Интерактивен семинар/работилница за родители (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


blue_blue -> Интерактивен семинар/работилница за родители (12.6.2013 15:19:17)

Доколку видите понуда да одите на некоја работилница/семинар на кој ќе научите нешто повеќе околу подигнувањето на вашето дете дали би оделе? Кои теми би ви биле интересни? Во кое време најмногу би ви одговарало ова да се случува? Колку би биле спреми да платите за ова? Кој би сакале да ја води работлницита - педијатар/психолог/искусен родител?




kapina -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 15:20:24)

da bi odela




caciana -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 15:21:36)

не е на одмет! да би одела!!




AnnaMolly RR -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 15:21:42)

Да, баш би сакала да посетам некоја ваква работилница. За плаќањето не знам што да речам...На пример ако се работи за работилница од неколку часа, би платила да речеме до 300 денари. Ако трае неколку пати месечно, нормално повеќе. А би сакала да ја водат и прихолог, педијатар и искусен родител. Баш би било интересно.




sibela555 -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 16:09:35)

ne bi odela




JovanaJ -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 16:13:39)

Sekako deka bi odela. Sigurno bi bilo korisno.
Najveke bi me interesirale temi za ishrana i psiholoski/fizicki razvoj.
Ubavo bi bilo da bide popladne, nekade posle 5, no neznam kolku bi platila. Se zavisi od tipot na rabotilnicata.
Inaku bi sakala da ja vodat, iskusni pedijatri, psiholozi i roditeli.




vezilka RR -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 16:15:10)

ДА би одела. Веќе се догаварав да појдам на еден курс за кој дознав, ама нешто не ми се јавија. Требаше да ми се јават кога ќе формираат група. Не знам што стана. Иначе се одржуваа попладен после 18 часот, што мислам дека е во ред. Коштаа околу 500 денари, сесија, што исто така мислам дека е во ред. Интересно беше што се одржуваат заедно родители со децата. покриваа различни теми. Баш треба да ја исконтактирам девојклата да видам што се случи со тоа.




JovanaJ -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 16:19:46)

Pa Vezilka spodeli informacii poveke koga ke imas...se nadevam ne e problem.




vezilka RR -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 16:42:43)

Никако како проблем..туку се изгуби девојчето. Баш деновиве ќе го побарам бројот да видам што се стори.




Snowhite RR -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 17:09:02)

Не сум слушнала до сега за вакво нешто, ама да има секако дека би одела




Bethany -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 17:16:05)

Да би сакала. Ме интересираат темите на психолошко, ментално ниво, па со тоа би било убаво да слушнам психолог што има да каже:))
Како пример влијаат на децата спомени, убави, неубави, како може да му се зголеми самопочитта, или што ќе му ја наруши итн.
Тоа само онака како пример дадов...
За цената немам поим, би да речеме било идеално еден пат неделно и да е рецимо некаде до 500 ден. Отприлика тоа.




Maca25 -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 20:23:59)

Секако дека би одела. За цена не можам да кажам точно колку би платила, се зависи од тоа кој ќе ја води работилницата и колку време ќе трае. Според мене најдобро време за ваква активност би било сабота попладне или после работа.




Martins mom -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 20:48:23)

Ако е разумна цена и ја водат стручни луѓе што имаат навистина што да кажат - би одела.




Еки82 -> RE: Дали би оделе на интерактивен семинар/работилница на кој ќе научите нешто ново околу подигнувањето н (12.6.2013 20:50:37)

Дефинитивно би одела, секоја работилница/семинар/конференција ме полни со мотивација и нови креативни идеи [sm=smiley1.gif]
Само кај нас нажалост има многу малку навистина инспиративни луѓе кои можат да го пренесат тоа знаење, тоа највеќе ме мачи за секоја област не само оваа тема.




