Патување со дете (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


Felly RR -> Патување со дете (5.7.2013 14:54:10)

Бидејќи е сезона на годишни одмори, мислам дека баш ќе ни се најде и оваа тема. Ајде малку да продискутираме за тоа како да си го олесниме патувањето со децата, и што преферирате - патување со абтомобил, автобус, воз, авион ...




Felly RR -> RE: Патување со дете (5.7.2013 14:57:50)

Ние до сега имаме патувано со воз и со кола - и не сме имале некои поголеми проблеми. ДОбро е што Матеа може да спие дури патува, па така поголемиот дел од патот го преспива. Со нас носиме секогаш нешто за пиење - сокче/вода и обавезно грицки некои.
Оваа година на одмор одиме со автобус, и затоа малку ми е мисла - како ќе поминеме, ама си велам ќе издржиме - не е далеку. Ќе земам и нешто за занимација - сликовница некоја. Ако имат енекои други предлози како побрзо да ни помине патот - слободно пишете.[sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Патување со дете (5.7.2013 15:18:39)

Кога патуваме ние,најчесто разговараме за глетките по патот,ќерка ми има инспирација за прашања колку ти душа сакасамо треба да смислувам одговори.Така да Фели штом до сега не сте патувале со автобус ,новото искуство за М ќе биде инспирација за разговор.нека седи ди прозорецот и нека разгледува надвор.Кај нас тоа е главна занимација за по пат.
Среќен пат и убаво да си поминете[sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Патување со дете (5.7.2013 15:21:32)

Nie pa sme imale srekja koga sme patuvale (a toa bilo samo so kola do sega) da M go prespie patot,bukvalno sekogas do sega ni spiela,ama bese i pomala,e kje vidime ovaa godina zdravje koga ke ideme na odmor kako ke bide




Felly RR -> RE: Патување со дете (5.7.2013 15:26:07)

Се надевам и јас дека ќе спие - со оглед на тоа што тргнуваме во 5 [sm=smiley1.gif] Ама баш се мислев - мене секогаш ми беше лошо кога патував како дете, а и М еднаш уште пред две години кога одевме во Охрид се случи да и се слоши, и тоа на крајот веќе кога влеговме во градот, и поврати. Затоа сега ми текна да прашам - што може да се дава на мало дете - така, кога му се лоши при патување?
Повеќе планирам на грицки затоа да бидеме, и водичка. А млеко сабајлето не планирам да и давам. Ама дали има некои лекарства против повраќање за деца?




Ring -> RE: Патување со дете (5.7.2013 15:35:47)

Felly, ima apcinja protiv povrakanje za deca, ama teraat i na spienje. Jas gi znam Dramina i Emesan , a vo posledniot flaer od Zegin vidov deka ima i nekoi Travelin (taka mislam deka bea).
Pobaraj po apteki.
A za efikasni , se efikasni.




vezilka RR -> RE: Патување со дете (5.7.2013 16:42:29)

Да и јас знам дека има апчиња за патување и за деца. Не ме ги пробале за да пишам искуство.

Богами ние имаме проблем со патувањата. Не со повраќања, туку со седењето во место неколку часови. Еден дел од патот ако преспие, тогаш ни е полесно. Ама ако се разбуди, маф ни е работата. Јас планирам сликовници за во кола, и тоа од оние со лепенки што се одлепуваат и залепуваат повеќе пати, за да трае подолго занимацијата. Секако на телефонот снимени неколку цртани и песнички за кои знам дека ги сака. Ако имате таблет уште поголема работа ќе ви заврши. После ни следува играта јас гледам, јас гледам ( прво јас именувам што гледам, па тој и така..тој е мал инаку во оргинал играта треба да именува на одредена буква или боја). Онаква табла за цртање, пиши бриши ќе заврши работа за половина час занимација. Или за измислувате приказни за работите што ќе ги гледате по патот, на пример чија била кравата на ливадата, како се викала и сл.

