Апликации за андроид (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Техника



Порака


Felly RR -> Апликации за андроид (11.6.2013 12:13:07)

Една претходна дискусија на темата бебифон - за Baby Monitor апликацијата, ме поттикна да ја отворам темава - Па ајде овде да разменуваме искуства кои апликации ги користите на вашите андроид телефони, дали сте задоволни и сл.




vezilka RR -> RE: Апликации за андроид (11.6.2013 12:23:14)

Се што најдов, хи, хи. Најискористена ми е апликацијата за јсп-распоред на автобуси, ептен ми се наоѓа. После викни такси, исто така. Кога не ми текнува број на такси, си ги гледам. Една апликација за термометар.. ми мери температурата. После цонвертор за претворање на мерки, пошто тоа не знам мануелно да гоправам. Леле милион има..а, да речникот на идивиди. МАкеднската тастатура ми заврши работа, да не пишувам латиница од телефонот.Временска прогноза..Кога ќе ми текне друга, ќе допунам.




temjanuska75 -> RE: Апликации за андроид (11.6.2013 12:37:20)

Ја користам апликацијата за временска прогноза, конверторот, а ова Везилка за мак. тастатура пуштај ми линк на пп те молам да ме спасиш од латиницата[sm=smiley36.gif].




blond -> RE: Апликации за андроид (11.6.2013 16:12:29)

Се што ми е ново пробувам. И најчесто веднап ги бришам. Најчесто користени ми се апликации за манипулација со слики.




Bethany -> RE: Апликации за андроид (11.6.2013 16:41:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Се што ми е ново пробувам. И најчесто веднап ги бришам. Најчесто користени ми се апликации за манипулација со слики.

Исто, многу симнувам, па потоа бришам.
Секогаш ја користам временска прогноза, бејби фон е супер работа посебно кога одиме некаде, додека синко спие, имам симнато и Киндл и некои книги (уште да почнам да ги читам [sm=smiley36.gif]) , многу различити апликации за слики, детски песнички, пазл за деца (ова добре дојде кога патуваме со кола, па му држи внимание) ...




Felly RR -> RE: Апликации за андроид (11.6.2013 19:32:48)

Ајде кажете некоја таква детска игрица, да се најде за занимација.




Carrie RR -> RE: Апликации за андроид (11.6.2013 19:42:13)

Од игрите зависна сум од Doodle Jump и Temple run, а најмногу ми служи апликацијава My Cycles, да не мора во календарче да шкрткам [sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Апликации за андроид (11.6.2013 21:06:33)

е да, и мене ми се многу најде календарче за период ... Порано се заборавав, сега дури ми и одбројува, па не можам да омашим, дури и одмор испланирав врз основа на календарчето [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Апликации за андроид (11.6.2013 21:18:09)

Пиши само на play store Македонска тастатура и ќе ти излезе. Нема да утнеш.




myhappiness -> RE: Апликации за андроид (16.6.2013 9:12:30)

Кога сме кај техниката јас нешто утнав вчера. На телефонот на мм направив google acount и на дисплејот ми излезе некоја иконка горе во десно коше. Сакајки да ја тргнам мислев дека тоа ке биде најдобро ако се одјавам од сметката но не најдов како.
Единствено во settings ја најдов сметката и и направив remove :)
Е сега после ова на дисплејот ми стои и првата иконка што не знам како да ја опишам и едно жолто триаголниче со извичник.

