RE: Кампување (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


vezilka RR -> RE: Кампување (7.8.2013 19:25:21)

Уф, со кампувањето имав јас проблем, а не Никола. Прво ако сте клаустрофобични, не одете на кампување. Јас сум. Три дена ми требаша за да можам да заспијам во тоа чудо. Значи само просторот за спиење ми беше проблем. Никола уживаше, замислете, цел ден надвор, и никој не му вика ајде дома. Хигиенски задоволуваше. Топла вода во секое време. Машини за перење на услуга.




miana -> RE: Кампување (25.8.2013 15:03:01)

Ајде да си се јавам на темава. Знаете како заврши мојот одмор. Ке кажам за кампување за хиперактивни деца до 4 години - НИКАКО..Јас незнам како со ова дете 20 месечно,радознало,појдов во камп.Ако дома во двор постојано одам по неа - половина час и ми се смачува,во кампот од 08 ч до 22 ч ( со кратка пауза од еден час за спиење преку ден ) НОН стоп некој мораше да оди по моето зверче.По цел ден е надвор,на слобода..На плажа јадеше песок и пикаше камење во уста [sm=zmeden.gif] За мир во кампот и да не се смее народ морав да и одам по меракот нејзин ( да не се караме и урламе ) Со оглед на тоа дека бевме во близина на тоалетите,трча постојано натаму,се и е на дофат.Јас сум се завртела- таа право во фрижидер кај јајцата,се вртам на друга страна таа кај садовите - и се така и така..10000000 пати се покајав и си реков додека не наполни 4 години ,нема шанси веке да кампувам ( мада никад се незна [sm=jezicek.gif] ) Инаку големово дете буквално уживаше.Јас мислам дека најубав помин имаат децата на воваа возратс после 4 години,во камп..Навистина уживаат на слободичка,се дружат со деца - преубаво им е.Точак и носевме,си се вози,си ужива. Во главно мене овој одмор ми беше УМОР




vezilka RR -> RE: Кампување (25.8.2013 17:33:27)

Уф, Миана, на таа возраст, со љубобитно и темпераментно дете, каде и да одиш истото чувство ќе ги имаш. Ние лани не бевме во камп па со тоа чувство се вративме дома. Хе хе дури и полошо, до 18 години нема да го носиме на одмор. Ама еве годинава беше поинаку. На две ипол повеќе разбираше, и го инѕереситаше само да трча и фа игра со топка. И тоа го правеше по цел ден. Секако дека некој мора да има до нив, ама па тоа е одмор со мали деца, и можеби дури до полнолетство нема да можеме да читаме книга на плажа со ладно пивце во рака.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]