RE: Распродажби (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


elenak -> RE: Распродажби (28.11.2013 23:49:16)

Ех баш имам намера да купувам правосмукалка некоја помалечка за дома, штета што немаме тука Техномаркет.[sm=smiley13.gif] Да важи попустов и за со достава супер ќе биде.




bucko mal -> RE: Распродажби (29.11.2013 4:17:17)

Mnogu cesto imame rasprodazbi,da ne kazam sekoj den.Najgolemite popusti se koga ima nekoj praznik.
Cesto kupuvam na popust,sega pravam spisok za 26/12 togas bas onaka e se na 80%




Annet -> RE: Распродажби (29.11.2013 8:39:15)

eve momentalno gi gledam ,ima popust ubav,no ne vo site gradovi,na pr taa pravosmukalka so ja sakam ja ima vo Sk vo nekoja prodavnica...taka da Popustov ne vazi za site podednakvo:((( Za ovie 3 dena online nemozes da kupuvas ,za ovie na rasprodazba




Mihaela 2010 -> RE: Распродажби (30.11.2013 8:57:15)

bas sakav da idam do tehnomarket ama koga mi kazaa deka cekaat po 4 saata za na kasa ne fala[sm=zmeden.gif]...nemam jas srekja da kupam nesto na popust




LoveableMe RR -> RE: Распродажби (30.11.2013 9:05:42)

Јас вчера бев во тахномаркет Центар, немаше воопшто гужва а и не е баш се така на попуст, или веќе се продало, некои производи беа назначени претежно бела техника, телевизорите беа намалени само ептен скапите од 40 000 или 60 000 денари, поевтините не беа на попуст, така што не се воодушевив од понудата. Позз




AneLav RR -> RE: Распродажби (30.11.2013 9:17:16)

И јас бев во Техномаркет овде во Струга,ама баш ништо не беше на поголем попуст од 10%.... Му викам на продавачот а што е со рекламата, а тој ми вика а што сакаше ти 80% попуст па све ќе беше продадено до сега... А јас му викам добро што е во продавницава на 80 % попуст, феновите за коса , тој ми вика ништо само во Скопје, значи и во Скопје не било ништо и повеќе нема да верувам во маркетиншки трикови... Уште јас крива излегов што сум прочитала дека ќе има 80% попуст...





AnnaMolly RR -> RE: Распродажби (30.11.2013 10:30:05)

Јас вчера имаше да ги адаваам сите во Техномаркет. На страната на интернет имаше неколку работи што ми требаат - аспиратор, греалка, вградлива рерна и вградлива плотна. Одиме вчера со маж ми и прво го барам аспираторот. Таа ми вика Ааа тој е стар модел, оштетен, воопшто го нема цела година. Викам што мајка сте барале да го ставате во производите на попуст кога воопшто не сте го ни имале?
Ајде плотната и рерната. Аааа девојче се се продаде ми вика. Добро. Одам да разгледам наоколу, сретнувам друга продавачка и исто ја прашувам за рерната и плотната. Во истата продавница друга продавачка вика Па тие модели одамна ги немаме. А ги ставиле во каталогот за распродажба! А бе збеснав!
Глупости невидени!
Ни греалка немаа на попуст, ни бутур.




zzaa -> RE: Распродажби (30.11.2013 21:55:03)

И јас бев вчера во техномаркет во К. вода, гужва колку сакаш, ама ништо намалено, ови е производи со ги имаше на нивната страна имаше негде 30 страни 1 саат го гледав каталогот, ама таму ништо немаше од тоа.




Snowhite RR -> RE: Распродажби (1.12.2013 23:46:24)

Јас не отидов ја гелдав понудата на веб страната и видов дека само скапите производи беа намалени и тоа не 80% туку 10-15% најмногу до 50% ама сепак немаше тоа што сакав, си мислев машина за садови ако начекам некоја ама од тие што беа поефтини немаше во Прилеп, туку во друг град и така заклучив дека нема потреба да одам само џабе да губам време




mommy_angels RR -> RE: Распродажби (2.12.2013 7:49:47)

Јас воопшто не отидов,ама по ова што го прочитав од вас и подобро. А за лажново рекламирање си постои закон,се надевам дека веќе се пријавени




Mihaela 2010 -> RE: Распродажби (2.12.2013 8:35:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Јас воопшто не отидов,ама по ова што го прочитав од вас и подобро. А за лажново рекламирање си постои закон,се надевам дека веќе се пријавени

hehe i jas ne otidov,mm zapna ama se izvadiv so guzvata i da ne ja maltretirame M,i naka znaev deka nema nisto da najdeme osven guzvi




Felly RR -> RE: Распродажби (2.12.2013 9:32:09)

Јас сакав да појдам ама немав време, повеќе работи ме интересираа, ама вака сега како што читам искуства, барем да не ми биде мака - сигурно ништо од тоа што ми требаше немаше да најдам.[sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 5 [6]