Octavia -> Совети за поздраво живеење (22.6.2013 9:28:12)
|
Верувам дека сите имаме по некој совет како да му овозможиме на нашето семејство поздраво живеење. Би било убаво да ги делиме нашите искуства и совети на едно место, за да ни биде прегледно и секако, да научиме по нешто ново. Еве јас на пример ги обожавам оцетот и содата. Комбинацијата од оцет (алкохолен, 9%) и сода бикарбона е одлична за чистење многу делови од домаќинството. За чешми, шпорети, бигор, за дезинфекција... Употребата е наједноставна, се прска оцет (јас си го ставам во прскалка) и врз него сода бикарбона. Се остава малку да делува и се брише. Тоа е наједноставен начин да се избегне употребата на отровните хемикалии во домаќинството. Следна работа на која внимавам е употребата на пластиката. Секој ден употребуваме пластични садови, за разни намени. За се што можам употребувам стаклен сад, а ако веќе употребувам пластика внимавам на потеклото и на составот. Пластичните шишиња означени со број 1 се најчесто присутни. Тоа се шишиња во кои се продава вода за пиење. За таа пластика важно е да се знае дека не е за повторна употреба! При повторна употреба (значи, да си го полниме после сами шишето) се зголемува опасноста од мешањето на хемикалиите од шишето со водата. Ова посебно се зголемува ако шишето е изложено на сонце или висока температура. Пластиката означена со број 5 се смета безбедна за повторна употреба и ако веќе се користат пластични шишиња (кои се сепак најпрактични во некои ситуации) би требало да се купи шише кое може повеќекратно да се употребува и има ознака на дното 5. Еве ова е тоа што набрзина ми текна, ќе надополнувам како ќе ми текнува. Сите други совети се добредојдени [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|