|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кокосово масло
1.9.2013 14:59:40   
Bethany
Слушам дека кокосовото масло се повеќе се користи во редовна употреба, како козметичко, медицинско средство, или во исхраната.

Со години ова масло имаше лоша репутација поради високиот процент на заситени масти.
Денес се знае дека кокосовото масло се разликува од повеќето познати масла, и дека всушност е многу корисно за здравјето.
Во денешното време се опишува како најздравото масло на земјата.

Дали вие го користите кокосовото масло и како и во што најчесто го применувате?
Може да споделуваме неговите благодети за се нешто.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 12.12.2014 9:35:55 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кокосовото масло
1.9.2013 15:02:38   
Bethany
Здравствени придобивки од ладно цедено кокосово масло:

-Придонесува за правилна функција на ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА. Истражувањата покажаа дека кокосовото масло содржи масни киселини кои го стимулираат метаболизмот и даваат повеќе енергија.

-Помага во лекување на КАНДИДА и други габични инфекции. Кокосовото масло содржи каприлинска киселина која има функција да ја уништува вишокот кандида во организмот.

-Го намалува ХОЛЕСТЕРОЛОТ. Маслото е богато со лауринска киселина која го штити срцето преку намалување на вкупниот холестерол и зголемување на добриот холестерол.

-Ја регулира ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА. Здравите масни киселини не циркулираат низ крвотокот како другите масти, туку се испраќаат директно во црниот дроб каде се претвораат во енергија. Така телото овие масти не ги складира туку веднаш ги користи за производство на енергија.

-Ја подобрува состојбата кај ДИЈАБЕТИЧАРИ. Кокосовото масло не предизвикува инсулински скокови во крвотокот. Наместо тоа, помага при регулацијата на шеќерот со подобрување на секрецијата на инсулинот.

-Го намалува ризикот од СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА. Неколку истражувања што биле направени врз луѓето што живеат на Пацификот, укажуваат на фактот дека нивната исхраната составена од 30-60% кокос, допринесува за речиси непостоечка стапка од кардиоваскуларни заболувања.

-Содржи лауринска киселина 50% (како во мајчиното млеко), дејствува антибактериско, антивирусно и антигабично. Го подобрува имунолошкиот систем.

-Ја подмладува и ја храни КОЖАТА. Кога се применува надворешно, обликува заштитен антибактериски слој и го забрзува заздравувањето на модринките и регенерирањето на повреденото ткиво.

-Го негува мозокот со подобрување на когнитивната функција, дава енергија и помага кај хроничен замор.


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Кокосовото масло
1.9.2013 15:06:37   
Bethany
Уште знам дека може да се користи и за коса: против првутот, како лабело за испукани усни, исто помага и при потењето.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Кокосовото масло
1.9.2013 15:28:18   
kapina
Jas go koristam oti mi e suva kosata

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Кокосовото масло
1.9.2013 15:59:47   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Jas go koristam oti mi e suva kosata

Kapina како го користиш, ја премачкуваш целата коса, или само врвовите? пред перење претпоставувам и колку долго го држиш на косата?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Кокосовото масло
30.10.2013 22:20:05   
Felly RR
Важен бјути сојузник: Кокосово масло

1. Лажица кокосово масло додадете во кашест сок. Тоа ќе ви ја обезбеди потребната дневна доза добри масни киселини заслужни за блескав и витален изглед на кожата.

2. Неколку капки од ова масло на вата или на врвот од прстите ќе ги симне сите траги од шминка од лицето.

3. Користете го за регенерација на сувите врвови, за нега на темето или за стилизирање на косата.

4. Помешајте го со една рака морска сол и користете го како пилинг.

5. Ако му додадете сода бикарбона, можете да го користите и како природна паста за заби која штити од настанување на кариес и ги избелува забите.

извор:убавина и здравје

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Кокосовото масло
31.10.2013 16:30:10   
Annet
kako im go davate na decinjata.vo posledno vreme se poveke citam za ova maslo.imalo na poveke firmi.sega neznam koe e najdobro.....

