Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


miana -> Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (14.6.2013 15:14:14)

Ајде да видам како стоиме на ова поле? Постојат ли сеуште "казни" и по колку?
Кај мене на работа не се случувало ова досега а знам дека на други места се случува и тоа многу и често.
Ваше искуство?




niki -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (14.6.2013 15:20:08)

ne me kaznile dosega
bar mislam deka ne
inaku na nivo na drzava platite od lani se skrateni poprilcno




vezilka RR -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (14.6.2013 15:24:51)

Кога работев во продавница редовно ми кратеа од платата, од непознати за мене причини..така му текнало на газда, хе, хе. Те фалело од роба, а не ми донел испратница, туку тој така решил дека фалело, те некој оштетил од робата, па јас ќе си ја платам, тоест ќе ми скрати од плата. Не можам да се потсеќам сега на тоа ќе ме изнервира, а баш сум сречна во моментов [sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (14.6.2013 15:26:54)

ДО сега не. И се надевам нема - максимално сум посветена на работата, многу си ја сакам и не би дозволила да направам некој пропуст.




Палешка РР -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (14.6.2013 15:31:07)

Кај нас скратуваат на ниво на цела фабрика втор месец по ред, без најава и објаснување.
Ама не сакам сега да се нервирам за тоа...




Snowhite RR -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (14.6.2013 22:26:53)

Лани летото ни скрати прв пат, мислам нас администрацијата, а не беше по наша вина. Имаше промена во книговодството и старата книговодителка не ни пренесе една работа а ние сами не можевме да ја предвидиме и така го пропуштивме рокот и сумата која што ја плати потоа ни ја скрати нас на плата. Многу се изреволтирав значи прво зашто стварно не бевме виновни, а второ зашто пред тоа кога ни вети награда не ни ја даде веднаш т.е. уште ја нема дадено, а кога дојде за казнување одма не казни




Martins mom -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (14.6.2013 22:53:25)

Досега не, нема шанси ни да дозволам да се случи.Јас не сум забушант и нејќам и газда со платата да ми забушава.Работам со љубов и давам се од себе и така без причина да му текне да ме казни, е богами тродупло ќе го казнам,а тоа ич нема да му одговара[sm=hudicek1.gif]




vezilka RR -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (14.6.2013 23:01:22)

Јас мислам дека во Мк. ако ти скрати газда плата, тоа не е знак дека работникот е забушант. Толку не иж
м можт ништо во приватниот бизнис секрор што си прават како ќе им текне. Па кутри жени во конфекциите работат за 6000 и ако на газдата му текне да им скрати плата, што мислите тие дека ќе прават, ќе се бунат. Не, ќе се прават дека не приметиле.




Martins mom -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (15.6.2013 9:15:16)

Епа се дури се прават дека не приметиле, тој ќе си дозволува така да им прави. Да се малце поздружени и да му се побунтуваат, одма друго ќе биде...
Јас на моиве уште од првиот ден им дадов до знаење дека нејќам никој да ме малтретира, сакам човечки однос, за да бидам и јас добра, ако нејќат - ок, за амалска работа ќе најдам на било кое друго место. Па, фала богу ме прочитаа што тип сум и се однесуваат фер, во спротивно ни минута не ме гледаат.




Pepelaska * -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (15.6.2013 9:35:00)

Мајка ми работи во конфекција па често и кратат не само нејзе и на другите кај мизерна плата па уште ти кратат, ама кој да се буни ќе ти рече оди си дома , друг ќе работи за истите пари.

Јас кај што работев претходно двапати ми скратија еднаш за колективна грешка, еднаш си измислија причина.Секогаш гледаа да кратат, а кога се надминуваа нивните таргети, барања и слично за бонус беа глуви.




Luci -> RE: Дали некогаш ви скратиле од плата работодавците и зошто? (15.6.2013 10:59:10)

Не само дневница, туку ми кратат и од храна и превоз ако побарам слободен ден[sm=hudicek1.gif]




Страница: [1]