Melanija RR -> RE: PUPPP - (Pruritic Urticarial Papules and Plaques of Pregnancy) (23.7.2013 12:35:29)
|
Да си кажам маката [sm=smiley1.gif] Се што е ретко и необично ми се случува на крај на бременост,епа доста уживав 7 месеци па сега се ме спопаѓа[sm=smiley1.gif] Моето искуство е ова.Во 32 недела осип на долниот дел од стомакот чешање ужас,црвенило кое почна да се шири низ цел стомак,стриите воспалени и жар црвени.Матичниот гинеколог ми вика тоа е појава како алергија и се јавува кај трудници кои носат машки деца.Е супер,редок случај. По една недела такви брунчиња на над и подколеното исто осип и ужасно чешање.Се извадив од памет трчи кај општ матичен,па кај кожен лекар.Вика алергија еве ти Адвантан крема и Цезера апчиња најпрочистени се за трудници.И ова се на приватно.Но пак на консултации кај матичниот гинеколог,Апчињата ми дозволи да ги пијам а за кремата во аптека ми рекоа 5 дена максимим да се мачкат. Едно мачкање на две места во теков слој и кожата ми потемне.Ништо купив течна пудра од аптека што се користи за сипаници.Ја смирува кожата но после 1 саат се суши и пак и пак чешање од кои се прават рани. Најдобар лек ми беше миење со ладна вода,и тоа два пати среде ноќ за да можа да спијам,добро што не испонастинав. После 5 испиени апчиња и три дена без ништо,се на се две и пол недели кожата се смири многу помалку ме чеша но чеша уште сум со рани.Сега сум 35 недела и може секој миг пак да се зголеми осипот. Ретка појава е и се надевам дека на некој ќе му биде од корист,бидејќи нема инфо а може ја има баш оваа ,,алергија,,.
|
|
|
|