RE: Извинете, може преку ред? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Палешка РР -> RE: Извинете, може преку ред? (16.9.2013 10:23:53)

Јас имам една ептен смешна ситуација.
Во месарница чекаме ред за месо и доаѓа дедо со дете в раце, застанува најназад и вика: "За мајки со деца може преку ред?" [sm=smiley36.gif]
Сите се изнасмеавме и го пуштивме [sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif]




vezilka RR -> RE: Извинете, може преку ред? (16.9.2013 10:28:46)

Хе хе се занел човекот, му се заматиле улогите [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Извинете, може преку ред? (16.9.2013 13:09:10)

Се изнасмеав и јас. [sm=jezicek.gif] Па кој не би го пуштил.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




DuffytheDuck -> RE: Извинете, може преку ред? (16.9.2013 15:26:10)

Морам да споделам со вас една интересна ситуација, нели пошто трудни жени имаат некој вид предност [sm=smiley1.gif]
Чекаме со сопругот во супер маркет за да платиме со корпа во која имаше точно 5 производи. Пред нас имаше 2-3, јас 8-ми месец бремена со стомак до заби си стојам и чекам не ми е проблем. Фала богу никој не рече ништо за да одам преку ред. Ама доаѓа затрчана една жена со 4 работи во рака и вика: Јас многу се брзам може ли да одам преку ред, еве само овие работи ги имам. Јас девојки прашалник, не знам како да и изреагирам. Викам ок нема проблем оди јас ќе чекам. И фино си отиде пред нас, плати 2 мин порано отколку што би не чекала а јас останав пак прашалник. Ете и тоа го има [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]