Назад во градинка после подолга пауза.. (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


vezilka RR -> Назад во градинка после подолга пауза.. (12.8.2013 10:31:34)

Денес требаше да ни биде прв ден во градинка после месец иполовина. Прво не можев да го разбудам толку рано оти се привикна да спие до покасно. Па потоа плачеше и врескаше скоро еден саат. Не рече стриктно не сакам во градинка, ама изведуваше триста глиупости, па сакам млеко, па не сакам, пе не сакам во оваа чаша, па не сакам во таа, па сакам да мочкам, па не сакам, и така скоро еден саат. Не успеав да стигнам да го однесам оти 8:40, уште дома не најде. И го однесов кај мајка ми. Штом му реков ајде ќе одиме кај баба, тогаш сам ми вика, епа добро, тогаш утре ќе одиме во градинка да си играм со другарите, денес е празник, не работи градинката.

Си викам дали е можно сега пак да не сака да оди после толкава пауза. Пак ли ќе ни треба време за навикнување? Не знам како оди тоа, ајде мамички со искутвана темава пишете..




Mihaela 2010 -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (12.8.2013 10:40:16)

Mnogu normalno e takvoto odnesuvanje kaj decata,od pricina sto povekje vreme sme bile so niv,legnuvanje do pokasno,stanuvanje pokasno,tuka se mama i tato,setanje,odmori i slicno..
Pa i nie posle odmori koga trgame na rabota ne funkcionirame bar uste nekolku dena dur da se adaptiras a kamo li tie..
Nisto strasno,dur da se vrati vo kolosek,dokolku mu se tamo ucitelkite i povekjeto od drugarcinjata nema da imate nikakov problem




Snowhite RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (12.8.2013 13:38:31)

И ние ќе имаме ваков случај најверојатно, зашто еве веќе месец и пол не оди, а најверојатно нема да оди до септември и сега кога одвреме навреме ќе му спомнам за во градинка вика не сакам во градинка да одам. Ама мислам само многу зборување за градинката, за другарчината, за играњето таму и ќе сакаат да одат, се разбира првите неколку дена можеби ќе биде потешко, а после тоа мислам дека ќе се привикнат




vezilka RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (12.8.2013 14:45:18)

Ама мене тоа ме зачуди оти тој воопшто не зборуваше дека не сака, туку напротив, секој ден ги спомнува другарчињата од градинка. Кога ќе го прашавме дали сака да оди во градинка, викаше сака. И сабајлево, оп. Штознам, па си викам да не не беше наспан па затоа цмиздреше. Ајде утре ќе имаме втор обид, па ќе видиме.




Yummy Mammy -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (12.8.2013 15:06:30)

Znaci nas ova redovno ni se slucuva, posle sekoe sedenje doma podolgo od edna nedela. Uste vo sreda pocnuva da prasuva koj den e utre, zasto znae deka vo ponedelnik ke odi vo gradinka. I ne deka ne saka, nego se ligavi samo. Sabajle kuka, se treska od zemja, a koga ja zimame srekna, vesela, izigrana, raskazuva koj sto pravel denta...
Normalno im e da se umilkuvaat malku...




masa -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (12.8.2013 16:28:43)

Нормално е таквото однесување после подолга пауза.И ние ќе бидеме дома месец ипол и од септември пак во грдинка па уште сега се мислам како ќе не биде,знам дека ќе има плачки,а и повеќето дечиња што правеа пауза нема да сакаат да одат и ќе биде општ хаос,како на колење да ги носиме секое утро.Јас сепак уште од сега ќе почнам да ја подготвувам психички за тргнувањето во градинка.Лани исто не одеше во август и кога тргна во септември немаше плачки првите денови,а беше во нова училница и со нови воспитувачки,но кога ги гледаше другите дечиња,од кои половина беа нови, како плачат и таа почнуваше да плаче.Период на адаптација е,само трпение и ќе помине.




Felly RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (23.8.2013 19:23:09)

И ние ќе се спремаме за плачки од 1 септември. М е дома еве веќе 2 месеци, и знам дека малку ќе биде тешко враќањето анзад. Ама почнавме да се спремаме затоа уште од сега. Вчера купивме нов ранец за во градника, па денес тетратка, боички. Па таа се радува, па ептен ни е ќеф што сега ќе одиме во големата група (во средна де, ама кај поголемите дечиња[sm=smiley36.gif]) и така некако си велам да биде побезболен тој период.[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (26.8.2013 14:39:10)

Т беше 2 недели дома, на распуст, и денес ја однесов во градинка. Немаше проблем до моментот кога требаше да облечеме патичиња за во занимална....е, тука почна хистерија. Детево ми се закачи како со клешта за мене, и почна да припаѓа, да плаче, да губи воздух... дури и мене ме расплака, што до сега не се десило.... Едвај ја презеде воспитачката, за да излезам јас....и сега цел ден ја мислам...да видам како се адаптирала.




