Пирсинг (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Snowhite RR -> Пирсинг (10.6.2013 22:52:59)

Дали имате или сакате да ставите пирс и на кој дел/ Дали би им дозволиле на вашите деца да става пирс?

Јас би сакала еден пирс на веѓа, а на децата мислам не би им дозволила[sm=smiley1.gif]




Палешка РР -> RE: Пирсинг (10.6.2013 22:56:50)

И јас сакам пирс на веѓа, ама син ми не ми дозволува [sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Пирсинг (10.6.2013 22:59:41)

Па би им дозволила во своето време, зошто не, ама дефинитивно не би ми било пријатно да сака да се избуши на секаде по телото. А инаку онака нешто минимално ми е ок.

Сакам да видам на друг, ама јас никогаш не сум била премногу заинтересирана лично да имам пирс.




elenak -> RE: Пирсинг (10.6.2013 23:00:16)

Не сакам, а за деца рано е, не знам дали би дозволила. Прво ќе сакам да го знам и мислењето на мм.




niki -> RE: Пирсинг (10.6.2013 23:00:33)

nemam i ne sakam da imam
a kerka mi koga ke bide vozrasna neka stavi ako toa i pretstavuva zelba
ke ja sprecuvam i odgovaram od idejata se dodeka e mala i nesposobna da rasudi pomegu hir i vistinska zelba




Felly RR -> RE: Пирсинг (10.6.2013 23:15:59)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

И јас сакам пирс на веѓа, ама син ми не ми дозволува [sm=smiley36.gif]

Кога ја видов темава, помислив ти си ја отворла - нели ова го спомна некаде преходно денес. [sm=smiley1.gif]
Инаку кога бев помлада ([sm=smiley9.gif]) сакав пирс, ама сега некако не ми личи.
Мислам дека би дозволила, само зависи на која возраст би го побарало тоа детето.




vezilka RR -> RE: Пирсинг (10.6.2013 23:26:06)

Уф јас многу сакам пирс, арно ама многу ми е страв од бушење и така никогаш не ставив. А на синко секако би му дозволила кога ќе порасне да си стави.




deluxe -> RE: Пирсинг (10.6.2013 23:28:50)

nikako!! protiv sum




kapina -> RE: Пирсинг (11.6.2013 7:01:57)

ne sakam nitu pirsing nitu tetovazi




Sanja -> RE: Пирсинг (11.6.2013 7:56:50)

Јас сум против пирсинг на било кое место од телото, не би сакала ни ќерка ми стави, но сепак кога ќе порасне кој знае дали можам да и влијаам на нејзината одлука. Мислам дека од пирсинг можат да се јават многу негативни ефекти, инфекции и друго, а дополнително тоа што не ми е убаво за очи!




blond -> RE: Пирсинг (11.6.2013 8:00:55)

Јас имав пирс на папокот, го извадив зошто ми помина меракот. Имав и на јазикот. Ептен ми правеше ќеф. Го извадив не по моја волја. Моите не знаеја ни за двата пирса. Сега да можам пак би ставила пирс на јазик, само што дупчето ми е зараснато , така да нема шанси пак нова дупка. Ќе си останам со желбата...
Би дозволила децата мои да стават прис,се додека се во нормален број.




Bethany -> RE: Пирсинг (11.6.2013 10:57:24)

Мене ми е интересно на жена на папокот, на носот (ама таа мала обечка, медицинка ако се така викаше, можеби сум грешка), исто и над усната па дојде како бемка. [sm=smiley1.gif]
А кај мажите, мислам на млади дечки не некои стари, хехе, ми е ок на веѓата.

А зошто би било погрешно да се стави пирс било каде, барем мислам на некое нормално место нели, а нормално е да се стави на увото? Па и на увото може да биде ружно, посебно од тие големите што направат дупка во уво да може да се гледа кроз неа [sm=smiley36.gif] или ако па има премногу обечки на едно уво, и тоа ми е ружно.





Martins mom -> RE: Пирсинг (11.6.2013 21:32:45)

Дури да го родам М. имав пирсови на повеќе места. Ако добро ја одржуваш хигиената и го ставаш пироот кај соодветна личност, нема никакви шанси за инфекции или било што друго. Многу години ги носев, ете дупките и после три години не ми се зарастени, ама не се чувствувам повеќе „јас“ со нив. Тие беа дел од старата Мартинс мом што многу ми се допаѓаше[sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Пирсинг (12.6.2013 22:43:40)

мислиш од старата ти, која тогаш не била мама на Мартин?[sm=smiley1.gif]




penelopa -> RE: Пирсинг (12.6.2013 22:53:59)

немам и никогаш не сум имала желба да имам, не ми делува убаво кога ќе видам а и стално се прашувам како не ги боли тие што имаат




sandriana RR -> RE: Пирсинг (13.6.2013 11:04:42)

На себе немам, и сега веќе не би ставила, не ми доликува, мислам. А ми се допаѓаат дискретни пирсинзи на веѓа и папок.
А ако Т некогаш изрази желба за тоа - ќе и дозволам кога ќе сметам дека е доволно зрела за правилно да се носи со пирсот




caciana -> RE: Пирсинг (13.6.2013 11:38:52)

Sakam da imam pirs na vega ...samo sto nemam hrabrost da stavam :D a za decata ponatamu nivno si e ako sakaat neka se naredat so pirsovi ako ne neka ne stavaat voopsto...jas nema da mozam da se mesam [sm=smiley36.gif]




mila34 -> RE: Пирсинг (13.6.2013 14:19:17)

jas imam pirs na stomakot veke 14 godi go nosam i epten ubava rabota etoa




Страница: [1]