Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Хуманост



Порака


Bethany -> Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 17:27:01)

Деновиве актуелната тема!
Медиумите пренесуваат и апелираат до власта да го спроведе законот за сите подеднакво!!!

"Татјана Димитровска - мајка на која детето и е насилно одземено, а која СПОРЕД СУДОТ, ЗАКОНОТ И ПРИРОДАТА ИМА АПСОЛУТНО ПРАВО НА НЕГО ... " Целата статија прочитајте ја ТУКА

Па повелете, изјаснете се!





Bethany -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 17:29:13)

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

"Полицијата по прилогот на Сител поднесе пријави за одземање на детето но не успеа да ги натера поранешниот Врховен судија и неговиот син да ја откријат локацијата на која вешто го кријат девојчето." Не знам навистина што да искоментирам на ова а да не полудам...Зарем треба полицијата да те натера бе да направиш нешто?!?!?!?!? Или може треба посебна покана и молби....ете затоа не се ни обидував да терам правда со учителките од градинка на моите деца и ете затоа сите си одат од државава, а и јас се надевам дека наскоро ќе им се придружам и ќе живеам на некое место каде полицијата не те моли него ти доаѓа дома и те апси кога си направил кривично дело без разлика кој си и како се викаш



ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

"Полицијата по прилогот на Сител поднесе пријави за одземање на детето но не успеа да ги натера поранешниот Врховен судија и неговиот син да ја откријат локацијата на која вешто го кријат девојчето." Не знам навистина што да искоментирам на ова а да не полудам...Зарем треба полицијата да те натера бе да направиш нешто?!?!?!?!? Или може треба посебна покана и молби....ете затоа не се ни обидував да терам правда со учителките од градинка на моите деца и ете затоа сите си одат од државава, а и јас се надевам дека наскоро ќе им се придружам и ќе живеам на некое место каде полицијата не те моли него ти доаѓа дома и те апси кога си направил кривично дело без разлика кој си и како се викаш


Мојата чудесна земја..По милионити пат се покажа дека овде закон и суд важи само за некои. А некои се над се. Работава дасамо моли бога да не.ти се вкрсти пат со некој така наречен моќник, или да не му засметаш со нешто.





vezilka RR -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 17:52:12)

И мене не ми е јасно како тоа полицијата не може да ги натера да ја откријат локацијата на детето? Полицијата оди и вели, ве молам кажете каде го криете киднапираното дете, и тие велат, не кажуваме, и полицијата, фалаааа, пријатно. Абе ова е правна држава? А човекот што не ја открива локацијата, на слобода е сеуште?




Bethany -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 18:00:12)

И мене не ми е јасно, ама денес слушнав демек свекорот и татко и се прават луди, негирале дека е кај нив, демек не знаеле каде е девојче? [sm=zmeden.gif]
Или е тоа уште само едно оправдување за се сокрије неспособноста и немоќноста да реагират кога се "битните" во прашање [sm=zmeden.gif]




deluxe -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 18:19:16)

Za grevotka deteto I majkata,od koga ja procitav statijata postojano mi se vrtat vo glavata.Sramota za ovaa drzava sto ne moze nisto da stori da I pomogne na ovaa majka.Dodeka toj svekorot sto vrhoven sudija bil,kolku e praveden po ova ke vidime.Katastrofa vo sekoj slucaj,za ova treba svetot da doznae!!Kako pravoto ne se sproveduva podednakvo za site.Svekorot koga ne bi bil toa sto e(sudija)sigurno poinaku ke go tretiraa,AMA vaka nikoj nisto ne mu mozi.Bjaak od pravdava Makedonska[sm=hudicek1.gif]




sandriana RR -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 18:35:10)

Ова е старата поговорка - каде има сила, нема правдина-. Бидејки нашава мила државичка е далеку од правна држава, нормално е дека ќе се случуваат вакви ситуации, секогаш кога е засегнат некој влијателен лик - за жал.
Останува надежта дека после јавно обелоденување на ситуацијата сепак ќе се најдат засегнати и јавните институции и служби, па ќе ја вршат работата како доликува, без оглед кој се наоѓа повикан на одговорност.




Палешка РР -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 21:41:43)

Јас еднаш се изјаснив:
Има ли поголема казна од таа на мајката да и биде одземено детето? Постои ли на светот погрозоморен чин од чинот на одземање на детето од мајчината прегратка? Не се знае кој страда повеќе - дали детето кое расте без мајчинска љубов, или мајката која живее без своето дете како да е мртва...