Има ли некој повеке познавање од овие паметниве телефони да ме упати што да правам.....?
Ви благодарам




Maca25 -> RE: Апликации за андроид (16.6.2013 9:51:23)

Најмногу го користам My Calendar, најпрегледно ми е да си видам кога треба да добијам, да си запишам некој симптом од дента, како другарка некоја е [sm=smiley36.gif]. Користам Photo grid за разноразни колажи од слики и си симнувам по некоја игра, ко за на работа, за пополнување време. Играм и бришам. СЛедно што ќе симнам е мак. тастатура.




caciana -> RE: Апликации за андроид (16.6.2013 10:07:18)

Ako ti stoj ikonata na displej probaj zadrzi na neze nekolku sekundi ...samo drzi ja ikonata i treba da izlezi gore ili dolu na displeot remove i vlezi ja ikonata do remuve ili pa stegni ok nesto mora da se pojavi [sm=smiley1.gif]....barem na mojot telefon e taka [sm=smiley1.gif]




miana -> RE: Апликации за андроид (17.6.2013 12:40:07)

Jas koristam you tube,koristam babyfirst videos ,my calendar ,talking Tom,viber,whatsAPP,skype,Gtalk, i taka [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Апликации за андроид (9.7.2013 8:48:14)

Пред некој ден симнав една апликација How to draw.. ептен се забавуваме по дома. Никола шкрта, ли шкрта. Супер е..




sasebt -> RE: Апликации за андроид (29.7.2013 14:28:57)

Здраво,

Јас имам направено Андроид апликација за Бејбифон.

Бесплатна е и може да се симне - BT Baby Phone

Ovaa raboti preku WiFi mreza samo.

Podgotvuvam sega i nova verzija, koja ke ima moznost i za video monitor, i da raboti po bluetooth, i ushte nekolku novi funkcii, kako i nov dizajn.

Pozdrav,
Saso


Админ: Постот е уреден. Не е дозволено поставување на надворешни линкови.




Yummy Mammy -> RE: Апликации за андроид (29.7.2013 15:10:35)

Mozes da ni objasnis za sto potocno se raboti?
Sto se dobiva so bejbifonot?




sasebt -> RE: Апликации за андроид (30.7.2013 12:31:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Mozes da ni objasnis za sto potocno se raboti?
Sto se dobiva so bejbifonot?


Zdravo,

Vcera ja objaviv i novata verzija...

gledam na forumov ne bilo dozvoleno da se stavaat linkovi, pa administratorot mi go promenil postot.

aplikacijata moze da ja najdete na google play, pobarajte po keyword "bt baby phone" izrabotena od sourcebt.

bez pari e, so reklami.

generalno, vi trebaat 2 android telefoni so minimum android 2.1 operativen sistem, i domasna wifi mreza.

edniot telefon (child) go aktivirate i go stavate kaj deteto, a drugiot (parent) e so vas. go slusate zvukot vo realno vreme, znaci, bas kako baby monitor aparatite koi kostaat tamu po X iljadi denari. ima eden indikator na placenje, koj se mrda levo desno, za da se podesi koga da pocni da alarmira.

nema nikakvi podesuvanja/konfiguracii i slicno. za wifi se sto treba e da se dvata telefoni na istiot wifi povrzani, a za bluetooth, treba telefonite da se "paired".... i posle toa se e avtomatski.

inace ima opcija da se ukluci i video prenos od bebeto, da se biraat razlicni melodii, child telefonot avtomatski odi vo sielent mode, a na parent telefonot dobivate zvucni notifikacii ako child telefonot vi zvoni, ili dobiete SMS, ili pak baterijata e pri kraj.

imam plan da dodaam ushte opcii koi mi teknuvaat, a i sekoi zabeleski, ili idei se dobredojdeni.

mozno e nesto da ne raboti kako so treba, posto ova e prva verzija so novite opcii sto gi dodadov,

Pozdrav,

Saso




Bethany -> RE: Апликации за андроид (30.7.2013 12:44:42)

Јас имам симнато една апликација за бебифон, и тоа само едниот телефон (тој што е кај бебето) треба да е андроид, другиот не мора. И воопшто не треба да бидат поврзани на интернет!
Апликацијата работи секако и е одлична. Се намести осетливост на бебешкиот плач и кога е нешто сомнително имаш опција да добиеш порака со слика, или да ти ѕвони другиот мобилен.
Одлична е апликацијава и е многу практична.




sasebt -> RE: Апликации за андроид (30.7.2013 12:50:45)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Јас имам симнато една апликација за бебифон, и тоа само едниот телефон (тој што е кај бебето) треба да е андроид, другиот не мора. И воопшто не треба да бидат поврзани на интернет!
Апликацијата работи секако и е одлична. Се намести осетливост на бебешкиот плач и кога е нешто сомнително имаш опција да добиеш порака со слика, или да ти ѕвони другиот мобилен.
Одлична е апликацијава и е многу практична.



