diacor -> RE: Проблем со забременување- слаба циркулација/низок притисок (13.7.2013 14:17:31)
|
Убаво размислувате. Се согласувам со сите. Сакам да ви укажам на неколку чињенични состојби дека ладне нозе и oслабeна циркулацијата се последици. Причинители се најчесто, како ви имам кажано, хронични латентни инфекции присутни, може би со години. Мои скромни искуства укажуваат на присаство некој од ентеро вируси Coxsackie Б кој го напаѓа перикард на срцето, крвните садови на најчесто медуларен дел на овариуми, панкреасот, тиреоидеа и / или херпес вируси како најчести што се Сytomegalovirus (СМV) или Epstein Barr virus (EBV). Голем број луѓе ги имаат прелегано без да знаат. Еднаш кога се влезени, никогаш не искачат од организмот бидејки т.н. целуларен дел од имуниот систем во хроничната фаза ич не ги регистрира како проблеми. Кај 10% од заболени можно е да се создадат најсериозни заболувања. Лесно се дијагностицираат преку крвта. Заради финансии, доволно ви е да се испита само антиген на секој вирус посебно т.н ( IgG). IgМ нема потребе. Пример: EBV (IgG), CMV (IgG). Наоди, до колку ви се позитивни тогаш јавете ни се за да ве понасочиме шо чаре. Инаку, интересно е, ладни нозе и ослабена циркулацијата, посебно се третирани во древна китајска медицина. Како главни причинители тиа се кажувале дека се пореметени т.н. “Тројни грејачи" (китајски: „ San Jiao“) или на англиски "Triple Energizer" бидејќи тука се крв загрева. Не постои орган во западната медицина што одговара на Сан Jiao. Можам само да ви ги напишам како: *"горниот грејач", се наоѓа во торакалната празнина, поврзан со дишењето (дробови и срцето) *"среден грејач", се наоѓа во абдоминалната празнина, поврзан со органи за варење на храна (тиреоидеа, желудник, панкеас, ж. ќесе и дуоденумот). *"долен грејач", се наоѓа во долна абдоминалната и карлична празнина (под папокот), поврзано со отпад и елиминација на токсини (црн дроб, тенко, дебело црево, бубрези и мочен меур). Не ми замерите малку да се нашалам: Ладни нозе тоа значи дека ви е расипан грејачот.
|
|
|
|