Не, ова не е дело на некој врвен трагичар, ова навистина се случува во Македонија!

Каде затаија институциите на системот? Колку време треба да помине, колку реки од солзи да бидат пролеани, колку ноќи непреспани, колку детски трауми преживеани, за оваа мајка и ова дете повторно да се прегрнат?

Функционира ли во Македонија правниот систем? Дали ова дело ќе остане во фиоките на лицата задолжени за спроведување на законот?

Кога мајка плаче за своето дете и дете за својата мајка, планината се поместува!

АПЕЛИРАМЕ, слушнете го плачот на Татјана и спроведете го законот.


Во главата не ми влегува случајов. Киднаперот ДВА ПАТИ пред камера призна дека го зел детето и уште е на слобода?!?!?! Па има ли во оваа држава пендрек за ваквите?????




deluxe -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 21:58:33)

Paleska sekoja cest za postot[sm=bravo.gif] I potposot ti e odlicen.Ajde. Site da go napravime ovoj potpos kako poddrska za majkata!!!




Палешка РР -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 22:28:01)

ТУКА прочитајте за мирниот протест на кој повикува мајката. Се надевам дека и некоја Рингерајка ќе најде време да отиде за поддршка [sm=bravo.gif]




vezilka RR -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (8.8.2013 23:17:58)

Јас ќе одам. Поддршка на мајката и е потребна. И потребно е уште еднаш дљ се предаде порака дека не може секој да си прави што ќе му текне.




cevlice -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (11.8.2013 11:59:34)

Страшна , страшна приказна! Има ли оваа наша државичка закони, какви закони носи судот жалосно. Би сакала што побрзо Александра да биде во прегратките на нејзината препатена мајка. Да се помолиме сите !




niki -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (11.8.2013 13:01:21)

ova ne e bozja rabota pa da se molime
covek i pravi na zenava pekol od zivotot
a vladava nasa i policija nasa go poddrzuva toj covek, vo sprotivno ke go zatvorese dosega
protesti luge protesti
i menuvanje na vlada pod obavezno,tie nikogas nema da bidat podobri i da prestanat so gluposti se dodeka narodot si molci i gi tolerira vakvive ispadi
ne mozam da poveruvam da javno nekoj ucenuva drug covek, drzi zaloznik i policija ne mozela da stori nisto
SRAMOTA!!!!!!!!!




rina13 -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (11.8.2013 13:43:40)

Се согласувам со Ники. Во било која нормална држава ќе одговараа дедото и таткото за киднапирање, тоа го налага законот кога без согласност на старателот детето е однесено на било која локација.
Да, покрај кривична пријава со одредена мерка притвор без право да се брани од слобода, треба да му се стегне пријава за навреда и нарушување на угледот и честа зашто јадниот се изјасни дека една од причините за КИДНАПИРАЊЕ било не знам каквото лошо минато на снаата.
Ме изиритира фактот што полицијава ноншалантно вика епа не сакаат да кажат, како бе не сакаат да не треба масажа за релаксација, вечера, кафенце да им се даде во станица. Се знае кои мерки се превземаат за да се добие информацијата(се работи за детски живот не за украдена мастика), па побогу тие инспектори наместо да висат по канцеларии нека излезат малце на терен нека спроведат асална истрга ако веќе од родниниве не можат да извлечат информација. За ваквите најстрога судска казна без право на предвремено ослободување. Ми се гади од функционирањето на институциите во државава, не е ни чудо што сите или си отидоа или се спремаат да си отидат.




Mihaela 2010 -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (11.8.2013 13:56:18)

Makedonija i SE E MOZNO,ne bi me cudilo na kraj i majkava da ja zatvorat bidejki si go bara svoeto dete..Sramota i greota...Ubavo kaza niki,samo so protesti,da se digne narodov..




babyhope -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (12.8.2013 13:32:17)

Деновиве кога помислувам на семејство, помислувам на Татјана. Денес знам дека сите Рингерајки што се во можност ќе излезат на протестот да и помогнеме на мајката да ги оствари своите права. Ајде до 17 ч да ја актуелизираме темава и да ги потсетиме сите дека се работи за животот на едно дете, на едно семејство кое институциите на системот дозволиле да биде разделено.