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Кокосовото масло
2.11.2013 11:23:38   
marchi
se vrativme pak vo svetot na bilkite i prirodnite masla.user posted image bogami ne ni trebaat farmaceftskite kujki so nivnite izmisleni hemiski preparatiuser posted image

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Кокосовото масло
2.11.2013 17:01:50   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

kako im go davate na decinjata.vo posledno vreme se poveke citam za ova maslo.imalo na poveke firmi.sega neznam koe e najdobro.....

Најдобро е ладно цедено да е, а може во во салата да и ставаш пример, или во некои јадења, веќе зготвени, оладени, да и ставаш по една лажица.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Кокосово масло
14.5.2014 23:09:38   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Наједноставно кажано, кокосовото масло е едно од најздравите масла кое може да се употребува во исхраната, најбезбедниот козметички производ на пазарот, и задолжителен дел од сечие шкафче со лекови.

Составено е од околу 50% лауринска киселина, а истата таа киселина се наоѓа и во мајчиното млеко, кое всушност претставува единствен друг познат добар извор на лауринска киселина. Ова е состојката која што му дава на кокосовото масло неверојатни антивирусни, антигабични и антибактериски својства, и е корисна како за внатрешна, така и за надворешна употреба.

Еве за што е корисно:

1. Изедете една лажица кога ви треба покачување на нивото на енергија.
2. Се користи како дел од рецепти за подготовка на пилинзи за тело.
3. Одржувајте ги даските за сечкање во кујната.
4. Употребувајте го како кондиционер за косата (нанесете на сува коса, оставете го колку што е можно повеќе и потоа измијте ја косата со шампон).
5. Употребувајте го како препарат за стилизирање на сувата коса. Земете малку, размачкајте го на дланките и стилизирајте ја косата на посакуваниот начин.
6. Користете го како хидратантна крема за усни. Ставете си во мало кутиче од гроздова маст и секогаш носете го со себе во чантата.
7. Кокосовата маст е добра и за животните. Додајте една лажица во храната за вашето куче или мачка.
8. Заменете го нездравиот зејтин со кокосово масло во готвењето и во подготвувањето печива.
9. Со кокосово масло можете да направите одличен и здрав топинг за сладолед.
10. Ставете мала количина под пазувите и користете го како природен дезодоранс.
11. Користете го како замена за крема за бричење.
12. Ставете кокосово масло во наполнета када и користете го како средство за одржување на влажноста на кожата (додадете и неколку капки масло од пеперминт).
13. За отстранување шминка.
14. За смирување сипаница, херпеси или други осипи и иритации на кожата.
15. За габични инфекции на нозете.
16. Консумирајте по една лажица со витамините за нивна подобра апсорпција.
17. За побрзо заздравување на исекотини и изгореници.
18. Јадете по 5 лажици на ден за да ја подобрите функцијата на тироидната жлезда.
19. Како додаток во смуди за подобар вкус и поголема хранливост (1 лажица).
20. Мачкајте го околу очите за да спречите појава на брчки и подочници.
21. Како масло за масирање.
22. Мачкајте го осипот на вашето бебе од употребата на пелени или на неговото главче за третирање на корките.
23. За спречување и за намалување на видливоста на стриите.
24. Мајките кои дојат можат да го нанесуваат на брадавиците за да се спречи пукање на кожата и иритација.
25. Исто така, мајките-доилки со консумирање на кокосовото масло можат да го зголемат протокот на млеко.
26. При убоди од пчела или други инсекти, за смирување и зараснување на раничката.
27. Жените можат да го користат долу за ослободување од габични инфекции, сува кожа и непријатно чувство.
28. Со една лажица како додаток на оброците се подобрува варењето.
29. За третирање на слузокожата во носот кај оние на кои често им крвави.
30. Помага во смирување и лечење хемороиди.
31. Каснете за да ја намалите или елиминирате мигрената.
32. Заедно со пеперминт, лимонов балзам, розмарин или масло од чајно дрво е одличен истерувач на инсектите.
33. Измешајте го со сода и употребете го како нетоксично средство за чистење на уредите во кујната.
34. Користете го за време на пост за да го помогнете детоксицирањето на телото.
35. Користете го за полирање метални површини, но секогаш прво тестирајте на мал дел.
36. Како навлажнувач на предмети и облека од кожа.
37. Одржувајте ги со кокосово масло металните тавчиња.
38. За да извадите заплеткана мастика од косата.
39. Против корозија.
40. Како лубрикант (но не е безбедно да се комбинира со латекс).
41. Земете една лажица кога имате киселини во стомакот.
