Hopeful RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (20.5.2015 16:46:54)
|
Девојки, фала на поддршката. Не дека докторот измислува глупости, напротив - тоа што ми го кажаа патронажните ги помати сметките, едноставно не може да се форсираат децата да цицаат по 15 мин, повеќе трошат калории со тоа и дамбетер паѓаат во тежина. Плус, муабетот за АД на 3ч не држи вода - се случуваше да седеа гладни, не цицаа доволно пошто се уште немам доволно млеко, и чекавме да поминат 3ч за АД... По промената на хранењето, бевме на контрола и качиле секој по 150гр, што е супер. Плус, приметив дека беа помирни, подобро спиеја и не беа така нервозни. Мислам дека плачење како сигнал за глад е доцна, заклучив дека за моите подобро е да ги фатам порано, кога отвораат устиња и плазат јазичиња - ем не се прегладнети, ем се помирни. Продолжувам да давам града + АД по желба денски, и ноќе на до кај 3ч. Се фаќа и повеќе понекогаш, но сепак подобро ми е да планирам отколку да се откорнат од плачење сред ноќ, а јас и мм во бунило да не знаеме што попрво да правиме. Исто така, не сакам да ги изгладнувам затоа што тогаш пребрзо го пијат АД шишенцето па повраќаат и пак од почеток. Гледам да качат до кај 3кг, па ми се чини подруго ќе биде, и ќе цицаат повеќе и полесно, и други се рачуниците за тежина тогаш. Почнав да се измолзувам и да комбинирам измолзено млеко наместо цицање, посебно кај помалиот, кога му е тешко да цица. Се гледа дека сака, гладен е, се труди, ама не му оди, се уморува и тешко му е. Му дадов во едно шишенце мое млеко, потоа АД и се беше ок. Се надевам дека со измолзувањето ќе ми се подобри и текот на млекото и дека ќе има доволно бар за еден цел подој и за двајцата, па да се менуваме со мм на смени ноќе - да не мора јас да станувам на секое. Има ли шанси да останат само на мајчино млеко, сеедно дали со цицање или молзење, и да престанат со АД? Искрено, радо би се молзела однапред само да не мора да го правам АД-то, башка трошокот е астрономски...
|
|
|
|