Палешка РР -> Како да изведете добар стриптиз? (11.6.2013 21:14:43)
|
Претходна подготовка. Во оваа фаза треба да обезбедите локација, соодветна атмосфера, облека. Ова се трите елементи што мора добро да ги осмислите. Атмосфера: придушете го светлото во собата за да создадете интимност. Снимете компилација со песни што во вас знаат да ја разбудат дивата страна, кои поттикнуваат на еротика и на фантазија. Облека: за танцот што го имаме замислено за вас потребни ви се следните парчиња облека: свилена марама, блуза, кошула, маичка, сé е прифатливо додека има копчиња за откопчување, здолниште по можност со патент. Подвезиците се најсекси долната облека што можете да ја најдете во вашиот плакар. Можеби најважниот момент за стриптиз-комбинацијата се потпетиците. Што повисоки тоа подобро. Зачини: мирис, ново име, мазна кожа, провокативни усни, нежни раце со средени нокти, миризлива и сјајна коса. На кожата нанесете бебешко масло за да свети и да изгледа провокативно истакнувајќи ја линијата на самите нозе. Усните истакнете ги со малку кармин, а повеќе сјај. Ставете од парфемот што проверено го возбудува. Прснете малку и во косата, откако претходно убаво ќе ја измиете и ќе поработите на волуменот. Додека го изведувате танцот, ќе треба да се допирате и да се галите сама, затоа обрнете внимание и на дланките. За да се внесете во целиот филм, најдобро е да си замислите дека тоа всушност се неговите дланки што ве галат. За крај смислете сочно име со кое ќе ви се обраќа. Дали некогаш сте изведувале стриптиз за Вашиот сакан? Каква облека користите? Каква атмосфера правите? Дали има ефект? Ако се срамите, пишувајте анонимно [sm=smiley2.gif]
|
|
|
|