gif] , само што ќе помислам, ми иде да исповратам[sm=smiley11.gif]. Еден пример само...еурокрем на лепче и домат[sm=smiley11.gif][sm=smiley11.gif]




niki -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 17:06:20)

lubenica sirence i lepce
grozje sirence i lepce
rokfor sirenje (muvlosano sirenje) so cokolado
solenki i euro krem jadev porano sega izbegnuvam
kiselo mleko, kiseli ovoski i med




blond -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 19:17:06)

Крем и јогурт. Е па обожавам!!!
А мм јаде риба и кисело млеко. Исто така меша и кисело млеко со шеќер [sm=zmeden.gif]




elenak -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 21:55:52)

Пред малку пробав солени стапчиња Хелоу со еурокрем, мммм колку било вкусно[sm=smiley1.gif]




moni teo -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (10.6.2013 22:27:55)

lubenica lepce i sirence mmmm kako mi se jade sega




Carrie RR -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (11.6.2013 19:13:57)

Смоки со чоколадо само! Мајка ми јаде грозје, лепче и сиренце и не сум пробала, а ме убадува дека е вкусно [sm=smiley36.gif]




ole2004 -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (11.6.2013 20:12:55)

Solenki so krmce[sm=smiley1.gif]




Martins mom -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (11.6.2013 20:57:49)

Да ви кажам моментално што јаде свеки : Оцет, вода и шеќер...и лепче си има надробено внатре, како попара[sm=smiley11.gif]




Felly RR -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (11.6.2013 22:33:54)

Татко ми јаде лубеница и сирење, аа има луѓе пак што јадат кисело млеко со шеќер или макарони со шеќер.[sm=smiley5.gif]




moni teo -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (11.6.2013 22:37:17)

бљак [sm=smiley11.gif]




ivoni4ka -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (12.6.2013 2:29:32)

јатрва ми е лидер варени макарони со сирење [sm=smiley11.gif][sm=smiley11.gif]




moni teo -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (12.6.2013 8:02:37)

vareni makaroni i sirenje e ubavo ne e nisto cudno [sm=zmeden.gif]




bucko mal -> RE: Мешање различни вкусови на јадење (12.6.2013 8:11:05)

da be ova so makaronive nishto ne e cudno site taka jademe[sm=zmeden.gif]
a mm jade pica so ananas[sm=smiley29.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>