Деца и комшии (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Bethany -> Деца и комшии (11.6.2013 16:57:07)

Дали своето дете го ограничувате и смирувате поради комшиите?

Дали ви сметаат комшиска деца, те. буката која прават?
Пример, изнад вас во станот живее премногу активно и гласно дете и не ве остава на мира, како и дали се справувате?

Знам дека децата се деца, ама кога се живее посебно во станбена зграда, па и опкружен со комшиите ако живеете во куќа, би било убаво кога би имало некои граници. Дали ја имате граница со децата, до каде им дозволувате, или се им е допуштено?




Felly RR -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 17:24:47)

Живееме во куќа, па затоа може не мислам толку на комшиите, ниту пак ми сметаат комшиските деца. Некогаш се и побучни - посебо во лето, кога играат надвор, ама па деца се. Јас се трудам ептен во време за одмор да не бидеме гласни, ама па дете е некогаш може и ќе се расплаче, не можеш секогаш толку многу да го конторлираш во се.




Bethany -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 17:28:05)

Нормално не мислам на такви ситуации.
Пример син ми стане насабје во 6 саатот и почнува да ги фрла играчките по паркетот. Јас го стишувам, некако ми е шубе, како би било на мене сега да сакам да поспијам а некој ми тропа рано сабајле.
Му свртам внимание на нешто друго.
Ама знам дека кај пријателката комшијата се качуваше горе да и каже да смири нејзино синче кое тогаш имаше 2-3 години.




temjanuska75 -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 17:35:38)

Nie ziveeme najgore i nema nikoj nad nas. Vnimavam da ne im pravime na komshiite pod nas buka. Na M. ne mu dozvoluvam da igra so topka doma i da pravi pogolema buka.




niki -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 19:05:40)

ziveeme vo pogolema kuka i nemam nikogo nad nas no komsii pod nas imam samo preku leto
vnimavame da bide tivko nautro zatoa i obicno kerka mi togas gleda crtani nekade do 10 casot za da ne pravime buka so igracki vrati isl.
koga bese mala poveke sme im precele, bidejki imalo mnogu poveke placki i inaetenja, koi ne sekogas sum uspevala da gi smiram, no sekogas sum gledala da najdam nekoja alternativa da vo tie nekoi kriticni saati nautro i popladne da e sto e mozno potivko, taka sto toa vreme se zanimavame so mirni aktivnosti od tipot crtani, citanje knigi, ili setame ako dozvoluva vremeto, no glavno bidejki e edno dete e mirno
e koga ke i dojde edna drugarka i mene mi smetaat kolku se bucni no sreka ne e toa cesto pa ne istrpuvaat komsiite, sepak i togas se trudam da ne im dozvolam da preteraat pa malku ke gi smiram, malku ke luduvaat i taka
inaku doma ne dozvoluvam, skokanje, igranje so topka, moze muzika da pustime i da igrame polovina cas, nisto poveke od toa
komsiski deca ne mi smetaat se dodeka nivnata igra i buka e vo nekoi normalni granici najvazno da ne e iritiracka
ednas imav edni deca od komsii vo kukata nasproti nas koi ke zemea topka i udiraa vo nasiot zid, za toa lupanje imam reagirano




deluxe -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 19:09:58)

ziveeme vo kuka,i si imame privatnost,nitu smetame nitu da ni smetaat[sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 19:20:21)

Е тука нормално децата не се криви , туку тие кои се грижат за нив.
Па не треба ни да се дозволува се под изговор дека ете деца се. И какви стануваат: диви и разгалени во бескрај.

Комшиите на ист спрат немаат деца, ама затоа кога им дојдат некои деца на гости, тоа е ужас. Цела зграда ги слуша. Најлошо е кога веќе одминува 10 навечер и се уште врискаат и се дерат. Па кога тргнат дома се збогуваат пола саат најмалку во ходникот и за сето тоа време децата врескаат а никој не се сети да им каже: потивко, луѓе спијат, не е убаво така! Е тоа ме вади од такт.