42. Како природен препарат за заштита од сонцето (во комбинација со други состојки).
43. Во комбинација со лимонов сок може да се користи за полирање на мебелот (секогаш прво тестирајте на помали површини).
44. Измешајте со путер и ставете ги пуканките во смесата.
45. За зараснување на напукнати или груби пети.
46. Масирајте ги ноктите и кутикулите за да ги зацврстите.
47. Со неколку лажици на ден, секој ден, можете да го подобрите целокупниот имунолошки систем.
48. Протривајте ја внатрешноста на носот во случај на течење, алергии и отоци.
49. Како лубрикант за жиците на гитарата.
50. За масажа на изморени или отечени мускули (најдобро во комбинација со етерично масло).
51. За чистење на четкичката од маскарата.
52. За зацврстување на трепките.
53. За третирање акни и мозолчиња.
54. Користете го во тостови наместо путер (најдобро во комбинација со цимет).
55. Истражувањата покажуваат дека може да помогне при лечење деменција, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
56. За третирање вошки.
57. За спречување појава на стрии кај бремените жени.
58. Ставете во вашата шолја со кафе или чај.
59. Ставете на новите тетоважи за да го забрзате закрепнувањето на кожата.
60. Измешајте го со сода бикарбона и употребете го како пилинг за лицето.
61. Користете го за бојадисана коса во комбинација со жолчки од јајце и мед.
62. Нанесете на крпа и со неа исчистете ги валканите тушеви. Откако ќе поминете со кокосовото масло нанесете бел оцет и на крај поминете со сува крпа.
63. Измешајте го со лук и чувајте си го како специјална состојка при готвењето.
64. За плускавци и младежи.
65. Измешајте го со миксер за да си направите пенеста крема за хидратација на кожата, која можете да ја користите цела година.
66. Измешајте го со морско оревче и нанесете го на дамки (оставете го 10-15 минути и потоа измијте).
67. Користете го за ублажување опекотини, но само откако ќе се изладат, не веднаш кога ќе се изгорите. Во спротивно маслото ќе ја задржи топлината во кожата.
68. За намалување на егземи и псоријази.
69. Масирајте ја кожата на вашето куче како мерка против првут.
70. Додадете во исхраната на кучето (1 лажица) за да помогнете во лечење на артритисот или други проблеми со зглобовите и лигаментите, како и за проблеми со варењето и тежината.
71. Нетоксичен третман против болви.
72. За ублажување на оштетени делови од кожата на вашето куче.
73. Земете една лажичка пред јадење за да го контролирате апетитот.
74. Помага во лечење на кандидата.
75. Помага за лекување инфекции на бешиката и за ублажување на симптомите.
76. Помага за измазнување на брчките и стеснување на порите.
77. Помага при габични инфекции (внатрешни и надворешни).
78. За чистење на четките и рацете по боењето со мрсни бои.
79. Користете го при воспалено грло (ставете малку во устата, оставете да се растопи и полека проголтајте).
80. Доколку се депилирате во домашни услови, можете да го користите за да го отстраните вишокот восок од кожата.
81. Некои го препорачуваат за пациенти кои имаат проблем со недостаток на вниманието или хиперактивност.
82. Може да се користи за подготовка на домашни супи.
83. За чистење на внатрешноста на вашата кола (ставете на крпче и полирајте).
84. Капнете неколку капки при првите знаци на инфекција на уво.
85. Кај некои, кокосовото масло помогнало во омекнување на камчињата во бубрезите што им овозможило полесно да ги исфрлат.
86. Користете го во кујната за да ги премачкате ножиците пред да сечете храна којашто се лепи (на пример урми, локум, маршмелоу).
87. За подобар ефект при лечење хемороиди, искомбинирајте го со капка масло од лаванда.
88. За жените кои чекаат бебе, се препорачува премачкување на перинеумот почнувајќи од 7 или 8 месеци.
89. Измешајте со цимет и овес и користете го како пилинг за лице.
90. Со кокосово масло можете да ја чистите внатрешноста на ушите на вашето куче.
91. Има случаи на лечење јачмен на очниот капак со помош на кокосово масло.
92. Помага со вагиналната сувост при менопаузата (препорака од Д-р Оз).
93. За пребришување на листовите на вашите растенија со што тие добиваат сјај.
94. Со благ допир нанесете на афтите во устата за да ја ублажите болката и да го забрзате заздравувањето.
95. Отстранете ја со кокосово масло и мастиката залепена на вашиот чевел или на тепихот.
96. Кога се користи кај мачките, се забележува дека делува против создавање топчиња од влакната.
97. Хранете го кучето со кокосово масло за да го подобрите неговото дишење.
98. Може да се користи за ублажување на конјунктивитис.
99. На некои им помогнало во борбата со чирот, спротивставувајќи ѝ се на бактеријата Хеликобактер пилори.
100. Наместо соино масло за пржење.