Felly RR -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (12.6.2013 21:35:15)

Да, секако би одела. А добро би било и психолог, и педијатар и некое друго стручно лице да ја водат работилницата, а родителите секако ќе учествуваат со своите искуства.
P.S.Го скратив малку насловот, беше премногу долг.




eleonorastrumica -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (12.6.2013 21:42:56)

и јас би одела доколку има во мојот град иако имам завршено педагошки,на посдипломски бев педагогија изучев голем број на книги сепак би сакала да слушнам повеќе мислења и од педијатри,психолози,психијатри




niki -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (12.6.2013 21:49:14)

i mene zapisete me koga ke formirate grupa[sm=smiley36.gif] se zezam
bi odela sekako, psiholog, pedijatar, nutricionist bi bile idealni predavaci, a i inspirativni iskusni roditeli
aktuelni temi momentalno mi se skolo i akademski razvoj, vlijanieto na sredinata i drustvoto vrz zivotot na decata, osamostojuvanje, gradenje samopocit, samodoverba, odrzuvanje na blizok i doverliv odnos roditel dete kako podgotovka za pubertet.... i uste mnogu sto zavisno od vozrasta neli
kolku bi platila, pa ne bi sakala da moram mnogu da platam, da se razbereme ekonomska kriza e, pari nikoj nema visok, znaci nesto razumno , simbolicno da mozat sto poveke roditeli da se vklucat, da ne se pravat rabotilnici samo za dobro situirani




sandriana RR -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (13.6.2013 9:03:17)

Би посетувала и јас, и би платила некоја разумна цена - да речеме докај 20тина евра месечно.
А секако дека такви работилници би требало да ги водат педијатри, психолози, логопеди, може и педагог.
Интересно е да се формираат групи на родителите заедно со детцата.




sandriana RR -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (22.6.2013 11:05:27)

Сега налетав на еден напис за семинар за родители најавен за Септември (21ви), на тема NTC систем на учење – Како успешно да се развива IQ кај децата низ игра?
Предавач ќе бил д-р Ранко Рајовиќ, претседател на одборот за талентирани на МЕНСА Интернационал, автор на NTC системот.
Цената - 3600 денари (3060 ако се уплатело до 30ти Јуни), за 5 часа времетраење на истиот. Освен предавање од 90 мин., остатокот ќе биле практични вежби-работилници.
Што мислите за ова? Разумна ли е цената? Би отишле ли на ваков тип предавање?
Мое лично мислење е дека за општиот стандард цената е превисока, не секој може да одвои толку пари, особено за еднодневна активност.




niki -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (22.6.2013 11:24:15)

imam gledano edno video na youtube od edno predavanje na Ranko Rajovik i ona sto bese opfateno vo videoto mnogu mi se dopadna, me zaintrigira i mi se vide interesno. Bi sakala koga bi mozela da posetam edno takvo predavanje i da go slusnam vo celost. Toj isto taka ima napisano i kniga na ista tema pa slednoto moe odenje vo SR ke mi bide na agenda za nabavka.
za cenava ne znam sto da recam, 50 evra ne se voopsto malku, posebno za makedonski uslovi, no mislam deka vredi, vsusnost bi dala i tolku, no ne bi se bunela i da e pomalku[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (22.6.2013 12:07:22)

И јас баш разбрав за овој семинар, ама мене цената ми е премногу само за 5 саати. Плус и треба да се има во предвид дека некој само за да дојде до СК му требаат 1000 денари плус на таа цена. А инаку баш и јас ги имам гледано видеата, и ми се допаднаа - мислам дека Јами Мами имаше поставено линкови.
Еве ја ТЕМАТА.




Bethany -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (22.6.2013 12:14:39)

Се сетив веднаш на видеото, имам го гледано и јас тогаш, и баш му пуштав и на мм...
Многу интересно и точно. Барем ние со нашата култура и менталитет треба да го одгледаме.
Не скокај, не се валкај и слично [sm=smiley1.gif]

А за цената, за еднодневен семинар/поучување е малку многу [sm=smiley1.gif] Барем јас во моментов не сум во можност толку да дадам за еден ден, да имам вишок, би дала и без размислување. [sm=smiley1.gif]




simona11 -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (22.6.2013 12:16:34)

Sekako deka bi odela na takov seminar , mnogu e poucen




Snowhite RR -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (22.6.2013 12:21:18)

Цената мислам дека е превисока за наш стандард, колку и да е кавлитетно предавањето, мисламн дека е скапо и да си во Скопје, а не пак како што кажа Фели за тие што не сме од СК тука треба да се пресметаат и дополнителни трошоци за пат, храна и други трошоци по пат. Како и да е, се се прави само во Скопје и само за Скопје, ние од провинција не мора ни да учествуваме. Жалосно, ама тоа е реалноста




simona11 -> RE: Интерактивен семинар/работилница за родители (22.6.2013 12:23:39)

Jas pa mislev za dzabe e




Страница: [1]