Melanija RR -> RE: Здрава исхрана за време на бременост (18.7.2013 20:40:54)
|
Нешто кон што се трудам да се придржувам во бременоста, во која храна кои витамини ги има и кои со кои не се конзумираат во исто време КАЛЦИУМ Најдоброто решение на идните мајки за внес на калциум, е всушност правилното комбинирање на растителните извори на калциум како и млечните производи. Калциумот е потребен за правилно формирање на забите, коските, мускулите, нервите и срцето на бебето. Сусамот, е семенка која што го заслужува првото место на списокот на производи кои што се богати со калциум, бидејќи го содржи седум пати повеќе од млекото. Покрај тоа сусамот, содржи и масло, бакар, манган, железо, витамините Е и Б1, Сувите смокви се многу корисни за здравјето, но помалку е познато дека 100 грама од ова овошје задоволува 35% од дневните потреби за калциум. Се користи како средство за намалување на крвниот притисок, како и за намалување на холестеролот и триглицеридите во организмот. Калциумот се апсорбира од желудникот со помош на масните киселини и жолчната киселина. Се смета дека е неопходно само 1 г маснотија за да се оствари успешна апсорпција на 10-15 мг калциум. Според тоа, вишокот или недостатокот на маснотија ја влошува апсорпцијата на калциум. Апсорпцијата на калциумот се влошува и при недостаток на протеини (белки), но и при недостатокот на витамин D. Најдобар сооднос меѓу калциумот и магнезиумот е 1 : 0,6. Ваков е соодносот на овие два елементи кај сардините, црниот патлиџан, краставиците, зелената салата, лукот, гравот, крушата, јаболкото, грозјето, малините.Многу близок до овој сооднос има во урдата, краставицата, лукот, грозјето. Во некои продукти, како на пример сирењето, млекото, свинското, говедското или кокошкиното месо соодносот на калциум и фосфор не одговара на потребите на организмот па токму затоа, за надополнување, потребно е овие продукти да се конзумираат во комбинации како леб со сирење, месо со зеленчук и.т.н. Калциум има и во:Афион, Кравјо млеко ,Сусам,Урда ,Коприва,Риба ,Сардина во масло,Леб со трици,Шипинки, Месо,Бадем, Цвекло ,Лешник,Сушена соја
|
|
|
|