Јас некако не практикувам да му давам храна додека патуваме. Додуше и не сме патувале до сега повеќе од 4 часа. Ама секако тоа би била некоја полесна храна. За пиење само вода.




vezilka RR -> RE: Патување со дете (5.7.2013 17:02:08)

Еве две игри за во кола ама за поголеми дечиња

Едната се вика 20 Прашања. Еден смислува некој предмет, и другите треба да погодат што е тоа. Имаат можност да постават 20 прашања, на кои одговорите ќе бидат со да и не. Конечен победник е тој што ќе го открие предметот. Ако не се открие предметот, пак истиот смислува нов.

Потоа брзо броење. Еден одередува што ќе се брои, на пример, бели Ford Fiesta, и задава конелна бројка, на пример, 5, или 10. Првиот што ќе ги изброи, е победник. Потоа тој задава нова категорија..




Felly RR -> RE: Патување со дете (5.7.2013 19:25:57)

Еве и јас што најдов на мајкаидете.мк

КАКО БЕЗБЕДНО И ЗАБАВНО ДА ПАТУВАТЕ СО ДЕЦА?
Објавено на: 19.06.2013

Патувањето со децата може да биде фантастичен начин уште повеќе да се зближите со нив, да им го покажете светот, да создадете заеднички спомени и убави сеќавања, и да го поттикнете нивното чувство за авантура.
За жал, патувањето со децата значи и долго седење на едно место, во автомобил, авион, автобус или во воз (добро, во воз и не мора да седат цело време). И колку само пати ќе слушнете:„Дали стигнавме?“ или „Уште колку има до...?“. Вооружете се со трпение, бидејќи ниту еден одговор нема да ги задоволи, и прашањата ќе се повторуваат се до пристигнувањето на дестинацијата.
Најдобар начин патувањето да биде пријатно и за вас и за децата е да ги анимирате на различни начини.
Еве неколку совети:
Музика – музиката има смирувачки ефект. И тоа посебно на децата. Пред патувањето проверете дали сте земале залихи од омилените ЦД-ња за патување. Ако патувате со авион, воз или со автобус, погрижете се со себе да имате ЦД плеер, илибарем мобилен со доволна количина музика за пат. И секако, не заборавајте ги слушалките.
Аудио приказни за деца- тоа се ЦД-ња со приказни за деца кои можат да траат со часови. Одлична помош за изморените родители на патувањето. Децата ќе уживаат слушајќи ги.
Грицки – задолжително носете разни грицки, и тоа оние здравите:овошје или јаткасти плодови. Грисини стапчињата се многу добри ако децата чувствуваат мачнина за време на возењето. Не нудете им слатки, бидејќи тоа би можело да ги вознемири малите стомачиња при возењето.
Игри - Овде не се мисли на Нинтендо или слично! Овде се работи за игра во која децата ја користат фантазијата. Тоа може да биде игра на погодување на првиот број од регистарски таблички на останатите автомобили на патот, или игра во која еден играч замислува некој предмет, а другиот погодува поставувајќи прашања. За помалите деца можете да играте игра „од буквата на буквата“. Која и да ја изберете и вие сигурно добро ќе се забавувате.
Сложувалки – ова е одличен начин да ги анимирате помалите деца. Во продажба можете да најдете книги сложувалки адаптирани на различни возрасти. Многу се добри за носење во рачен багаж, а децата многу ги сакаат. Доколку детето чувствува мачнина во возењето, избегнувајте да ја користите оваа играчка додека сте во движење. Искористете ја за кратки паузи.
Планирајте го патувањето мудро – при тоа имајте на ум дневниот распоред на спиење и оброк на детето и обидете се да го адаптирате времето на прашање, на пример, со времето на спиење, а не со хранење. Со децата на пат тргнете на време, што е можно порано. Понесете ја омилената перница на вашето дете, тоа ќе му помогне полесно да заспие додека патувате.
Правете чести паузи – Тоа, всушност, и не е реално доколку патувате со авион, но може да биде од голема помош при патување со автомобил. За жал, така патувањето ќе трае подолго, но на децата добро ќе им дојдат кратки паузи. Излегувањето од автомобил и кратката прошетка, или разгледувањето на околината ќе го направи патувањето многу попријатно за детето.
Сите сме по помалку нервозни во текот на долгите патувања. Испробајте ги овие совети и ќе стигнете на посакуваната дестинација посреќни и порасположени.






