Bethany -> RE: РР Кафемат (22.5.2014 11:13:18)
|
Добар ден и од мене. Еве ме на тереаса, пијам кафенце, па и да се пожалам и јас. Моето па синче од вчера кога почна да се исфрлува од вчера по телото, еве го сега сиот исфрлан, целосно, на некои места како да е уриткарија, на други места како да е рубеола. Ни докторка сама не знаеше што е за сигурно. Докторката јавика петта болест [sm=zmeden.gif] Сега пие сируп за алергија па ќе видиме. Јас се додуша сомневам и на антибиотикот што е под терапија, денес последен ден, и јас како мала бев алергична на пеницилин. Ама не се чеша, тоа е битно. Јас го гледам него и мене секаде ме сврби, само се чешам. [sm=smiley36.gif] Ќе помине, ама времето е толку лошо, со се нешто се соочуваме. Генерално, не затера некој период, се нешто да мислиш, се за нешто да се грижиш, аман веќе... Ама добар е Бог! убав ден на сите, нека ни се стабилизира времето барем понатаму.
|
|
|
|