Ready or not? (Спремна или не?) (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Yummy Mammy -> Ready or not? (Спремна или не?) (11.6.2013 15:51:33)

Темава ја замислив како игра на прашање за наредниот член кој одговара дали е спремен да жртвува нешто за сметка на нешто друго. На пр. "дали си спремна да почнеш косата да ја фарбаш црвена само заради задоволување на страстите на мт и враќање на сексуалниот живот?" Или "Дали си спремна да го оставиш детето на три недели заради службено патување кое знаеш дека ќе ти донесе тродупло приход за тој период?".

Еве ќе се обидам да почнам:

Дали си спремна на најдобрата другарка да и го донираш бубрегот ако знаеш дека сте компатибилни?




vezilka RR -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (11.6.2013 16:31:35)

Бидејќи вакви теми се во спротивност со правилникот за наградната игра, ќе биде заклучена за времетраењето на наградната, па потоа ќе се изјасниме по неа [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (19.7.2013 21:33:13)

Можеби сега да ја активираме темава:

ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy


Дали си спремна на најдобрата другарка да и го донираш бубрегот ако знаеш дека сте компатибилни?


Уф, тешко прашање... Искрено, сега на прва мислам дека ќе речам не, бидејќи не сум во таква ситуација, не сум вистински допрена и не можам да сочуствував, така да во овој момент ќе речам не, не сум спремна.

* Дали си спремна да добиеш близнаци-тројка ако знаеш дека од следиот однос со мт тоа ќе е исход? [sm=smiley1.gif]




nataly86 -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (19.7.2013 22:18:58)

Da spremna sum, bidejki so mt se dogovorivme uste vo vrska deka sakame 3 deca, no kako so trgnalo 5 godini se macime za 1 pa kamoli za 3 [sm=smiley36.gif] zatoa vaka naednaas so edna maka [sm=jezicek.gif]


* Dali si spremna da go napustis soprugot ako razberis deka ima afera?




deluxe -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (19.7.2013 23:36:45)

Dali si spremna da go napustis soprugot ako razberis deka ima afera?


Да!!!Спремна сум, без двоумење,сигурно би заминала засекогаш,мојата црвена линија е таа.До тука се можам да издржам,кавги ,несогласувања,но неверство никогаш не простувам[sm=smiley1.gif]

**Дали би учествувале на риалити шоу,п.р-Големиот брат?




bucko mal -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (20.7.2013 7:06:45)

Ne ne bi ucestvuvala vo niedno realno sou,bezrazlika za kolku golema suma na pari da se raboti.




***Dali si spremna,da gi ostavish soprugot I decata na odreden period I da zaminesh sama na patuvanje niz svetot? sekako da imash besplatna ponuda za toa patuvanje[sm=smiley2.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (20.7.2013 14:49:16)

Ne sum spremna,so ogled na toa sto nemame na lager nikakva pomos mislam deka tesko bi mozelo toa da se izrealizira,za zal[sm=smiley1.gif]





*** Dali bi go napustile soprugot dokolku vi se pojavi nekoja podobra prilika ??**




mommy_angels RR -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (20.7.2013 18:19:25)

НЕ!!! Не дека е совршен,знае да ме извади од кожа,ама нема начин ,ни средства што можат да ја заменат неговата душа :-* Доколку сопругот сака второ дете,а си поминала низ сито и решето ,за да го добиете и првото,а сигурно те чека истото,дали си спремна на таква жртва?




Martins mom -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (21.7.2013 15:29:52)

Да! Јас сум единица и знам колку е тешко да си сам, затоа би ја прифатила таа жртва, не сакам детето да биде осамено ко мене[sm=smiley6.gif]

* Дали си спремна да ги изретчиш контактите со твоите родители ако твојот сопруг го бара тоа од тебе?




rina13 -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (21.7.2013 15:44:18)

Не, тоа не би го направила никогаш има работи во нашата врска во кои ниту јас ниту тој не си се мешаме.Тоа е односот кон и со родителите. Па побогу не постои сила на светов што би можела да ми влијае врз мојот контакт со родителите,тие се оние кои биле и се жртва за мене.
***Дали сте спремни да ги спакувате куферите со вашиот сопруг и дете,да заминете од Македонија и никогаш повеќе да не се вратите?




Yummy Mammy -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (22.7.2013 9:49:35)



Ne! Definitivno Ne! Ovde mi se rodninite, prijatelite, ovde imam sreden zivot, ne se zalam. Ne znam sto me ceka niz godinite, no mislam deka sepak doma mozes podobro da se snajdes otkolku vo zemja kade si sam na sebe prepusten. Pa uste i nikogas da ne se vratam?! Ne! Sakam moite deca da si rastat so bratucedite, so tetkite, da si imaat nekoj svoj. Utre, ne daj boze, mene i na mm ako ni se sluci nesto, sakam da znam deka moite deca ke bidat zgrizeni, a ne sami na sebe prepusteni.

- Dali si spremna da abortiras bez znaenje na soprugot?




AneLav RR -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (22.7.2013 10:00:44)

Нема шанси!!! Тоа е нешто заедничко и не би поминувала низ тоа сама. Во суштина врската ни беше заснована на искреност, а исто така и бракот. Јас сум премногу осетлива и не би можела ниту да сокријам ниту да направам такво нешто. ММ ја познава секоја моја емоција и ме познава по ликот дали сум расположена и дали нешто не е во ред.
Дали би и кажале на вашата најдобра другарка дека сопругот ја изневерува со друга жена?




Bethany -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (22.7.2013 11:12:38)

Да. Ама многу би била претпазлива да одаберам вистински момент, нејзиниот избор ќе биде секако што ќе направи со тоа што ќе и речам, ама треба да ја знае вистината, па затоа ми е најдобра другарка нели?

* Дали си спремна да се пријавиш во емисијата Момент на вистината, ако знаеш дека прашањата ќе откријат многу лични работи за кои само ти знаеш, последиците од тоа не ги знаеш, ама знаеш со сигурност дека те очекува голема сума на пари?




nadica -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (22.7.2013 13:01:01)

не не и не
нема пари на светов кои би ја купиле мојата интимност

*Дали би го жртвувале пријателството во име на љубовта?(вашата пријаталка да не ја одобрува љубовната врска во која сте)




Carrie RR -> RE: Ready or not? (Спремна или не?) (22.7.2013 14:23:59)

Со мојата најдобра другарка сме како сестри и секогаш ја прашувам за совет, мислење , но не и за одобрување. Не функционираме така, таа ме поддржува во сопствениот избор. Пријателите треба да се со нас безусловно, па макар да ја правиме најголемата грешка во љубовта. Во случајот на ултиматум, јас или тој - тоа не ми е пријателка.

Дали би му признале на сопругот ако од забава, љубопитство, моментална страст, се бакнете со друг маж?




Страница: [1]