RE: Ве нервира ли времето? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mommy_angels RR -> RE: Ве нервира ли времето? (29.4.2014 7:56:02)

До матура ќе се разубави,не се секирај,ама до тогаш -ко преживи причаче [sm=smiley36.gif]
Детево ми полудува по дома,ај еден ден игротека,друг во некој трговски,ама не е еден пустото,цел месец скисна времево.Мене ми здосади да седам дома затворена,а не па на ѕвер од две години со доволно енергија да преврти куќа на кров




miana -> RE: Ве нервира ли времето? (29.4.2014 9:56:45)

Мене ептен ми влијае времето на расположението. Депресивна сум, сите по дома настинати и нервозни, неможеме да прошетаме на чист воздух.. Малово дете трет пат ми е настинато во рок од месец ипол. [sm=zmeden.gif] Аман ајде сонце излези малку




Tanjat7880 -> RE: Ве нервира ли времето? (29.4.2014 10:42:48)

E kako da ne me nervira,pa pretera dozdov I studov,pa parno nemame a jas eden ton stvari za perenje,kako ke se isushat ne mi e jasno ako ova vremevo vaka prodolzi[sm=hudicek1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Ве нервира ли времето? (29.4.2014 11:14:35)

Me nervirase epten minatata nedela poso si bev na odmor ama O nevidov od odmorot,malku setnja po zatvorenite molovi i tolku
Sega koga trgnav na raboti i ne se zamaram kakvo e ,neka vrne samo da ne grrrrrmiii[sm=zmeden.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Ве нервира ли времето? (4.5.2014 12:03:12)

vekje pocnuva da me nervira...go pretera vise...lani za 1 maj imam sliki ,detevo mi e po kratki obleceno I dole I gore,sto znaci deka bilo epten toplo cim sum ja soblekla,ova na nisto ne lici,kaj vrne pa uste I svezo e...breeee sto prolet ke bese[sm=smiley13.gif]




Defne90 RR -> RE: Ве нервира ли времето? (4.5.2014 13:23:39)

Да да лани беше ептен топло не се дишеше дури ова време за први мај.А сега дожд па дожд.Ми здосади и мене и тоа ептен времиштево никакво.Посебно што си носи и болести и настинки со себе,ете М пак е болен.Море и почна да ме депримира веќе.Ајдеее доста беше бегај дожду![sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Ве нервира ли времето? (14.5.2014 19:46:54)

Неееее , баш е депресивно [sm=jezicek.gif] Сакам сонце ,сакам летоооо




mommy_angels RR -> RE: Ве нервира ли времето? (26.5.2014 7:27:48)

Синоќа колку ме нервираше вие не знаете.Ај што не бевме дома кога фати невремето,па цело време нетрпеливи дали дома настанал некој проблем или не,туку и заглавивме во поплавите.Се вртевме околу градов два часа и пукнавме [sm=hudicek1.gif].Езера на влезот од Скопје и оди па отиди си дома.Не кружеше полицијатас во круг,значи колку се неорганизирани тоа е чудо некое.Се знае дека надвозникот кај Бриколаж и клучката кај Континентал се поплавуваат при силен дожд и наместо да ги пренасочуваат луѓето ,тие не вртеа во круг [sm=zz_banghead.gif].На крај ни се смачи и си се вративме на обиколницата и си влеговме од другиот крај на градот.Катастрофи живи.Среќа во несреќа е што на мојот крај од градот не врнело многу,па дома се си беше во ред




Mihaela 2010 -> RE: Ве нервира ли времето? (25.9.2014 15:28:12)

Vekje prestana da me nervira...iako pocna da vrne nemam vise sili da se zamaram kakvo e sto e dali ke ogree sonce...




Snowhite RR -> RE: Ве нервира ли времето? (28.9.2014 12:20:03)

И јас престанав да се нервирам поради времето, какво е такво е, ќе се прилагодуваме според него и тоа е, и да се нервираме, нема да го смениме




Mihaela 2010 -> RE: Ве нервира ли времето? (28.9.2014 12:22:48)

Eve narednava nedela ke bid soncevo, bez dozdovi pa da pouzivame uste malku.




Felly RR -> RE: Ве нервира ли времето? (28.9.2014 13:16:44)

Неееееееее, па што е убаво топло. Како да ме нервира [sm=smiley5.gif]




LoveableMe RR -> RE: Ве нервира ли времето? (28.9.2014 19:13:47)

Е баш напротив, денес беше супер, камо вака да е секој ден[sm=smiley1.gif]




Dilina -> RE: Ве нервира ли времето? (29.9.2014 0:03:38)

Метеопат сум, ама не сум нервозна кога е лошо времето.... но ако заглави зима со врнежи и облачно знае да ме запука некоја меланхолија... а денес ми беше супер времето, се надевам ќе остане така уште малце барем...




Snowhite RR -> RE: Ве нервира ли времето? (29.9.2014 10:26:28)

Еве метеоролозите прогонозираат дека нема да има зема, дека есенва ќе бидат пролетни температурите, а дури во Јануари ќе има снег и минусни температури и тоа кратко
Дали ова ќе ве нервира?[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Ве нервира ли времето? (29.9.2014 11:47:08)

Па цело лето беше како есен, ич нема да ме нервира ако есента биде како пролет, а зима нека има, да видиме и малку снегче.




caciana -> RE: Ве нервира ли времето? (26.11.2014 14:48:30)

Da me nervira... SAKAM SNEG!! a ne samo vaka oblacno na nisto ne lici. Vreme e za sneg [sm=zmeden.gif]




Ki4iko -> RE: Ве нервира ли времето? (26.11.2014 21:17:25)

Јас мразам зима,снег,ладно,студ, епа сега замислете колку ме нервира ова време [sm=zmeden.gif]




scared RR -> RE: Ве нервира ли времето? (26.11.2014 22:27:06)

Deneska bese ubavo soncevo ili vakvo da e sakam ili da vee sneg, dozd i oblacno ic ne sakam [sm=smiley13.gif]




Ki4iko -> RE: Ве нервира ли времето? (27.11.2014 16:51:53)

Интересно за мене е што сум зимно бебе родено во јануари во најголем снег,а мразам зима и студенило [sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Ве нервира ли времето? (27.11.2014 17:01:35)

Ме нервира само затоа што не можам децава да ги изнесам надвор или да ги пуштам надвор да играат, дома во четири ѕида не знаат што да прават и само се тепаат, се караат, врескаат.. Како ќе се издржи зимава не знам[sm=zmeden.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]