Палешка РР -> RE: Минатата ноќ (28.4.2010 12:29:13)
|
...се понадевав дека Миа ќе заспие навреме, бидејќи цел ден не беше спиела асално. И заспа...кај 11,30 заспа цврсто. Јас се истуширав, си облеков пижами и правец в кревеет. Кога, еве ти ја по 10 минути, се разбуди. Еххх, па добро ајде си реков, ќе се загрижев ако заспиеше толку рано [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Кога почна да се смее, да пика раце в уста, да се исправа..да `ржи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], свежа - пуфка! На сите им посакавме добра ноќ и си продолживме со нашите лудории. Се најадовме, преслековме, сменивме лигушки 2-3 пати, пиевме чај, сок...и накај 2,15 се умори и оооооП заспа. Оххх, имало Господ реков..и си легнав. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Еве ти ја по 15 минути. Помислив, може да е гладна, штом знам. И дадов да цица, така убаво си се нацица и никако да завени, некако многу отпор ми дава во заспивањево [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Ај мајката си мислам...ова не ќе да е за спиење..`ржи не се држи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Така фино лепо си ја ставив во количка со мисла да ја прошетам низ соба...кога рече вриштааааам, се навреди дотука бидува. Стана Марио да види што е работава..кога се расположи Миа, па кога зеде да гуга, ма се стопи сета од среќа. Кутри Марио ја држи во три и пол и очи му паѓаат..Ајде..и тој си легна, а јас си ја држам пак. Се шетаме, шетаме, овој пат во темница..како не е беше интересно, пак почна да вришти..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Се разбуди татко и..си ја зеде в раце, оваа кога почна да му се смее така срамежливо, тој насмеан до уши. Заспа со првите петли..во 5 часот..а јас и мм си ја гледавме како убаво спие и не можевме да веруваме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] П.С. Извинете за долгиов пост, ама, ...па долга беше и ноќта.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|