Ok, na koj kako mu odgovara... jas sakav da napraam aplikacija kaj so ke slusam so se desava so bebeto... mnogu pati komsiite ako tropnat, se aktivira, pa so mojata aplikacija mozis vo "realtime" da slusnis dali placi ili ne. Inace, i taa opcija ke ja dodaam, samo mi fali vreme :) i jas sum roditel na1 (a za nekoj mesec i na ushte edno) dete.

inace, ne ti treba internet, nego samo wifi. a ako nemas ni wifi, toas mozis preku bluetooth, samo shto mnogu po glatko raboti na wifi.

taa opcija da ti prakja sms, ti trosi pari za porakata.... za zvonenje e bez pari (ako ne si dignis samiot sebesi), a ne mora da e na drug mobilen, mozi da ti zvoni i na fiksen :)

Pozdrav,
Saso




Bethany -> RE: Апликации за андроид (30.7.2013 12:56:12)

Да, да може на било кој телефон, а бидејќи на андроид имам бесплатни минути така да не си трошам, и кога веќе е инсталирана апликацијата не треба да бидам wi fi конектирана.

Во секој случај, браво за тоа што си направил. за мене е тоа чиста наука, како се прави, па ти се дивам во секој случај [sm=smiley1.gif]

Исто така, добредојде на РР и ти посакувам убава дружба тука, посети не и на другите теми. Сигурно ќе најдеш и ќе имаш прилика да споделиш многу корисни информации.
А еве и една тема Список на РР татковци, па може и тука да ни се пријавиш. [sm=smiley1.gif]
Поздрав. [sm=smiley1.gif]




sasebt -> RE: Апликации за андроид (30.7.2013 13:33:25)

Blagodaram,

Vo sekoj slucaj, bi sakal da dobijam po nekoj komentar (po moznost negativen) od tie shto ke ja probaat aplikacijata.

Pozdrav,
Saso




vezilka RR -> RE: Апликации за андроид (22.11.2013 13:01:33)

Ева една апликација за сите трудници. Се вика Happy Pregnancy. Многу е добра, во секој момент гледаш која недела си, имаш кратко инфо за секоја недела, можност за внесување на белешки и потсетници за прегледи и здравствена состојба. Ти го прњсметува и крајниот датум и ти кажува уште колку денови ти останале. Хе,хе како мајчина книшка онлајн. [sm=jezicek.gif]




Еки82 -> RE: Апликации за андроид (22.11.2013 13:30:09)

Јас би пишала апликација за средување на сликички [sm=smiley1.gif]
Сите сакаме многу да си ги сликаме најмилите со мобилен и оваа е предобра со многу ефекти
и многу лесна за правење креативни фотки ;)

Pixlr Express бесплатна за симнување




Defne90 RR -> RE: Апликации за андроид (19.1.2014 2:17:20)

Ja simnav aplikacijata stvarno e super.Eve i jas si simnav i drugi applikacii no najveke ja koristam Pixlr expres i Instagram.




Defne90 RR -> RE: Апликации за андроид (19.1.2014 2:34:21)

Leleeeee luge si svalam jas aplikacii i koga gledam dolu mi pisuva your android may be at risc.Gi izbrisav skoro site aplikacii ostaviv samo nekolku dali moze da se sluci da mi padne sistemot ili kako uste se vika ako naletam na virus.Mislam deka so taa talking tom 2 koga ja simnav mi se napisa toa.Vi se ima li sluceno toa na vam da vi se prikaze.Jas nov mi e i poima nemam.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>