Боцко -> RE: Мажот и бременоста (10.5.2009 22:01:54)
|
Ние имавме само една бременост. Кога дознав дека ЖМ (фала мами за кратенката) е бремена, ми се помешаа чувствата на среќа, страв и неивесност. А потоа радост, голема радост. Се изгушкавме и избацувавме. Од тој ден, ништо повеќе не беше како порано. Се разбира, во позитивен смисол. Се трудев колку што можам да помогнам во секој дел од животот. ЖМ немаше некои големи промени во расположението, ниту којзнае каква мачнина. Се разбиравме добро. Не сум пропуштил ниту еден преглед, ехо, тест, скрининг. Доста читав што да очекувам. Сексот се менуваше со текот на бременоста, зависно од месецот. Не толку во честота колку во позите се разбира заради прилагодување. Поради здравата исхрана, таа не доби многу на тежина, значи она "јадење за двајца" го немаше. Физичка активност, вежбање имаше. Заедно вежбавме јога скоро до последен ден пред породување. Но, последниот триместар се наметнаа некои моменти кои беа стресни. Имено, принудени бевме да го решаваме стамбеното прашање и бевме соочени со барање стан и селење. Секој ден на ЦТГ одевме заедно и тогаш дојде породувањето. Ден пред тоа добив висока температура, веројатно од стрес. Отидов на лекар и ми даде антибиотици. Се доведе во прашање моето присуствување. ЖМ беше видно разочарана затоа што бевме договорени но таа сакаше да ме оправда. Најдов сили зашто знаев дека духовно е ослабена. Внатре веќе немаше трага од мојата температура. Немаше време за тоа. Се надевам доста помогнав, зашто лошата епидурална воопшто не ги намали болките и пред крајот беше соочена со губење на силите. Но, со помошта на лекарот и акушерката успеавме!
|
|
|
|