Felly RR -> RE: Кокосово масло (14.5.2014 23:09:38)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Наједноставно кажано, кокосовото масло е едно од најздравите масла кое може да се употребува во исхраната, најбезбедниот козметички производ на пазарот, и задолжителен дел од сечие шкафче со лекови. Составено е од околу 50% лауринска киселина, а истата таа киселина се наоѓа и во мајчиното млеко, кое всушност претставува единствен друг познат добар извор на лауринска киселина. Ова е состојката која што му дава на кокосовото масло неверојатни антивирусни, антигабични и антибактериски својства, и е корисна како за внатрешна, така и за надворешна употреба. Еве за што е корисно: 1. Изедете една лажица кога ви треба покачување на нивото на енергија. 2. Се користи како дел од рецепти за подготовка на пилинзи за тело. 3. Одржувајте ги даските за сечкање во кујната. 4. Употребувајте го како кондиционер за косата (нанесете на сува коса, оставете го колку што е можно повеќе и потоа измијте ја косата со шампон). 5. Употребувајте го како препарат за стилизирање на сувата коса. Земете малку, размачкајте го на дланките и стилизирајте ја косата на посакуваниот начин. 6. Користете го како хидратантна крема за усни. Ставете си во мало кутиче од гроздова маст и секогаш носете го со себе во чантата. 7. Кокосовата маст е добра и за животните. Додајте една лажица во храната за вашето куче или мачка. 8. Заменете го нездравиот зејтин со кокосово масло во готвењето и во подготвувањето печива. 9. Со кокосово масло можете да направите одличен и здрав топинг за сладолед. 10. Ставете мала количина под пазувите и користете го како природен дезодоранс. 11. Користете го како замена за крема за бричење. 12. Ставете кокосово масло во наполнета када и користете го како средство за одржување на влажноста на кожата (додадете и неколку капки масло од пеперминт). 13. За отстранување шминка. 14. За смирување сипаница, херпеси или други осипи и иритации на кожата. 15. За габични инфекции на нозете. 16. Консумирајте по една лажица со витамините за нивна подобра апсорпција. 17. За побрзо заздравување на исекотини и изгореници. 18. Јадете по 5 лажици на ден за да ја подобрите функцијата на тироидната жлезда. 19. Како додаток во смуди за подобар вкус и поголема хранливост (1 лажица). 20. Мачкајте го околу очите за да спречите појава на брчки и подочници. 21. Како масло за масирање. 22. Мачкајте го осипот на вашето бебе од употребата на пелени или на неговото главче за третирање на корките. 23. За спречување и за намалување на видливоста на стриите. 24. Мајките кои дојат можат да го нанесуваат на брадавиците за да се спречи пукање на кожата и иритација. 25. Исто така, мајките-доилки со консумирање на кокосовото масло можат да го зголемат протокот на млеко. 26. При убоди од пчела или други инсекти, за смирување и зараснување на раничката. 27. Жените можат да го користат долу за ослободување од габични инфекции, сува кожа и непријатно чувство. 28. Со една лажица како додаток на оброците се подобрува варењето. 29. За третирање на слузокожата во носот кај оние на кои често им крвави. 30. Помага во смирување и лечење хемороиди. 31. Каснете за да ја намалите или елиминирате мигрената. 32. Заедно со пеперминт, лимонов балзам, розмарин или масло од чајно дрво е одличен истерувач на инсектите. 33. Измешајте го со сода и употребете го како нетоксично средство за чистење на уредите во кујната. 34. Користете го за време на пост за да го помогнете детоксицирањето на телото. 35. Користете го за полирање метални површини, но секогаш прво тестирајте на мал дел. 36. Како навлажнувач на предмети и облека од кожа. 37. Одржувајте ги со кокосово масло металните тавчиња. 38. За да извадите заплеткана мастика од косата. 39. Против корозија. 40. Како лубрикант (но не е безбедно да се комбинира со латекс). 41. Земете една лажица кога имате киселини во стомакот. 42. Како природен препарат за заштита од сонцето (во комбинација со други состојки). 43. Во комбинација со лимонов сок може да се користи за полирање на мебелот (секогаш прво тестирајте на помали површини). 44. Измешајте со путер и ставете ги пуканките во смесата. 45. За зараснување на напукнати или груби пети. 46. Масирајте ги ноктите и кутикулите за да ги зацврстите. 47. Со неколку лажици на ден, секој ден, можете да го подобрите целокупниот имунолошки систем. 48. Протривајте ја внатрешноста на носот во случај на течење, алергии и отоци. 49. Како лубрикант за жиците на гитарата. 50. За масажа на изморени или отечени мускули (најдобро во комбинација со етерично масло). 51. За чистење на четкичката од маскарата. 52. За зацврстување на трепките. 53. За третирање акни и мозолчиња. 54. Користете го во тостови наместо путер (најдобро во комбинација со цимет). 55. Истражувањата покажуваат дека може да помогне при лечење деменција, Алцхајмерова и Паркинсонова болест. 56. За третирање вошки. 57. За спречување појава на стрии кај бремените жени. 58. Ставете во вашата шолја со кафе или чај. 59. Ставете на новите тетоважи за да го забрзате закрепнувањето на кожата. 