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Дали користите кокосово масло? Јас денес одам по него. Имам намера да го употребам за повеќе намени, за лекување на кандидата, за спречување на појава на стрии и за распукана кожа. Хи хи сега за сега. А богами ко што читав, може и за друго.


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Везилка а каде можи да се набави??Во Зегин имам видено на флаер ама кокосов путер па баш си велев да земам да се мачкам во бременоста..но маслото си велам подобро е...ајде кажи од каде го набави па да земам откако исчитав гледам има широка применаuser posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Вчера купив од продавницата Мак Вик мислам се викаше, во Буњаковец, за здрава храна. А има и во зегин на фирмата Биокулт. Тоа е такво во тврда состојба, пред употреба се става со сад со топла вода да се растопи. Ептен е добро. Синоќа се намачкав, демек тргнав само мевот да го начкам, ама толку пријатно ми мирисаше и се намачкав села. Кожата станува ептен мека. Бидејќи вопоследно време почна ептен да ми се суши, со што и да се намачкав, до утредента кожата веќе ми беше сува. А денес гледам сега за сега сеуште не ми се исперутала. Инаку имам и кандида, и исто го употребив и за тоа, чешањето го снема на чудесен начин, со едно мачкање.


ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

epa i jas sum vo plan da si nabavam user posted image



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Кокосово масло
12.12.2014 9:34:13   
Felly RR
Немам користено до сега па затоа неколку прашања: user posted image
- Кое кокосово масло е најквалитетно, и од каде го набавувате?
- Како го користите во исхраната?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Кокосово масло
12.12.2014 10:46:29   
lolla RR
Felly, јас би ти го препорачала тоа на Биолкулт, 280 ден е 250 мл. Мислам досега само тоа го имам користено може има други подобри.

Има многу начини да го корисиш: наутро лапни една лажичка, во благи колачиња може да се стави за шмек, во какао една лажичка, во овошни салати, микс со мед и јатки, во смуди од овошја, врз печена тиква, во мусли... тоа ми текнува

А можеш и да се мачкаш со него, за кожа и коса е супер, ама ако ти одговара, треба да се проба.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Кокосово масло
12.12.2014 11:59:12   
bucko mal
Jas toa sto sto go vidov kokosovo maslo beshe tvrdo I pisuvashe deka e za gotvenje.Jas seuste nemozam redot da go fatam dali za isto maslo zborimeuser posted image
Ke kupam I ke go slikam,epten sum radoznala. Inaku kupiv kokosov krem,toj mi bese posiguren hihhih go stavam vo ovosha salata a drugarkami raboti vo restoran I mi vika za sosovi se koristel
Samo uste toa cudo da im go napravam doma,meso so sos od kokosov kremuser posted image user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Кокосово масло
12.12.2014 12:19:32   
lolla RR
буцко, маслото се стврднува како бела маст кога е ладничко, кај нас дома со парно секогаш е во течна состојба. Тоа е истото мислам, и за готвење и за мачкање и за све. Крем таков немам видено тука.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Кокосово масло
12.12.2014 15:37:29   
Bethany
user posted image

Овакво земав од Зегин, 200 мл - 300 денари.
На него конкретно пишува дека се користи во исхраната, а се наоѓа и во примената за нега на коса и кожа, и дава здрав сјај и волумен на косата :)
Треба да пробам и тоа. Јас конкретно го земав да се мачкам со него, стомакот и цела ќе се мачкам user posted image , и да го додавам во овошни каши, смути, колачиња итн.