И онда се враќаме на почеток од претходните теми во врска со обзирност, ако излезам и им речам веднаш сум јас лошата
[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 23:19:12)

Бидејќи сме во куќа мислам дека не сметаме многу, барем никој не се пожалил. Е сега летно време сме повеќе надвор па може и ссме зааметале понекогаш кога не сме можеле да исконтролираме некоја ситуација. Аама пак,никој не се пожалил. Ниру пак мене ми паднало на памет да се жалам на галама од деца. Детска галама можам да истрпам. Ама ако доаѓа од возрасни, тогаш ми смета.




Snowhite RR -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 23:31:37)

Во комшиите едните се по цел ден на нива, а кај другите има само една баба, а синот не е по цел ден дома, други немам во близина.




niki -> RE: Деца и комшии (11.6.2013 23:41:09)

ima razlika pomegu galama i buka koja se pravi so treskanje igracki, skokanje od krevet/stol na pod, treskanje vrati, duvanje vo pistalki isl.
ovie vtorive ne mi se za toleriranje i gi sankcioniram kaj sopstvenoto dete a ne bi mi bilo voopsto prijatno da gi slusam od komsiite nad mene, koga bi gi imala




Felly RR -> RE: Деца и комшии (26.8.2013 22:10:49)

А што правите кога седнувате во двор, и одма ви доаѓа некое комшиско дете, со кое баш и не сакате многу вашето да се дружи?




rina13 -> RE: Деца и комшии (27.8.2013 17:13:06)

Јас не би направила ништо, би ги оставила да си поиграат малце под мој надзор и после ќе му речам сега ќе идеме да се бањаме па утре ќе си играте.
Инаку во врска со комшии сега немаме проблем живееме во куќа па не сметаме никому. Кога живеевме во зграда ми викаа комшиите ние не ве гледаме ама ве слушаме.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]
Па побогу дете штотуку родено што може да прави освен да јаде, спие и плаче зарем треба со сила да му затнувам уста како можете да му објасните да не плаче. Не ми пречи лупање тропање смеење во доцни часови, гласно зборење во ходник, сме биле подготвени на тоа кога сме решиле да живееме во зграда. Зарем треба на прсти да одат луѓето низ дома кога ние одмараме и обратно. Сепак не е времето на комунизмот кога се знаеше кога се работи кога се руча кога се одмара. Секој има прво да прави во својот дом што сака во нормални граници.




Mihaela 2010 -> RE: Деца и комшии (27.8.2013 17:32:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

А што правите кога седнувате во двор, и одма ви доаѓа некое комшиско дете, со кое баш и не сакате многу вашето да се дружи?

Off jas nekogas t.e mnogu cesto se naogjam vo vakva situacija,znaci so tie komsii ubavo si ziveeme i decava epten se druzat no ima momenti koga sakam da si ispijam kafe na raat i koga ke mi se tupne komsiskovo dete umiracka mi e.znaci umorna od rabota sakam odmor a toa ete go kaj mene,a sto e naj interesno sto negovite ne ni znaat kade e bukvalno ostaeno samo na sebe,tie spijat odmaraat a jas nemozam moevo od umor da go poglednam a kamo li uste edno dete..ama ima takvi bez oset stio da im pravis




vezilka RR -> RE: Деца и комшии (27.8.2013 17:43:22)

Леле и ние имаме едно такво комшиско дете, малку поголемо од Никола. Додуше не влегува многу често во двор, изгледа го караат дека не смее без прашање, ама ќе почне да го вика Никола на улица. А на Никола толку му треба, веднаш е на улица. Ајде што ќе ме извлечат и мене на улица, ама толку е хиперактицно детево и трча нагоре, надолу по улицата, што јас не можам да ги контролирам, а богами тоа не слуша ни мајка ни баба, а камоли мене. И смрт ми е кога ќе го викне на улица.




Bethany -> RE: Деца и комшии (27.8.2013 18:02:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR
Не ми пречи лупање тропање смеење во доцни часови, гласно зборење во ходник, сме биле подготвени на тоа кога сме решиле да живееме во зграда. Зарем треба на прсти да одат луѓето низ дома кога ние одмараме и обратно. Сепак не е времето на комунизмот кога се знаеше кога се работи кога се руча кога се одмара. Секој има прво да прави во својот дом што сака во нормални граници.

Да, не е време на комунизмот, ама јас мислам дека пристојното однесување, посебно кога се живее во станбена зграда, не е поврзано со комунизмот, туку со основниот ред и култура. Може исто да се рече дека и ако тие сакале да тропат и да се понашат ко дивјаци, можеби тие не беа доволно подготвени за животот во заедница.

