Carrie RR -> RE: Секс на првиот состанок.. (1.8.2013 8:57:26)
|
Нешто е сменето од порано,мислам дека се поопуштени жените во однос на тоа прашање, но стеретоипи постојат се уште. Едноставно е - се плаши што тој ќе помисли за неа и каков впечаток ќе остави, дали ако се случи ќе се јави повторно, дали му е само до тоа, а не ја ни запознал, како таа ќе се чувствува со помислата на што направила на првиот состанок....има многу прашања што се мешаат во женската глава кога се работи за фамозниот секс на прв состанок. Општо првиот состанок, ако е со некој кој ти се свиѓа е ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ, под огромееен притисок си и внимаваш на се. И јас сметам дека нема потреба од толку, едноставно прави како ти се прави, имаш ЖЕЛБА - ИСПОЛНИ СИ ЈА и секогаш сум застапник за тоа. Јас лично не сум можела, ама не од тоа што ќе помисли тој и дали е срамота, туку навистина не можам веднаш да се опуштам, не ми доаѓа, морам малку повеќе да го познавам дечкото ама кој знае, ако довеле до тоа околностите верувам дека не би се спротиставила на желбата заради тоа што е прв а не трет состанок. Класика е тоа немој на прв состанок, испаѓа одма си "дала" [sm=smiley36.gif], ама мислам дека ако му се свиѓаш, му се свиѓаш, па макар дала и на прв состанок [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|