Што играте додека сте на плажа? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


vezilka RR -> Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 9:31:04)

Освен бањање и сончање, додека сме на плажа ни требаат и други занимации. Што најчесто играте, или како се занимавате додека сте на плажа?




vezilka RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 9:36:23)

Јас порано, пред да имам дете, на плажа најчесто читав. Понекогаш игравме карти или јамб. Или решавав крстозбори. Сега, тоа е малку поинаку [sm=smiley36.gif] ЛАни лето, игравме со топки, и малку со кофичка и лопатки.

За годинава спремам цел репертоар. Освен станддарните, кофички, лопатки и калапи за правење фигури од песок, за на плажа, спремаме и топки, тениси, фризби. Имам спремено, лепак, водени боици и кутии, па ќе лепиме на нив камчиња, песок и школки, ќе правиме украси.

Ајде давајте и други идеи..




Mihaela 2010 -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 9:55:35)

Jas kako dete koga sme idele na odmor sto mi ostanalo vo sekjavanje sekogas lovevme ribi,koga idevme vo Ohrid,Livadiste i tn..
toa mi bese epten kejf,ke si zemevme edno kantice so voda i sto fatime fatime,posle gi pustavme pak vo voda
sobirav skolki,pravevme zamoci vo pesokta,mislam deka toa e standart koga si na plaza
Sobirav najrazlicni formi na kamcinja,pa si gi nosev kako spomen doma
Sto znam sega ne mi teknuva bas,ama ete super ideja pred odmor ,pa koj e po kreativen neka pise[sm=smiley1.gif]




miana -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 10:01:29)

Не играме,трчаме и пазиме деца [sm=smiley36.gif]

Ако успееме да се посончаме малце,добро е !!!




vezilka RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 10:11:08)

Еве уште една идеја. На сувиот дел од песокот се истура вода по шема за да се прават форми. На пример, кругчиња, коцка и сл.

Иначе игриве ги измислувам за да седи малку мирно детево, да не трчаме цел ден по него [sm=smiley36.gif] И плус забавно ќе му биде.




Carrie RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 10:46:07)

Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 10:51:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR

Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот [sm=smiley36.gif]



Хи, хи, пред да се роди Никола и јас така си викав. Читкај си ти дури уште можеш [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. Ќе те навратам после некое времена темава да те прашам дали уште си читкаш [sm=jezicek.gif]




vezilka RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 10:56:12)

Децата ги учат математичките и научните концепти преку игрите со песок. На пример, кога малите деца претураат песок од еден во друг сад, тие учат да проценуваат, стекнуваат чувство за волумен, учат за материјали од природата, за броење, па дури и едноставни концепти во физиката и уште ако ги потпрашуваме додека играат, на примерК „Дали мислиш дека песокот станува поразличен кога му дотураш вода?“ или „Како го направи мек песокот за да можеш да правиш разни фигури?“, допринесуваме играта да стане корисна за развојот на децата.




Carrie RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 11:02:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR

Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот [sm=smiley36.gif]



Хи, хи, пред да се роди Никола и јас така си викав. Читкај си ти дури уште можеш [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. Ќе те навратам после некое времена темава да те прашам дали уште си читкаш [sm=jezicek.gif]


Така и јас си реков кога ти го читав постот дека порано си читала. Си викам значи броени се летата со книга на плажа. Ама ќе смислам некоја стратегија до тогаш, таман кога ќе се навратиме на темата, да сме живи и здрави, нема да е за брзо [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




rina13 -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 11:02:42)

Порано правев и играв се. Сега освен удоволување на детево ништо друго, ќе ги гледам другите како читаат и ќе ми течат лиги а во себе ќе си викам и ќе си се тешам чекајте ќе видите со деца и вие[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 11:04:17)

Закопано богатство
Подгответе однапред, разни предмети како: пластични коцки, автомобилчиња, камчиња и слични предмети, ставете ги во кутија и закопајте ги на одредено место во песочникот. Раскажете им куса приказна за пиратите кој поминале од тука и го сокриле „богатството“, а потоа побарајте од децата да го пронајдат и откопаат скриеното богатство.