60. Измешајте го со сода бикарбона и употребете го како пилинг за лицето. 61. Користете го за бојадисана коса во комбинација со жолчки од јајце и мед. 62. Нанесете на крпа и со неа исчистете ги валканите тушеви. Откако ќе поминете со кокосовото масло нанесете бел оцет и на крај поминете со сува крпа. 63. Измешајте го со лук и чувајте си го како специјална состојка при готвењето. 64. За плускавци и младежи. 65. Измешајте го со миксер за да си направите пенеста крема за хидратација на кожата, која можете да ја користите цела година. 66. Измешајте го со морско оревче и нанесете го на дамки (оставете го 10-15 минути и потоа измијте). 67. Користете го за ублажување опекотини, но само откако ќе се изладат, не веднаш кога ќе се изгорите. Во спротивно маслото ќе ја задржи топлината во кожата. 68. За намалување на егземи и псоријази. 69. Масирајте ја кожата на вашето куче како мерка против првут. 70. Додадете во исхраната на кучето (1 лажица) за да помогнете во лечење на артритисот или други проблеми со зглобовите и лигаментите, како и за проблеми со варењето и тежината. 71. Нетоксичен третман против болви. 72. За ублажување на оштетени делови од кожата на вашето куче. 73. Земете една лажичка пред јадење за да го контролирате апетитот. 74. Помага во лечење на кандидата. 75. Помага за лекување инфекции на бешиката и за ублажување на симптомите. 76. Помага за измазнување на брчките и стеснување на порите. 77. Помага при габични инфекции (внатрешни и надворешни). 78. За чистење на четките и рацете по боењето со мрсни бои. 79. Користете го при воспалено грло (ставете малку во устата, оставете да се растопи и полека проголтајте). 80. Доколку се депилирате во домашни услови, можете да го користите за да го отстраните вишокот восок од кожата. 81. Некои го препорачуваат за пациенти кои имаат проблем со недостаток на вниманието или хиперактивност. 82. Може да се користи за подготовка на домашни супи. 83. За чистење на внатрешноста на вашата кола (ставете на крпче и полирајте). 84. Капнете неколку капки при првите знаци на инфекција на уво. 85. Кај некои, кокосовото масло помогнало во омекнување на камчињата во бубрезите што им овозможило полесно да ги исфрлат. 86. Користете го во кујната за да ги премачкате ножиците пред да сечете храна којашто се лепи (на пример урми, локум, маршмелоу). 87. За подобар ефект при лечење хемороиди, искомбинирајте го со капка масло од лаванда. 88. За жените кои чекаат бебе, се препорачува премачкување на перинеумот почнувајќи од 7 или 8 месеци. 89. Измешајте со цимет и овес и користете го како пилинг за лице. 90. Со кокосово масло можете да ја чистите внатрешноста на ушите на вашето куче. 91. Има случаи на лечење јачмен на очниот капак со помош на кокосово масло. 92. Помага со вагиналната сувост при менопаузата (препорака од Д-р Оз). 93. За пребришување на листовите на вашите растенија со што тие добиваат сјај. 94. Со благ допир нанесете на афтите во устата за да ја ублажите болката и да го забрзате заздравувањето. 95. Отстранете ја со кокосово масло и мастиката залепена на вашиот чевел или на тепихот. 96. Кога се користи кај мачките, се забележува дека делува против создавање топчиња од влакната. 97. Хранете го кучето со кокосово масло за да го подобрите неговото дишење. 98. Може да се користи за ублажување на конјунктивитис. 99. На некои им помогнало во борбата со чирот, спротивставувајќи ѝ се на бактеријата Хеликобактер пилори. 100. Наместо соино масло за пржење. ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Дали користите кокосово масло? Јас денес одам по него. Имам намера да го употребам за повеќе намени, за лекување на кандидата, за спречување на појава на стрии и за распукана кожа. Хи хи сега за сега. А богами ко што читав, може и за друго. ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86 Везилка а каде можи да се набави??Во Зегин имам видено на флаер ама кокосов путер па баш си велев да земам да се мачкам во бременоста..но маслото си велам подобро е...ајде кажи од каде го набави па да земам откако исчитав гледам има широка примена[sm=smiley36.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Вчера купив од продавницата Мак Вик мислам се викаше, во Буњаковец, за здрава храна. А има и во зегин на фирмата Биокулт. Тоа е такво во тврда состојба, пред употреба се става со сад со топла вода да се растопи. Ептен е добро. Синоќа се намачкав, демек тргнав само мевот да го начкам, ама толку пријатно ми мирисаше и се намачкав села. Кожата станува ептен мека. Бидејќи вопоследно време почна ептен да ми се суши, со што и да се намачкав, до утредента кожата веќе ми беше сува. А денес гледам сега за сега сеуште не ми се исперутала. Инаку имам и кандида, и исто го употребив и за тоа, чешањето го снема на чудесен начин, со едно мачкање. ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi epa i jas sum vo plan da si nabavam [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|