AnnaMolly RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (26.8.2013 15:34:38)

Филип скоро цел месец не беше во градинка. Последнава недела секое сабајле ми викаше Ајде мамо облечи ме и носи ме во градинка.
Еве сабајле отиде по еден месец пауза и и се јавив на учителката, ми рече дека бил пресреќен, се испогушкал со другарчињата и бил многу весел и расположен.
Многу се радувам дека немам проблеми со одење во градинка ама ич.




elenak -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (26.8.2013 15:40:06)

Браво Филип, умен дечко е тој. Ние уште не одиме во градинка ама знам дека нема да биде лесно[sm=smiley13.gif] Отсекогаш им се восхитувам на деца што сакаат во градинка, многу полесно е и за родителите а и за нив.




sandriana RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (27.8.2013 9:44:46)

Денес поминавме супер [sm=smiley1.gif]
Малку во кола ми се гребеше дур одевме накај градинка, ме галеше, ме грепкаше и ми се смешкаше со едно лигаво "мамоооооооооооо, мамооо маааа..", ама кога стигнавме не плачеше. Беше умна, си облече патичиња и си влезе со воспитачката за рака.




Felly RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (27.8.2013 10:02:59)

Ќе се среди сандриана, ќе види дека мора пак да се врати на старата рутина, и нема да се буни - ако претходно сакала градинка. Сите, така, се навикнуваат на седење дома, па после пак им доаѓа како промена повторното одење во градинка.




vezilka RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (2.9.2013 15:51:26)

Ете не назад во градинкапосле пауза од два месеци. Прво се расплака кога му кажав дека ќе одиме во градинка. Ми вика сакам кај баба, сакам кај тете и кај други таму некои ми редеше. Па ми вика, мамо денес е празник, не работи градинката ти се збуни. Абе сите финти ги проба. Па се смири, па кога стигнавме пред градинка, пак се расплака. И додека чекавме да видиме каде ни е училницата, оти имавме промена, се смири и ми вика, мамо јас нема да плачам, јас многу сакам да одам во градинка. Уф, јас ептен се плашев, оти и учителките ни се сменети, и не се комплет сите деца, па се чудев како ќе прифати. Кога го земала мајка ми и рекле добар бил. Хи, хи.. ќе видиме, утре, задутре..




Snowhite RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (7.9.2013 2:47:15)

Назад во градинка, па назад дома. Сите што немаа резултат од брис не' вратија, па така си направивме брис и имаме бактерија во носот и сега ќе си поседиме уште малку дома. А како сакаше да оди, со ќеф стана за во градинка и не сакаше да си замини од таму, ама тоа е, барем вака ќе знаеме дека се сите здрави, да се надеваме[sm=smiley1.gif]




srculko -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (7.9.2013 13:38:35)

Posle podolga pauza sin mi gradinkata ja rifati sega za sega odlicno,so ogled na toa deka pocna pred nekolku dena megutoa mene me zagrizuva drugo abe tri dena vo gradinka cetvrtiot ostana doma odma so rasteveno nose e neznam lani zatoa go otpisav ako bide vaka i godinava neznam so ke pravime pa sekoja nedela se razboluvase i sega ako pocne pak kaj ni e krajot




Felly RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (2.3.2014 12:45:23)

Загрижена мама, твоето прашање го префрлив во друга тема КЛИК ТУКА, бидејќи не се однесува само на проблем после пауза од градинката. Се надевам дека во таа тема ќе најдеш повеќе совети, и ќе го надименте овој проблем. Имај пријатна дружба на Рингераја, ДОбредојде!!!




vezilka RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (11.9.2014 12:03:44)

Лелеее годинава колку лесно поминавме за разлика од лани после летниот распуст. Сам бараше, без проблем стана и со ќеф си тргна, весел и во исчекување. Их, ми порасна детето.




Felly RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (11.9.2014 12:21:49)

И ние до сега, да не се подречеме, добро ни оди. Немавме никаков проблем иако дома беше повеќе од 2 месеци. Така и да продолжиме [sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (4.3.2015 20:21:27)

Последните постови се префрлени ОВДЕ




Defne90 RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (5.3.2015 21:49:32)

Ние од понеделник повторно тргнуваме на градинка после две ипол недели.Ама синко толку не сака да оди што си се чудам како ќе се справуваме.Си се навикна дома да си седи и сега не знам како ќе се привикнува пак.Знам дека ќе биде потешко првите неколку дена ама додека да поминат тие.Ништо ќе си чекаме понеделник па ќе видиме како ќе реагира.[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Назад во градинка после подолга пауза.. (1.12.2015 13:13:42)

После 4 месеци прв ден во градинка [sm=smiley1.gif] Од станување кога го потсетив каде ќе одиме кенкаше,плачеше,сто и еден збор за игра,играчки,неплачење.... се смири и вика ајде од гага.По пат се супер ,одам гага.Влегување нормално,го расоблекувам уште ок,доаѓа воспитувачка и јон несак да влезе во училница.Ајде со мене за рака на сила 2м ,оди мама, оди купи како,дојде мама гуш (да омам да лупам чоколадо и кога ќе го земам да го гушнал силно и дадам крем бананче) ова се ни е предходно договорено.

Цмиздри и влезе.Јас местам алишта кога ете ги носат во вц ,ме виде и право во раце.Ајде пак чао му викам и тој чао и се заврте. И така 1,5 саат предградинка. Не да издржал и се заиграл.Сама влегов после толку време,и воспитувачка ми вика а М си игра со камионче.Го викна си излезе ,малку гуш и толку.Јас прашувам што како тој се пентари на клупа,отвара шкафче.Топ и вика на учителка ,,ас дојдам пак,,/.
Сега спие ,се надевам ќе се дозаигра и со децата, се на се ок.Имав убава мисла дека покрај толку деца и играчки ќе биде ок.Се надевам ќе биде добро, потешко ќе биде само со разболување.




Страница: [1]