|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Услуга за услуга
12.6.2013 11:37:23   
Gwendolin
Барав ваква тема, не најдов.
Една случка ме поттикна да ја отворам темава. Имено, работата е во тоа што од блиска пријателка ми е побарана услуга. Таа и сопругот многу пати ни правеле услуги кои и не сме ги побарале. Но, во овој случај, не можев да и завршам работа точно како што таа сакаше, туку и понудив подобра и побрза варијанта кој сум во можност да ја извршам. На крај таа се налути ради да не речам детски причини и за жал неубаво се однесуваа кон мојата фамилија.
Не можам да разберам, должни ли сме да возвратиме со услуга, иако не сме во можност да ја извршиме?
Ако одбиеме да направиме нешто за пријател ради оправдани причини, тоа автоматски значи крај на пријателството?
Не зборувам за услуги на работа меѓу колеги како смена, слободен ден и сл., туку долгогодишни пријатели. Должни ли сме да ја враќаме секоја услуга за да се одржи едно пријателство? Што мислите?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Услуга за услуга
12.6.2013 11:49:16   
Felly RR
Секако дека не, ако сум направила некоја услуга на некој - тоа сум го направила зошто сум сакала да помогам, не дека ќе си барам после нешто за возврат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Услуга за услуга
12.6.2013 12:05:39   
JovanaJ
Se soglasuvam deka prijatelstvoto ne bi trebalo da se odrzuva poradi pravenje uslugi.
Rabotata e vo toa sto, ke si mislat deka ne si im zavrsil rabota zatoa sto ne si sakal, a ne zatoa sto ne si mozel. Sekogas se precepira od taa strana, posebno ako veke vi imaat napraveno nekoi uslugi, si smetaat deka ete go i nivniot red.
Nemozes mnogu da napravis okolu ova, ako resile da se lutat, ke se lutat...
Malku se poslozeni ovie raboti, site znaeme deka treba da se pravi usluga zatoa sto sakas nekomu da pomognes a ne deka cekas povratna usluga. No rabotite stanuvaat poslozeni ako prijatelite smetaat deka si mozela no ne si sakala da i ja napravis uslugata.
Zavisi i od tezinata na uslugite...neznam spored mene slozeno e, nemoze taka ko so noz da se presece...

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Услуга за услуга
12.6.2013 12:14:37   
deluxe
Услуга правам на секого,нормално доколку ми е во можност.И тоа го правам од моја сопствена волја,не дека очекувам нешто за возврат.А мразам кога некој ќе ми помогни ,и подоцна очекува возврат

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Услуга за услуга
12.6.2013 12:26:01   
vezilka RR
Абе како да кажам сега а да не згрешам. У принцип, тогаш кога ја правам услугата сигурно, 100%, немам во позадина, на ум, ах, добро, сега ќе помогнам на овој, зошто тој може да ми помогне тогаш и тогаш. Ама, да бидам искрена, дека сум се нашла во ситуација, кога сум побарала услуга од некој (близок) на кого сто услуги сум му напраила ( и се работело за наивни услуги, не вработување, или нешто од тој маштап) ме одбил, да се налутам. Ама КАТЕГОРИЧНО, не го намалувам интензитетот на пријателство за тоа, туку и јас почнувам понатаму да се штедам во услугувувањето.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Услуга за услуга
12.6.2013 12:33:53   
temjanuska75

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Абе како да кажам сега а да не згрешам. У принцип, тогаш кога ја правам услугата сигурно, 100%, немам во позадина, на ум, ах, добро, сега ќе помогнам на овој, зошто тој може да ми помогне тогаш и тогаш. Ама, да бидам искрена, дека сум се нашла во ситуација, кога сум побарала услуга од некој (близок) на кого сто услуги сум му напраила ( и се работело за наивни услуги, не вработување, или нешто од тој маштап) ме одбил, да се налутам. Ама КАТЕГОРИЧНО, не го намалувам интензитетот на пријателство за тоа, туку и јас почнувам понатаму да се штедам во услугувувањето.


И јас сум се нашла во слична ситуација, и слично постапувам. Не сметам дека треба да се намали пријателството, туку услуги веќе нема. Значи не збораувам за ситуации кога некој неможел да ми направи услуга ( тука воопшто не се лутам), туку се нервирам кога некој занеш дека може со сигурност да ти помогне, а несака т.е. се прави наудрен, а има ситуации ќе ти заврши работа па после како Господ ќе се однесува кон тебе. Е ова ужасно ме иритира.
Затоа ги избегнувам овие услуги за услуги, колку можам се рабира.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Услуга за услуга
12.6.2013 12:38:06   
Bethany
Пријателство не е условно, ако е такво тогаш всушност и не е пријателство туку да гледаш да имаш некоја полза. Додека ми чиниш ок, ако нешто не ми е по ќеиф пријатно.
Ама кога дојде во прашање повредена суета, јас на него правев, а тој мене не, тогаш или треба да се остави време да се оладат главите, па да се проба да се разговара потоа, можеби ќе си ја повратиш пријателката, ако била вистинска пријателка.
Или ако не може да премине преку повредено его, или да се обиде да ја разбере и твојата страна, тогаш нека си тера по својот пат.
Ама ако ја сметаше за вистинска пријателка, не оставај туку-така. Дај и малку време да се смират страстите и побарај ја.
Пријателство се гради, многу е лесно да се изгуби, ако се разберете, ќе имате посилно пријателство потоа. user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Услуга за услуга
12.6.2013 12:49:43   
sandriana RR
Кога услугата ја правиш некому од твој ќеиф, да му помогнеш, тогаш треба да си задоволен од резултатот што ќе биде некој среќен, задоволен, исполнет заради таа услуга. И никогаш не треба да се очекува во таков случај против -услуга. Особено, ако некому му правиш услуга што не ти ја побарале, туку ти сметаш дека може и треба да се помогне некому.
Кога се работи за пријател, дури и не сметам дека сум направила услуга, туку сум помогнала од срце. Секогаш важи и обратната ситуација- ако некој мене ми се најде, по негова желба, волја, инсистирање. Не се чувствувам должна дека треба да вратам на ист начин, со иста мера. Ќе најдам некогаш ситуација, прилика, да се оддолжам онака како јас можам, во рамки на мои можности.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 8
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?