Mihaela 2010 -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 11:04:56)


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Порано правев и играв се. Сега освен удоволување на детево ништо друго, ќе ги гледам другите како читаат и ќе ми течат лиги а во себе ќе си викам и ќе си се тешам чекајте ќе видите со деца и вие[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Aj aj a da se tesis deka mozebi tie ti zaviduvaat??[sm=smiley1.gif]
Se vo svoe vreme,ima vreme i za kniga,sto tuku se zalite
Vezilka pusti mozokot na pasenje,ne tuku mu ja misli za igrive,spontanite raboti se najubavi[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 11:08:34)

Не бе зошто, мене баш ми е кеф да си смислиме игри што ќе си ги играме заедно со Никола, нешто поразлично од она што дома го правиме секој ден.




Melanija RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 12:53:10)

vezilka RR секоја чест за идеите [sm=bravo.gif] ова се ќе запишам ќе треба за година -две.[sm=smiley1.gif]

До сега на плажа само се сончав и решавав крстозбор или судоку.Читање книга на плажа не ми иде,додека мм си носи по 2 книги и цели ги чита (чудак [sm=smiley36.gif])




sandriana RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 13:02:46)

Ако имате чамче на дување или нешто слично, може да си направите и базен за риболов.
Ова го видов кај пријатели, ама не стигнав да прашам од каде го набавиле сетот за риболов. Имаше пластични рипчиња со место за закачување на јадица, и една пластична трска со пластична јадица, и децава се утепаа играјки.
Оваа опрема може и да се импровизира сигурно - наместо риби некои поситни играчки со дупчиња, наместо трска стапче со конче и јадица нека биде дел од закачалка на пр. [sm=smiley1.gif]
Базен може да се направи и со каменчиња во плиткото, нели.
Ете, мене тоа ми текнува во моментов.[sm=smiley1.gif] Искуство немам се уште, бидејки лани ем бевме помали, ем не бевме на одмор....за годинава, ќе видиме како ќе биде [sm=smiley1.gif]
А пред да се роди Т, и јас бев од тие дремачите со книга на плажа и покрај базен [sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Што играте додека сте на плажа? (3.7.2013 13:46:48)

Уф кога ќе ми текне на оние ,,убави,, времиња на плажа, со ладно нескафе и книга на лежалка. Едвај чекав да дојде нов ден и да се укотвам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Цел ден не мрдав од плажа. А сега не знам, годинава мислам ќе биде доста интересно со оглед на тоа што ѕверкава не ја занимаат ни игри ни играчки. Идеиве здравје догодина ќе ги реализираме.
Инаку пред [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] освен што читав, морав некогаш и мм да го дружам нели (оти он не е по читањето) па игравме табла или тенис.




Felly RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (9.7.2013 22:20:23)

Еве Везилке и овде извештај да си пишам. СО мало дете не ти треба ништо освен лопатчиња и кофичиња. Па кој ќе работи нешто друго кога има толку песок да се копа. [sm=jezicek.gif]




Bethany -> RE: Што играте додека сте на плажа? (10.7.2013 11:13:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Еве Везилке и овде извештај да си пишам. СО мало дете не ти треба ништо освен лопатчиња и кофичиња. Па кој ќе работи нешто друго кога има толку песок да се копа. [sm=jezicek.gif]

Ете и ние бевме во оваа категорија на копачи [sm=smiley36.gif]
Лопатка и кофа и камионче за собирање каменчиња, песок и закон.
Имавме и чамче мало па мало во вода, малку на плажа, го наполнивме со вода, па со песок и така менувавме. ж
Па собиравме каменчиња во кофиче, па фрлавме во вода и така. Не му беше досадно ама ич! Знаеше и сам да се занимава.




masa -> RE: Што играте додека сте на плажа? (10.7.2013 12:03:56)

За книга нема шански две години по ред си носам и одвај 20-30 страни ќе прочитам и тоа во соба навечер некоја страна,џабе само ја носев секој ден на плажа не дојде ред да ја извадам [sm=smiley36.gif].Додуша недојде ред да се посончам малку,да легнам да полежам 5 мин.Најмногу играме со песок со кофички и лопатки,помалку со топка и други реквизити иако имаме еден куп и чамци и еден змеј (ќерката го вика коњ [sm=smiley36.gif]),ама некако песоков најголем ќеиф прави.Е годинава сме поголеми може и некоја игра да смислиме да биде поинтересно.




