Defne90 RR -> RE: "жолта минута" (21.3.2014 0:44:59)
|
Јас се трудам во последно време да се контролирам и да не избувнувам.Така се поретко ме фаќаат жолти минути.Ама кога ќе ме фатат е тогаш сум чувај боже.Немам никаква граница што ќе кажам и веднаш пламнувам и почнувам да викам и да мавам наоколу со рацете.но како што кажав одамна не сум имала некој таков момент и се надевам дека така и ќе остане.Изгледа дека нервите ми станаа подебели и се адаптираа на секаква ситуација,да не ме погодува и да не обраќам внимание на неа.
|
|
|
|