Инаку, во тегличе е и во тврда состојба, доаѓа некако како свинска маст стврданата user posted image (ако знаете како тоа изгледа), ама веднаш при допир се топи, всушност тоа е кокосов путер, не е масло во течна состојба.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 0:03:18   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sanjaaaa!

Lolla pisi mi za kokosovoto maslo, kako go konsumirash, samostojno ili vo kombinacija so nesto. Koe kokosvo maslo go koristish I od kade go kupuvash. Pozzz




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 12:00:10   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Немам користено до сега па затоа неколку прашања: user posted image
- Кое кокосово масло е најквалитетно, и од каде го набавувате?
- Како го користите во исхраната?



Биокулт е добро. Само гледај на опаковката да пишува дека е 100% кокос, оти има некои кои се мешавина. ЈАс го користам секојдневно. Секое сабајле ставам во шејкот што си го правам за доручек со млеко и овоштија. Го користам за колачи наместо маргарин. Маргаринот го заменив со кокосово. Сега за сега го користам само за благи работи, оти така ми оди умот, хихи не сум пробала месо со кокосово. И го користам и за тело. Дури бев трудна го мачкав стомакот и ми беше многу подобар од другите масла за стрии оти многу побргу упива, и башка многу убаво мириса ти доаѓа сам себе да се изедеш user posted image . Го користам за испукана кожа, за исеченици и изгореници. И многу ми помогна за кандидата додека бев бремена исто така.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 13:43:20   
AneLav RR
Ај ставете сликче од маслото од кокос што го користите и од каде го купувате пишете. Ќе ме кандисате и јас да почнам да го користам.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 13:46:00   
Bethany
Везилка, а кажи ми како го користеше за кандида. Дали мислиш само преку исхраната или го ставаше и вагинално и како?

И јас се мачкам само со него. Навистина бргу се впива и кожата е мека. Природно, нема подобро. Јас цела се мачкам.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 14:17:04   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Везилка, а кажи ми како го користеше за кандида. Дали мислиш само преку исхраната или го ставаше и вагинално и како?

И јас се мачкам само со него. Навистина бргу се впива и кожата е мека. Природно, нема подобро. Јас цела се мачкам.



На влошка истурав и преку ноќ ја оставав. Јадежот го смирува со светлосна брзина.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 14:22:44   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Везилка, а кажи ми како го користеше за кандида. Дали мислиш само преку исхраната или го ставаше и вагинално и како?

И јас се мачкам само со него. Навистина бргу се впива и кожата е мека. Природно, нема подобро. Јас цела се мачкам.



На влошка истурав и преку ноќ ја оставав. Јадежот го смирува со светлосна брзина.

Јас немам симптоми, како свраб пример, ама брисот покажа кандида.
Во секој случај може да пробам така, надворешно на влошка.
Си мислев да го збрцам внатре малку user posted image , ама па не ми се ризикува.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 15:30:39   
Hopeful RR
И јас сум голем фан на кокосово масло/путер, за се е добро! Го ставам во колачиња, смути, може да се готви со него, а во моментот го мачкам и на стомак, заедно со другите работи што ги мачкам. Исто така, добро е и за коса, за ранички и исекотини на кожа, дури и како маска за коса - да отседи неколку саати, па се бања. Штета што не е поевтино па ептен да го користам user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 15:49:45   
AneLav RR
Стајте сликче од маслото ве замолив, од путерот видов дека има, од маслото ме интересира и од кај го купувате.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 15:56:30   
lolla RR
Маслото и путерот се едно исто, маслото станува путер кога се олади под 25 степени

Ја го имам ова

user posted image

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 19.12.2014 16:25:58 >

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Кокосово масло
19.12.2014 16:26:40   
AneLav RR
Благодарам Лола ти ко средив и сликчето.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?