mama_06 -> RE: Утрински програми (16.8.2013 13:50:51)
|
Јас гледам ,,Здраво Македонијо,, на Канал5. Со вклучување на гледачи започнува околу 8:00 па колку толку фаќам и по некој бисер.Често ја гледав додека бев на породилно. Некогаш има супер соговорници, ама има и такви таленти што би ги преслушувала и по неколку пати. А за демографската структура на дискутантите, преовладуваат пензионери, невработени и самохрани родители. Односно оние што се дома и немаат обврски или, за жал, работа. Водителите се ок, пристојни и добро си ја водат емисијата. Има една друга на МТВ1 , не знам како се вика утринската емисија, ама од една нечешлана водителка не ми се пушта таа ТВ. Ведрана ли се вика, појма немам.
|
|
|
|