Што мислите за протестите во Скопје? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Pepelaska * -> Што мислите за протестите во Скопје? (11.6.2013 10:11:17)

Деновиве сме сведоци на протести за повеќе работи , за законот за абортус, за црквата на плоштад и незнам уште за што.
Само не ми е јасно зошто дури сега луѓето станаа.Каде беа кога се носеа некои важни одлуки , оскапувањата на струја , храна и слично, територијалните поделби на некои делови од државата и ред други работи да не редам.
И на што личи она фрлање со јајца? Возрасни луѓе , бре.
Макар што и ова ми гледа дека е се политички изрежирано, но сепак да прашам
треба ли народот почесто да протестира и да го искажува своето незадоволство на тој начин , треба ли заедно да се каже НЕ на некои работи а не само партиски да се делиме ?

Јас сум за,за подобро утре на моето дете и нашиот живот.
Вие?




vezilka RR -> RE: Што мислите за протесите во Скопје? (11.6.2013 10:25:03)

Разликата меѓу протестот за законот за абортус и оној пред оптина центар (ако мислиш на тој) е оооогромна. Првиов беше организиран од граѓанскиот сектор и затоа имаше 100 луѓе. Исто како и тие за поскапуваер на струјата, има ли гладни во Македонија, Аман и сл. Овои вториве беа организираниод политички партии и затоа ои дифолт се појавија еден тон народ кој всушност не ни знае зошто протестира, му рекле оди, и тој оди. Заклучок, нашиов народ нема граѓанска култура, единствено што може да го извади на улица е указ на лидерот на партијата. Тогаш ако треба и ќе се тепа, и со јајца че мава и се што ќе му кажат. Ама за струјата, нема да излезе, за абортус, нема да излезе, за ГТЦ сега на 14, во петок, глава давам дека нема да излезе.




Carrie RR -> RE: Што мислите за протесите во Скопје? (11.6.2013 19:11:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Разликата меѓу протестот за законот за абортус и оној пред оптина центар (ако мислиш на тој) е оооогромна. Првиов беше организиран од граѓанскиот сектор и затоа имаше 100 луѓе. Исто како и тие за поскапуваер на струјата, има ли гладни во Македонија, Аман и сл. Овои вториве беа организираниод политички партии и затоа ои дифолт се појавија еден тон народ кој всушност не ни знае зошто протестира, му рекле оди, и тој оди. Заклучок, нашиов народ нема граѓанска култура, единствено што може да го извади на улица е указ на лидерот на партијата. Тогаш ако треба и ќе се тепа, и со јајца че мава и се што ќе му кажат. Ама за струјата, нема да излезе, за абортус, нема да излезе, за ГТЦ сега на 14, во петок, глава давам дека нема да излезе.


Потпис




Gardenia -> RE: Што мислите за протесите во Скопје? (11.6.2013 20:08:27)

Незнам веќе што да мислам,ова преминува во лудило,се прашувам деновиве до толку ли се погазивме себеси,па ни остана ли барем малку достоинство или сето го оставивме на некои други за нивни лични цели и користи,до каде ќе ни оди вака општеството.За битни работи никаде не нема,а за тоа кога ќе ни кажат оние напуваните во фотељите во состојба сме и со родени браќа и сестри да се закрвиме само да се задоволат лидерите ццц,ми се гади искрено од ова што се случува било од која позиција да доаѓа.Како некои овци ајдееееее брррррр е така ми личат протестите,мада мислам дека овците се попаметни




Страница: [1]