Bethany -> RE: Што играте додека сте на плажа? (10.7.2013 13:08:36)

И јас демек земав со мене и книгите, ама не за на плажа бидејќи знам дека не можам таму да читам, туку кога одмараме.
Не земавме ни лаптоп, ништо, баш сакав книга, ама никако не дојде на ред ни таа. Кога одмарав, навистина одмарав- мислам се комирав [sm=smiley36.gif] Од сонце, од вода, кога легневме попладне со синко воглавном спиев и јас. [sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (10.7.2013 21:08:58)

Оооо Бетани добредојде назад, се одморивте ли? Ајде кажи што играше синко најмногу.




Bethany -> RE: Што играте додека сте на плажа? (10.7.2013 21:41:36)

Фала Везилке [sm=smiley1.gif] Се одморивме, со проодено дете е полесно отколку во фаза на проодување како лани на одмор, душа ми излезе, едвај чекав да помине одмор-измор [sm=smiley36.gif] Сега беше супер лесно.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR


Ете и ние бевме во оваа категорија на копачи [sm=smiley36.gif]
Лопатка и кофа и камионче за собирање каменчиња, песок и закон.
Имавме и чамче мало па мало во вода, малку на плажа, го наполнивме со вода, па со песок и така менувавме. ж
Па собиравме каменчиња во кофиче, па фрлавме во вода и така. Не му беше досадно ама ич! Знаеше и сам да се занимава.


Се цитирав со постот од погору: кофичка и лопатка, песок, каменчиња, вода - добитна комбинација. Истури од кофичето во чамчето, собери каменчиња/песок/вода во камиончето, од камиончето во кофиче, од кофиче во чамче и се така во круг.
Успат малку прошетка до шанкот, тушевите (ааа тоа му беше нешто неодоливо, какво море-какви бакрачи [sm=smiley36.gif]-тушевите кога види се таму бегаше)
Супер ни беше, не му беше досадно, а ниту нам.

Децата на неговата возраст и поголеми со тоа воглавном се и занимаваа... Ништо не им треба повеќе од тоа.




vezilka RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (4.8.2013 18:39:02)

Значи се игравме, игравме со кофички и форми од кои правевме замоци, ама најинтересно ни беше да правиме базен. Игравме тенис и на песок и во вода, игравме одбојка и на песок и на вода исто така и многу му беше интересно. Пушувавме на песокот букви и бројки. Игравме закопано богатство, папучата на тато, која и трајно ја загубивме, толку добро ја скривме, шро пола плажа после не можеше да ја најде, хехехе, па ем испадна занимација за цела плажа, ем тато си доби нови папучи. Ама најмногу сакавме да се бањаме.




Felly RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (16.8.2013 17:53:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Игравме закопано богатство, папучата на тато, која и трајно ја загубивме, толку добро ја скривме, шро пола плажа после не можеше да ја најде, хехехе

Е ова и нас ни се случи, само не на тато, туку на Матеа папуча остана на плажата закопана. Барај, барај, под лежалки, околу лежалки, никаде го немаше. Не знам како се загуби [sm=smiley13.gif]




sandriana RR -> RE: Што играте додека сте на плажа? (17.8.2013 19:07:10)

Ние сме денес втор ден на плажа, и за чудо некое, детево не е многу захтевно за играње - пријатно сум изненадена од нејзе, за разлика од дома.
Си игра сама на песокот, или во плиткото во вода, и не бара ништо особено внимание. Можеби возраста е таква, можеби нејзиниот карактер се менува (уште 2 недели 2 години).




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>