Палешка РР -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (12.8.2013 14:08:44)

Денес секоја мајка во Македонија се вика Татјана Димитровска!

Денес родителите во Македонија го креваат својот глас ПРОТИВ киднапирањето и насилството врз децата.

Денес мораме да го кренеме својот глас ЗА среќно детство и право на мајчинска љубов на секое дете!

Бидете пред хотел Бристол во 17 часот и кажете НЕ на загрозување на правата и животот на децата!


Ајде мамички, која може нека отиде [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




babyhope -> RE: Поддршка за Александра Бошњаковска да се врати кај мајката (13.8.2013 12:57:57)

Многу ми е жал за вчерашниот мал одзив на Протестот, ама навистина [sm=smiley19.gif] Татјана изгледаше како безнадежна лавица која заедно со сестра си молеше некој да каже како да си го врати детето назад. Секоја чест на сите луѓе кои дојдоа, и иако не сум го почувствувала мајчинскиот порив не му го посакувам никому она што го видов во нејзините очи. Секогаш ќе ја има мојата поддршка. Издржете Татјана и Александра [sm=smiley31.gif] еднаш на ова мора да му дојде крајот [sm=zmeden.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и! (5.9.2013 9:47:52)

6 годишната Александра Бошњаковска, од синоќа е повторно со нејзината мајка Татјана. Полицијата успеала да го пронајде девојчето во околината на Маврово и да го врати кај законскиот старател, објавува Сител.

Според информациите на телевизијата, во моментот на претресот, Александра била со нејзината баба Снежана.

„Пресреќна сум, Александра е конечно со мене, ми се оствари сонот“, вели Татјана Бошњаковска за Сител.

Вчера полицијата го приведе Александар Бошњаковски, дедо на малата Александра, а судот му одреди 30 дневен притвор, за незаконско одземање на дете и за запуштање на дете. Во отсуство му е одреден притвор и на таткото на Александра, Стефан, а кривична пријава е поднесена и против чичкото Мартин и бабата Снежана.

Пред две години, семејството Бошњаковски насилно ја одземало Александра, и оттогаш мајката немала никаков контакт со неа, иако со судска извршна пресуда е одлучено старателството да и припадне на Татјана Бошњаковска.

Извор: КУРИР




Bethany -> RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и! (5.9.2013 9:51:10)

КОНЕЧНО! Прекрасна вест отсабајле [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Нека си се гушкаат и никогаш никој да не се попречи помеѓу нив повеќе! [sm=9nebesa.gif]




sandriana RR -> RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и! (5.9.2013 9:53:58)

Сепак, имало правдина, колку и да е тешко извадена на виделина....сирота мајка, само таа знае како и е на душата сега. Од срце верувам дека проблемите им завршија засекогаш. Заслужуваат да уживаат во својата среќа конечно.




elenak -> RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и! (5.9.2013 10:02:17)

БРАВО! Прекрасна вест! Се радувам за нив, но истовремено и се плашам. Со таква фамилија којзнае дали ќе имаат мир, лудаци сите до еден[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и! (5.9.2013 11:11:10)

Одлична вест. Конечно се заедно, како што требаше. Силно да се гушнат и никогаш да не се разделат. Им ја посакувам сета среќа на овој свет. А, на оние другите, нека ги стигне правдата (во што чисто се сомневам)!




Annabel -> RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и! (5.9.2013 16:47:32)

Детето го нашле со убоди од болви, седело во штала со кози наместо да оди во училиште. Конечно заспале во заедничка прегратка со мајка и. Многу тажна приказна со среќен крај.

Се надевам дека брзо ќе заборави се, и ќе си има безгрижно детство, а монструмите ќе си го добијат заслуженото.




Палешка РР -> RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и! (5.9.2013 17:23:07)

Пред час и пол разговарав со мајката и еве што ми кажа:

ТУКА

Инаку сум згрозена од целиот случај, од тоа колку долго се одвиваше, од суровоста на луѓето, од негрижата за децата....Многу емотивно го доживеав бидејќи цело време бев во контакт со мајката [sm=smiley19.gif]
За среќа, се заврши.




Палешка РР -> RE: Александра Бошњаковска се врати кај мајка и! (5.9.2013 21:59:12)

Фотографија од Александра како се гушнува со сестра и ТУКА [sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>