Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Bethany -> Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 15:12:27)

Мислам дека насловот кажува се...

Сигурно во животот ни се има случено по некоја конфликта ситуација, со блиска или не толку блиска особа, ама со која сме имали некаква додирна точка, нешто што не поврзувало, па се поради Х причини разделивме.
И доаѓа денот кога сакали ние или не, налетуваме, во некоја неочекувана ситуација, токму на особата со која бевме во конфликтна, се уште неразрешена ситуација?

Како ВИЕ реагирате во таква ситуација?




Annet -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 15:14:19)

ja ignoriram,kako da ne postoi,posebno ako me navredila ili ponizila na koj bilo nacin...pomnozeno so nula:)




vezilka RR -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 15:23:32)

Понекогаш имам желба да се сретнам повторно со некои луѓе со кои сум била во конфликт. Сакам да видам после некое време што ќе ми речат, особено ако јас сум чиста а нивниот нос бил запрљавен [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. Немам што многу да кажам во такви ситуации, ама сакам да се одмериме окативно. Никогаш не вртам поглед.




sandriana RR -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 15:27:48)

Скокотлива тема [sm=smiley36.gif]
Јас пак воопшто не ги сакам овие средби - некако повторно ги преживувам сите доживувања со таа личност, и убави и лоши, и не знам како да се однесувам.
Зависи и која е личноста, колку сме биле блиски, за што бил конфликтот....иако ретко се наоѓам во вакви ситуации, оние што ми биле блиски, а сме се разишле, после подолго време кога би се сретнале, би паднал некој формален муабет. А ако се работи за некоја пролазна личност, познаник - тогаш сигурно би го игнорирала, исто како да не го гледам.




Bethany -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 15:37:33)

Еве јас да кажам моето размислување...

Генерално, сакам луѓето да ги гледам во очите и да ми кажат што е проблемот, секако ЗАВИСИ ОД СИТУАЦИЈАТА И ОД ОСОБАТА со која бев во конфликт, ама ако ми е чисто срцето, те. немам некакво чувство на гнев спрема особата, можам да и пријдам и да почнам муабет.

Имаше ситуации кога бев во конфликт со поблиска особа, пријателка, и првото чувство беше дека нема и не сакам повеќе ниту да се гледам со неа... Како времето одминуваше, мојот гнев стивнуваше, сметав дека што и да се случи понатаму со нас, дали ќе останеме во поблиски односи или не, дека треба да разговараме, бидејќи остана многу нешта неизговорено и неразрешено.

Секако чекав вистинскиот момент, кога бев сигурна дека мојот повик ќе биде со чисто срце, без некое чувство на гнев, за да може нормално да разговараме и и се јавив. Се сретнавме, мирно си изнакажавме се што ни лежи на срцето, сите недоразбирања, и понатаму можевме да ја продолжиме нашата врска.
Се разбира, не секогаш можеме да најдеме заеднички јазик со некого, некогаш конфликтите не можат да се решат, бидејќи за се нешто се потребни двајца, нели?

Ама секогаш избирам да решам оно што е до мене. Се разбира, дека ако сум се уште повредена и лута, со свежи рани што се вика, не верувам дека ќе се радувам да ја сретнам конфликтната личност, и ќе ја избегнувам сигурно, ама времето е лек за се, и тоа кај мене е така, избегнувам да гајим негативни чувства спрема било кого, така сама на себе не чиним услуга, а посебно кога не си трошам чувствата на некого со кого бев во конфликт, можам дури и полесно да се сретнам [sm=smiley36.gif]

Тоа не значи дека јас ќе имам повторно доверба во таа личност, туку само дека слободно тргнувам понатаму, растеретена од некои нешта да ме притиснуваат. [sm=smiley1.gif]






Martins mom -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 15:47:06)

Не ! Не сакам да се сретнам! Кога сум решила дека некој не сакам да го видам, тоа значи дека не сакам да го видам веќе! Е сега...ако тој некој сака да ме види, може ќе му дадам шанса да каже што има[sm=smiley1.gif] А инаку, многу е тешко да се влезе во конфликт со мене, обично сум толерантна до даска и секогаш ја сфаќам и другата страна. Е штом веќе избил конфликт значи - чкртам од список!




Bethany -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 15:52:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Понекогаш имам желба да се сретнам повторно со некои луѓе со кои сум била во конфликт. Сакам да видам после некое време што ќе ми речат, особено ако јас сум чиста а нивниот нос бил запрљавен [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. Немам што многу да кажам во такви ситуации, ама сакам да се одмериме окативно. Никогаш не вртам поглед.