Куќен ред би требало да има, не знам, ама јас одраснав со такво некое неписано правило, не во смисла кога кој јаде или одмара, ама треба да се почитуваат и другите кои живеат тука. Па забога, сега ќе им загорчувам живот затоа што јас ете имам право да правам што сакам во мојот стан. А има, посебно во последното време, толку многу екстремни случаеви, каде што човечката себичност оди многу далеку. Почнувајќи од се повеќе примери на родителите кои баш ги е гајле за други деца на игралиштето кое е јавно, а не па во личниот стан во станбена зграда.




Felly RR -> RE: Деца и комшии (27.8.2013 18:04:16)

Па и ова кај нас е баш така, хиперактивно дете, некогаш М од што не е навикната така, само стои и го гледа, не знае дури ни што да направи, или пак почнува да беснее заедно со него. Еднаш дојде, па ајде играа, па му се пиеше вода, и слезе кај свеки долу да се напие, па си седнало детево да гледа ТВ, а ние сите со мајка му седиме во двор. Одвај го наговорила свеки да дојде и тоа надвор.[sm=smiley36.gif]




eleonorastrumica -> RE: Деца и комшии (28.8.2013 15:54:32)

И моето е хиперактивно дете,среќа голема имам што комшиите под мене имаат и тие малечко поголемо е од моето само неколку месеци,така да немаме проблем,дали оти сме повеќе млади брачни парови во зградата со помали деца секој за секој има разбирање барем за сега




sandriana RR -> RE: Деца и комшии (29.8.2013 10:06:19)

Се сложувам со Бетани за граници на пристојност и обзири и кон другите, иако многу ретко се почитуваат во последно време, општо земено.
И јас пораснав во големо соседство, каде владееше куќен ред, и задолжително се почитуваше. Гледам дека и новите генерации дојдени во истото соседство се трудат да го задржат истиот. Нормално, кога има мали деца/бебиња секој за секого има обзир и трпение ако бебе плаче, но за веќе поголемите деца се воспоставува ред.
Сега преминав во куќа, но пак имаме многу блиски соседи, те, куќите се блиску една до друга, но навиките од старо маало си ги донесов со мене, па внимавам Т да не збеснува и да досадува. Ако ја повикаат соседите да ја поиграат од ќеиф, гледам да не биде повеќе од 20тина минути сама кај нив - или им се придружувам уште кратко време, или си ја земам дома. Во близина имаме уште неколку дечиња на приближна возраст колкуТ, но немаме често контакт со нив, па не би можела да коментирам за нивното однесување.




Mihaela 2010 -> RE: Деца и комшии (6.12.2013 11:00:13)

nekako koga ke dojde ladno,zima,site se zatvaraat po doma i retko se gledame so komsiive,osven vikendi koga cite doagaat na kafe ili nie odime kaj niv,znaci decava se pod nasa kontrola
pisuvav i pogore,letno vreme mi e smrt,sami deca si doagaat kaj nas,i ja neznam sto poprvo dali deca da cuvam ili raboti da sreduvam




deluxe -> RE: Деца и комшии (6.12.2013 12:20:59)

Ние живееме во куќа,и никогаш не ги ограничувам децата ,поради комшиите.Ниту им сметаме,ниту ни сметаат.Ќуќата е рај за децата




Defne90 RR -> RE: Деца и комшии (13.2.2014 19:34:55)

И ние живееме во куќа,но куќата е лепенка со комшиите.Нивните деца се веќе големи а плус и не се веќе овде во македонија доаѓаат само налето или преку зима.Додека беа мали се уште живееја овде и тогаш можам да кажам дека беа и гласни и си играа и лудуваа се случувало да играа и до 12 часот по полноќ, но тогаш ние ќе им тропневме по ѕидот и тие ќе се смиреа.Исто се случувало и обратно со нчите да бидат будни пак тие до касно и да тропаат.Ама сепак никогаш си немаме замерено заради тоа затоа што сепак тоа се деца и децата едноставно понекогаш не знаат за зборот мирен.Сега кога отидоа во странство да ви кажам право некако шубе ми е тивко дали дека си навикнавме на галама и бучава.[sm=smiley1.gif]




Страница: [1]