Anonimen -> Антидепресиви во текот на бременоста (19.7.2013 8:59:10)
|
Драги рр-ки,пред неколку години добив дијагноза анксиозно-панично пореметување,и ми препишаа терапија антидепресив Асентра и друг лек Хелекс кој мислам дека е бензодиазепин. Одев редовно на контрола кај мојот психијатар,но оваа состојба анксиозност,има тенденција да се повторува,неколку месеци сум добра немам страв,паника,напнатост....но потоа пак се повторуваат симптомите срцебиење,страв,напнатост,тежина во душата,едноставно лошо се чувствувам а причината е на психичка основа. Е сега во брак сум и сакам да останам бремена,но присутен е тој страв од анксиозноста да не ми се повтори во текот на бременоста, моментално не пијам антидепресив туку само хелекс по потреба и тоа минимална доза 1/2 таблетка од 0,5мг. Секое искуство на оваа тема од некоја мајка што поминала низ бременост,а предходно имала ваков проблем со анксиозност и страв многу ќе ми значи. Кај нас нема вакви теми на форумите за бременост,многу малку се зборува за оваа состојба во бременоста,а и лекарите (психијатрите и гинеколозите) не даваат некоја конкретна информација околу тоа,но има многу жени кои се наоѓаат во ваква анксиозна состојба а сакаат да се реализираат како мајки.
|
|
|
|