Felly RR -> RE: Патување со дете (8.7.2013 15:02:57)

Ајде да си напишам извештај како поминавме: Ја разбудивме Матеа уште во 4:30, а таа свежва,весела, наспана - до граница никако не сакаше да заспие. [sm=smiley1.gif] Ама барем добро поминавме - си зборувавме, си разгледувавме и така до граница ни помина патот. Таму пак излеговме од автобус, се размрдавме - ама чекавме повеќе од 1 саат. Кога ја поминавме границата, малку почна да станува кенкава - ја извадивме сликовницата со лепенки, па се смири, ама и за брзо заспа. Тамам се разбуди - пак застанавме во Паралија, па влеговме во Лидл - пак се размрдавме и се освеживме. Е после веќе - последдниот саат беше најкритичен, ама го издржавме некако и тој.
ДОбро е што немавме проблеми со лошење, Ринг фала ти за информациите - добро е да се знае, иако не ни затребаа.




vezilka RR -> RE: Патување со дете (8.7.2013 16:13:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ајде да си напишам извештај како поминавме: Ја разбудивме Матеа уште во 4:30, а таа свежва,весела, наспана - до граница никако не сакаше да заспие. [sm=smiley1.gif] Ама барем добро поминавме - си зборувавме, си разгледувавме и така до граница ни помина патот. Таму пак излеговме од автобус, се размрдавме - ама чекавме повеќе од 1 саат. Кога ја поминавме границата, малку почна да станува кенкава - ја извадивме сликовницата со лепенки, па се смири, ама и за брзо заспа. Тамам се разбуди - пак застанавме во Паралија, па влеговме во Лидл - пак се размрдавме и се освеживме. Е после веќе - последдниот саат беше најкритичен, ама го издржавме некако и тој.
ДОбро е што немавме проблеми со лошење, Ринг фала ти за информациите - добро е да се знае, иако не ни затребаа.



Одлично, браво за Матеа, хи хи туку пиши и во другата тема извештај дали се избањкавте [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




vezilka RR -> RE: Патување со дете (4.8.2013 18:49:42)

За натака лесно зошто спиеше до граница. Е после граница добро е што немавме многу пат, за саат ипол ни завршија работа сликовниците со лепенки и таблата, пиши бриши. Кажавме некоја песничка, некоја приказна и стигнавме. Е затоа за назад, тешко беше, тргнавме попладне, кога тој е најразигран, па на почеток не сакаше ни сликовници ни ништо, туку имавме акробации во кола. Едвај го смиривме, со игрици на телефонот. Едно два саати, па после заспа, а а за кратко, уште пред Скопје стана, па почна песната, не сакам дома, сакам да шетаме. На ова дете никогаш не му е доста шетање.




rina13 -> RE: Патување со дете (5.8.2013 9:22:24)

До сега сме патувале на подолг пат кога и е време за попладневно преспивање па сме немале проблеми. Во последно време обожава да се вози на секаде, но не накај дома. Го препознава патот и почнува вриштење дома неееееееееееее, неееееее нејќеееееееее. Ќе видиме како ќе поминеме па ќе споделиме искуство.




