Техники за заштита од "манијаци" (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Палешка РР -> Техники за заштита од "манијаци" (11.6.2013 17:51:21)

Постојат неколку видови манијаци

Прв тип - безопасен, само гледа те манијачи и ништо не прави ..
Вториот тип е вербален напаѓач, човек кој ти дофрлува од улица или било каде
и третиот најопасен тип, тој што те напага физички, со допири и најстрашното - силување.


Дали често сретнувате вакви типови?
Како реагирате?
Како би се одбраниле ако сте физички нападнати?




Bethany -> RE: Техники за заштита од "манијаци" (11.6.2013 17:56:19)

Уфф [sm=hudicek1.gif]

На првите не обрнувам внимание,
на вторите исто така, само поминувам
на третите... недај Боже да ми се случи, ама кога би го затрескала со сета сила, и со нокти во очите, уф не знам [sm=hudicek1.gif]




Палешка РР -> RE: Техники за заштита од "манијаци" (11.6.2013 18:09:46)

Јас само првиот тип на манијак си го имам [sm=smiley36.gif]
Седи во другата улица и секогаш во 7,45 е на тераса...се пули леле мајко.
Упорен е и на сонце и на дожд и на снег.
Да менувам пат подалеку ми иди.

Е шо да му прам? [sm=jezicek.gif]




niki -> RE: Техники за заштита од "манијаци" (11.6.2013 18:13:05)

prvite i vtorite gi ignoriram
so tretiot vid bi se borela so seta sila, bi vristela kolku me drzi glas za pomos, bi udirala so race noze i bi gledala nekako da mu se izmolknam od race i pobegnam
najdobra zastita mi e sepak sto navecer i po mesta somnitelni i temni gledam da ne se dvizam sama, izbegnuvam, ako sum sama togas sto pobrzo onamu kade ima golema frekfencija na luge




Martins mom -> RE: Техники за заштита од "манијаци" (11.6.2013 20:41:48)

Леле еднаш што ми се случи..Дури студирав, една вечер останав кај едни другарки да спремаме испит до полноќ.живееа близу до мојата зграда, така што немаше потреба некој да ме испрати. На патот кон дома ме пресретна човек со турнати пантолони и почна да трча по мене , а пенисот му се мафташе. Јас избезумена почнав да трчам и бегам, а тој почна да ми вика „еј, глупа женска, сите за к*р плачат, а оваа од к*р бега“[sm=zmeden.gif][sm=smiley36.gif] Не знаев дали да плачам или да се смеам[sm=smiley36.gif]




Maca25 -> RE: Техники за заштита од "манијаци" (11.6.2013 20:53:27)

Секој ден во автобус има по еден манијак од првиот тип. Не знам што им е филмот посабајлечки, јас бела мачка пред очи гледам а тие те зјапнале и те меркаат од глава до пети. Најчесто се постари чичковци, од кај 45 - 55 години. Најчесто гледам да ги изигнорирам, ама ако сум на лева нога станата знам и да ги укопам со поглед или да ги прашам некој проблем да не има.




caciana -> RE: Техники за заштита од "манијаци" (11.6.2013 20:54:48)

игнорирам[sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Техники за заштита од "манијаци" (11.6.2013 21:02:57)

Ме вадат од кожа сите видови. Ми го нарушуваат мирот, ми го уништуваат денот. За моја среќа не сум се соочила со силувач. До скоро носев спреј во ташна оти често ми се случувало да се враќам во ниедно време сама. И Инаку факт е дека улиците во Скопје се небезбедни за жените.




Страница: [1]