Bethany -> RE: Кое млеко е најдобро за исхрана на децата? (22.8.2013 21:25:17)
|
Мислам дека педијатрите генерално не препорачуваат млека, ниту кравјо, ниту козјо, да се пијат во големи количини после навршена една година на детето, поради можноста на анемија. Знам дека млекото и млечни производи во комбинација со зеленчук и месо, не дозволуваат апсорпција на железото од храната. Затоа, колку што читав, млекото не треба да се дава непосредно пред оброците (зеленчукови и месни), за време, исто и после оброкот најмалку да помине еден саат па потоа може да се даде млеко. А инаку во комбинацијата со овошјето, не сметало. Тоа што читав од еден нутриционист. Инаку, јас би давала козјо кога би сакал малиот и ако би можела да најдам од проверено место. Мислам дека многу има многу повеќе предности отколку што може да направи штета. Обично доктори препорачуваат козјо како најчисто млеко, ова за возрасни, па претпоставувам и за деца.
|
|
|
|