Зошто луѓето стануваат арогантни? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


vezilka RR -> Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 14:05:56)

Вчера и денес, за двајца арогантни типови, од двајца различни луѓе, на прашањето зошто се такви, добив иста дефиниција, како мали никој не ги играл, и во прв момент кога дошле на позиција стануваат такви.

Хе, хе што мислите вие, зошто луѓето стануваат арогантни. Сигурно не е вродена особина, епа како ја добиваме, на што се должи?




Bethany -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 14:35:26)

Не е вродена особина, ама човекот си има слободна волја, да избира што и каков ќе стане.
Мислам многу различни фактори играат улога, сепак пресудно е тоа нешто за што човекот ќе се одлучи да постане.
Има една изрека, ќе ја парафразирам, не знам точно како оди, отприлика вика: во секој еден од нас живеат двете особи, добра и лоша, која повеќе ја храниш, таа повеќе управува со тебе.
Арогантни личности во животот тежнеат повеќе и повеќе кон неблагородни особини, освен ако нешто во животот не им се случи, што ќе ги продрма и освести и потсети "од каде паднале", обично одат кон полошо.




vezilka RR -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 14:48:27)

А што е ароганцијата? Преголема доза на самодоверба или само одбранбен механизам?




Martins mom -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 16:12:34)

И едното и другото[sm=smiley1.gif] И уште многу дефиниции за ароганцијата. Има разни безобразни типови и подтипови на истата.
- Немаат муабет во нив, па затоа се со кренат нос и затворена уста
- Дрски, оти знаат нели се’
- Занесеност поради ситуираноста на мама и тато и никој ништо не им може
- Комплекс на виша вредност поради недоволна едукација

и ќе си ја продолжам класификацијата, детето ми вреска на уво и ме деконцентрира[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 16:42:23)

Мислам дека ароганција е всушност недостиг на самодовербата, онаа вистинската, да се прифатат такви какви што се.
Значи всушност произлегува од некој комплекс, од повреди кои му створиле тој комплекс.

Арогантни луѓе се кријат позади таа маска која им дава лажно чувство на сигурност, на авторитет, се чувствуваат дека имаат моќ. А всушност никој не ја почитува ароганцијата, дури ни самите тие. [sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 17:21:42)

И јас се повеќе си мислам дека е недостиг на самодоверба, па со ароганцијата сакаат тоа да го прикријат. И обично ако на ароганцијата одговориш со уште поголема ароганција, тогаш имаш тотален шифт, арогантниот се претвора во ептен пријателски настроен човек. Арогантниот ги поштува поарогантните од себе, а ги гази другите.




Палешка РР -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 17:47:04)

Ароганцијата е ѕид или бариера зад која се крие страв, несигурност, недостаток на самодоверба.
Незнам точно да ја дефинирам, но така ја сфаќам.

Мислам дека ако најдеме начин да му пријдеме на арогантен човек и ако го омекнеме, ќе запознаеме сосема друга личност, која може дури и пријател да ни стане. Ароганцијата е одбрамбен механизам.




Bethany -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 17:49:13)

Можеби ја "почитува" поголема функција која ја има тој другиот арогантниот (бидејќи јас колку што сретнав, арогантни луѓе всушност тежнеат кон повисоко котирани опшествени позиции), ама вистинска почит помеѓу луѓето, која донесува сигурност и доверба во односот, сигурно не доаѓа од ароганцијата. Арогантна особа обично нема да и довери некоја важна лична работа на друга арогантна особа, бидејќи нема доверба во неа. На тој начин мислев всушност ни самиот не ја почитува ароганцијата,(зборувам од оно што јас имам сретнато). Ароганција носи само натпревар во негативна смисла.
Ама секој има својот личен стандард и мерило што очекува и како се прикажува во односот со луѓето, така да вероватно тие арогантните би мислиле поинаку од мене. [sm=smiley1.gif] Уф ала исфилозофирав [sm=smiley36.gif]




deluxe -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (14.8.2013 18:15:26)

Arogancijata e eden vid maska zad koja se krie uplaseno vrapce[sm=jezicek.gif]
Ima luge koi stanale arogantni blagodarenie na drugi arogantni lige(bliski,pretpostaveni itn.)samo za da se zastitat od nivnoto odmesuvanje t.e se pretopile,sto za zal denes arogancijata se siri kako epidemija megu lugeto.Mozam da kazam deka eden period I kaj mene kako da premina taa zaraza,bev sekojdnevno na "udar" od edna arogantna locnost sto kaj mene bukvalno kako da se prenese toa odnesuvanje mozebi bese odbranben mehanizam.Kako I da e gi uvidov losite stani na arogancijata koga se svrtiv okolu mene I vidov deka go povredivam nedolznite luge(namesto taa sto mene me povreduvase) Se vrati togas coveckoto vo mene ,sto nekoj uspea da go trgne ,no ne I da go ubie .Toa e nakratko moeto iskustvo so arogancijata VO I NA moja koza[sm=smiley13.gif]




caciana -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (30.11.2014 19:16:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Мислам дека ароганција е всушност недостиг на самодовербата, онаа вистинската, да се прифатат такви какви што се.
Значи всушност произлегува од некој комплекс, од повреди кои му створиле тој комплекс.

Арогантни луѓе се кријат позади таа маска која им дава лажно чувство на сигурност, на авторитет, се чувствуваат дека имаат моќ. А всушност никој не ја почитува ароганцијата, дури ни самите тие. [sm=smiley1.gif]


Se soglasuvam so tebe.
Jas iskreno mrazam arogantni iskompleksirani lica [sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Зошто луѓето стануваат арогантни? (30.11.2014 19:18:39)

Или е вродена ароганцијата но досега успешно ја прикривале, или пак поради некоја промена во животот луѓето стануваат арогантни, сметам дека голем дел од нив не сакаат да се такви, ама ете нешто ги натерало.




Страница: [1]