Исто и јас [sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 15:57:41)

Ne deka sum svetica no vo mojot zivot ima malku luge so koi sum bila vo konflikt.Jas sum tip sto do posledno izbegnuva konflikti I gledam ako mozam bez kavga da se razdelam so lugeto(poradi vakvi situacii)da mozeme da. Se pogledneme v oci.Lutina ne drzam vo sebe ,mnogu prostuvam I poradi toa koga gi sretnam tie oslbi sum so smirena dusa I gi gledam vo oci.Dokolku dava situacijata ke zbornam ,ne cekam koj prv ke zborne,znaci ne si ja macam dusickata,turam pepel [sm=smiley1.gif]




Annet -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 16:35:52)

primer,drugarka od detsvo,doaga od Bosna znaete kako bese tamu 91/92 ,stanuva nadobra moja drugarka,i koga gi pominav site losi patesestvija vo zivotov moj,koga pocna napred da mi odi,se zaljubiv konecno,izlegov od edna golema dupka,koga zasekogas mi ostavi belezi vo dusata.odkoga zastanav cvrsto na noze,taka ubavo sakase da mi nasteti,da me nasamari,da ostanam sama,sakase ona sekogas da e prva,takva e i sega ambiciozna do besvest....
ja nasetiv koj i e b-planot,i zavrtev grb,ne i rekov ni zbor,si ja svitka opaskata..
pominaa 8 godini,se sretnuvame,na svadbi,na ulica,vo isto maalo porasnavme,zaedno pominavme se.......ne ja osekam nikako..ne osekam gnev,ni omraza,ednostavno,ne postoi za mene..kako nikogas da ne sum ja sretnala




Mihaela 2010 -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 20:04:16)

Bidejki pred dva meseci rabotev na edno mnogu popularno mesto,stranki i oolku bdanoci[sm=smiley1.gif],sakala nejkela mi proagaa milion luge vo denot,i sum se soocuvala i so onie koi sum sakala da gi vidam a bogami i so onie koi ocive ne mi sakaat da gi vidam do krajot na svojot zivot..ne sakas da gi vidis a moras da gi usluzis,i zgora na toa moram da bidam ljubezna i da im stojamna raspolaganje..pihh
kako pomlada rabotev vo edna parfimerija,imav dgovor na tri meseci a posle toa ni sleduvase vrabotuvanje...e mene posledniot den mi dadoa resenie za otkaz..tolku bev ljuta i besna a pred se razocarana zosto bas mene.....
posle nekolku godini mi doaga istata taa gazdarica koja me razocara maksimalno i toa bas kaj mene...veruvajte koga me vide se stapisa,neznaese kako da reagira,a mene bas mi bese milo sto sum si nasla mnogu podobra rabota od taa sto mi ja nudese taa ...i neznam sto mi stana ama za inat li bese ili neznam sto bese stanav i dostojno so grenata glava i zavrsiv rabota...tolku bese iznenadena i posramotena sto usta ne otvori,izgleda taka postapiv za da i dokazam deka greska napravi i nepravda sto me izbrka[sm=smiley36.gif]




kapina -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (14.8.2013 21:08:36)

Gi izbegnuvam ne sakamda gi sretnam takvite luge imam samo dve takvi prijatelki so koi imav konflikt I im kazav kade I da me sretnat da me kruzat ne sakam da gi vidam gledav da im pomognam kolku sto mozam nakrajtaizlegov losa




mommy_angels RR -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (20.8.2013 10:00:59)

ах ,јас изгледа би била злопамтило [sm=smiley36.gif],сакам многу и сакам од срце,ама со таква претпазливост,тоа е чудо.Не пуштам лесно луѓе во мојот живот,многу пати ми рекле дека во прв миг изгледам многу строго (читај намќоресто [sm=smiley36.gif] ) , па може да претпоставите кога тие блиските ќе ме разочараат [sm=zmeden.gif] .Од порано постојано влегував во конфликт,ама како подсозреав научив да ги бришам и кога повторно ќе ги сретнам не постојат за мене.Ако се некои роднини на кои често наидувам едноставно се правам како да не постојат,а оние од видот комшии или таканаречени пријатели воопшто не ги ни регистрирам.А да, ако ми згрешиле лично мене може па и да простам нешто,арно ама ако се работи за мои блиски (родители,маж,сестра или па недај боже дете) таму си стои еден подебел Х ,таков со црвено пенкалце напишан.