JovanaJ -> RE: Патување со дете (5.8.2013 11:34:58)

Jas ne znam da se opsustam koga patuvame so dete. Nekako sum celata kako pod stres. Se razbira ne go pokazuvam toa, ama taka go cuvstvuvam, znaci nemozam da bidam opustena.
Tolku poveke stom sin mi povraka po pat, a ne smeeme da pieme nisto od tia apcinja protiv macnini, i sekogas gledame da patuvame koga mi e vreme za spienje, odnosno trgnuvame mnogu rano nautro na pat, nekade okolu 3 (zboruvam za grcija) za da moze barem polovina pat da go prespie. Na podolg pat i ne pomisluvam da odam sega za sega.
I ovaa godina nekako duplo mi e, kaj sinko po pat pa i jas bremena [sm=zmeden.gif], taka sum nekako zagrizena sto kako ke pomine....




marchi -> RE: Патување со дете (14.5.2014 16:59:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ

Jas ne znam da se opsustam koga patuvame so dete. Nekako sum celata kako pod stres. Se razbira ne go pokazuvam toa, ama taka go cuvstvuvam, znaci nemozam da bidam opustena.


i jas sum istata,smetam deka deteto mi e malo za na odmor.ne premalo ama.....




Felly RR -> RE: Патување со дете (10.7.2014 17:06:36)

Оваа година детево ме изненади со тоа колку немаше побарувања во текот на патувањето и колку лесно поминавме. Како големо човече беше, пораснало детево. [sm=bravo.gif] Носев разни реквизите во ташна, но ништо не побара, само си разговаравме, гледавме што има по патот, додуша милион пати праша - Мамо кога ќе стигнеме?...... Ама ми се плива. Но сепак со мирно и тивко си седеше цело време што и не беше малку - повеќе од 6 часа, со две паузи.




princessa -> RE: Патување со дете (10.7.2014 17:49:11)

Досега не сум имала проблеми со вриштење на децата додека патуваме. Сме ги носеле и на далеку и на блиску и мирни се, си седат во седиште/транспортер. Имало кенкања ама сме ја смирувале ситуацијата. Кога одиме подалеку правиме паузи за да се надишеме свеж воздух[sm=smiley36.gif]. А пред да одиме за Скопје се ставаме на ауспух за да се навикнеме навреме и да не ни дојде така одеднаш загаден воздух[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]. Ова беше шала[sm=smiley36.gif]. Е за неколку дена ќе патувам за прв пат сама со двете деца и тоа со авион и се молам на господ да ми даде трпение а на децата мир и спокој па да не ми направат некои џенкови. Па отпосле ќе пишам искуство.Инаку не се ограничувам како некои да не шетам додека децата се мали, напротив секое слободно време го трошиме на патувања[sm=bravo.gif]




marchi -> RE: Патување со дете (11.7.2014 0:39:24)

nie uspeavme da ostvarime dve patuvanja na pobliska destinacij [sm=smiley1.gif] detetovozenjeto go podnesuva super a ima samo 16 meseci i so zadovolstvo se vozi i uziva taka da nema da imame gajle.barem taka izgleda.[sm=smiley36.gif]




vanessa30 -> RE: Патување со дете (8.2.2016 11:23:59)

Zenski itno mi treba odgovor, oti me faka panika. So mojot 6 mesecen bebusko ke treba da patuvam za Aus -znaci dolg pat. Pa me interesira kakva e regulativata za nosenje na bebeska hrana vo avion. Dali mozam, i kolku kasicki mozam da ponesam? Bidejki sme na AD mleko dali mozam da go nosam vo prav i dli barem za prviot let moze da nosam vo sise vo rastvorena forma. dali moze da nosam prevriena voda ili ne . kako da bide seto toa spakuvano? Sto se odnesuva do bebeska kozmetika (pavloviceva, vla.maramici...) kako treba da bidat spakuvani???
Dali celo vreme ke mi spie vo race ili ima kade da go podlegnam??? Inaku neplaniram da nosam kolicka, ke si bideme so kengur, a na Dubai inter. aerodrom znam deka ima kolicki za da si pozajmis. Aj molam odgovor od mamickite so iskustvo da pisat??? Voedno da prasam i sto drugo da ponesam sto im se naslo za vaka vo avion.
Imam predhodno patuvano so 1 sin ama bese 2 godisen i nemav potreba da vleckam kasicki, ad mleko...., sega e malku poinaku???[sm=zmeden.gif]




Страница: [1]