mama_06 -> Новокомпонирана македонска фолк музика VS македонски бран на турбо-фолк (19.8.2013 11:15:27)
|
Долго име има темава, ако некој знае поконцизно да ја срочи нека го направи тоа. Ова некое време ми е тема на размислување, па сакав да поразговараме и за тоа. Доколку се споредат песните на Наум Петрески да речеме или некој од таа екипа со некои од денешниве, како ,,Мафијаш,, или ,,Раке пуке,, мојот коментар е : катаклизма на нашето општество. Македонија не успеа да го избегне малигниот тумор кој ја притискаше од север и исток, долго време грчевито се боревме ама не успеавме да издржиме, за жал. Овие многу едукативни текстови се пеат по свадби и веселби и најстрашно е што и децава ги пеат и ги знаат. Понекогаш си викам, џабе здрава исхрана и здраво тело, кога ни го трујат духот со овие работи. А не знам како да се одбраниме. Инаку, јас сакам мак.музика имаме многу квалитетен репертоар али брате ова новово е џган невиден.
|
|
|
|