Defne90 RR -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (11.5.2014 1:26:06)

Јас сум таква личност на која лутината и трае многу кратко.И от таа ппричина секогаш им простувам и на оние што ми згрешиле многу и што тоа не го заслужуваат.Додуше ретко и запаѓам во конфликти и секогаш гледам да ги избегнам.До сега имам западнато во конфликт двапати.Мене треба човек ептен да ме изнервира и да ми направи толку многу лошо па да не го погледанам никогаш веќе.Со првата другарка со која што ги заостривме секирите се соочив пред 4 години.И навистина ептен убав муабет си направивме и си ги разрешивме сите нерасчистени работи од минатото.А претходно бевме скарани цели 3 години.Е сега верувале или не таа му е девојка на еден од подобрите пријатели на маж ми и ние сме ангажирани околу нивното кумство т.е ќе им бидеме кумови на свадба.Значи колку е мал светот.И ете сега сме си повторно добри и се почитуваме.А другата пријателка со која што западнав во конфликт можам да кажам дека дефинитивно ја избришав од мојот живот и дека повеќе не постои и нема да постои никогаш.И да се сретнам со неа така одблизу едноставно би ја игнорирала и би се правела дека не постои.Во никој случај не би и простила на личност што јадела и спиела кај мене,што редовно сум и ги пишувала домашните по англиски и на која секогаш и ги решавав писмените во училиште после ножот што едноставно и без ни малку каење ми го забоде в грб и што секогаш нејзиното пријатество било само обично лицемерие.




caciana -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (7.12.2014 0:00:58)

Jas sum golemo zlopamtilo,koga ke se sretnam so nekoi luge so koi sum imala konflikt,najcesto mi se pojavuva vo glava slikata kako sum bila navredena /povredena od niv.Zatoa vnimavam so kogo se karam,bidejki kaj mene nema nazad...Koga se sretnuvam so tie luge,ednostavno Ne gi poznavam,si prodolzuvam po patot,ako sme vo ista prostorija se odnesuvam kako so nepoznati I gotovo.Ne rascistuvam smetki od posle,sto bilo,bilo nema vrakanje....




mamicki -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (7.12.2014 0:29:49)

Ne sum kavgadzika, no koga nekoj mi stapne na zulj ednostavno- go brisam od spisok. Potoa mi e seedno dali i kolku kje go sretnuvam, seedno, vekje ne go percepiram, i toa ne samo da se pravam deka ne go percepiram, no realno- nishto ne mi znaci, kako predmet go dozivuvam.




scared RR -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (7.12.2014 1:18:07)

Не сакам да се сретнам, а ако се сретнам се правам не ги познавам, едноставно памтам кога некој ќе ме повреди и ќе ми згреши, и не сакам повеќе ништо со таа особа. [sm=zmeden.gif]




tincule -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (7.12.2014 9:24:54)

Јас многу попуштам и толерирам отворена сум за сите стално и за помош и совет и се, ама ако ептен ми се качиш на глава, па уште и да ме лажеш (тоа е нешто што ме вади од такт) те пукам (не буквално[sm=jezicek.gif]) и со мене си завршил, ако те сретнам утре негде надвор од култура ќе ти кажам здраво, и ќе те прашам како си не ти посакувам ништо лошо ама не си ми ни пожелен во животот за ништо повеќе од здраво. Толку.




niki -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (8.12.2014 10:21:47)

ne sakam da gi sretnam no toa ne znaci deka ne gi srekavam
vo zivotot so luge nadvor od semejstvoto sum vlegla vo konflikt do raskrstuvanje i ne gledanje povtorno 3 pati i potoa gi nemam videno ne zatoa sto gi izbegnuvam tuku zaradi zivotni okolnosti koi ne odvele na drugi strani
i ottogas pominale godini duri i da gi vidam sega toa ne bi znacelo nisto, nikakva reakcija ne bi mi predizvikale isto kako da ne bilo nisto, nema smisla cel zivot nekomu da zameras za nesto sto se slucilo vo minatoto
so rodnini koi ne mozam da gi izbegnam a sum vlegla vo konflikt se odnesuvam ignorantski, ne gi izbegnuvam lugeto tuku temite koi bi dovele do povtoren konflikt, nekogas ne mozat da se izbegnat ni temite bidejki kolku god jas da se trudam da gi izbegnuvam drugite ne se trudat pa ponekogas imaat porivi da rascistuvaat da se navrakaat na stari desavki izreceni zborovi upateni pogledi i sto li ne i tuka nema pomos ili ignoriras ili ke zagrizes pa ke se nategas i ti
sekako so takvite koi malku malku pa se navrakaat na starite konflikti nit sme nasle razresnica niti bilo koga ke najdeme edinstveno vo sto uspevaat e odnovo i odnovo da me razocaraat i sekoj pat da pagaat se podolu na skalata na vrednost sto si ja imam vo glavata za lugeto koi me opkruzuvaat
verojatno i tie isto ili slicno mene me gledaat no toa e toa ne sme kompatibilni i nema tuka sto da se pravi




kapina -> RE: Дали сакате да се сретнете со луѓето со кои сте биле во конфликт, и како реагирате? (8.12.2014 10:54:54)

Ne ne bi sakala da gi sretnam im imam kazano da me kruzat da ne se sretneme




Страница: [1]